АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО

Регистрација на објекти и оператори со храна од неживотинско потекло

Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 49 од Законот за безбедност на храната, врши регистрирање на објекти и оператори со храна од животинско потекло.

Oператорите со храна од неживотинско потекло кои вршат производство на храна, угостителска дејност и дистрибуција, транспорт, складирање и малопродажба на храна и објекти за производство, обработка и дистрибуција на предмети и материјали што доаѓаат во контакт со храната од неживотинско потекло потребно е да бидат регистрирани од страна на Агенцијата.

Регистрирањето на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација на храна од неживотинско потекло се врши од страна на државните инспектори за храна во Подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Пријава на промена на активностите и/или просториите на регистрираните правни лица кои вршат увоз или повторен извоз на храна за животни

Доколку настанат одредени промени на условите за вршење на активностите, измена на активностите или просториите под кои операторот со храна за животни е регистриран, вклучувајќи и промена на називот на правното лице, но без промена на единствениот даночен и единствениот матичен број на правното лице, како и при промена на називот на адресата на седиштето на објектот или операторот, операторот со храна за животни е должен да ја извести Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од 15 дена од настанување на промената со поднесување на Пријава на промена на активностите, просториите или престанок на работа на регистрираните правни лица кои вршат увоз или повторен извоз на храна за животни.

Регистрација на правни лица кои вршат увоз на нуспроизводи од животинско потекло

Доколку вршите увоз на нуспроизводи од животинско потекло, вклучително и храната за домашни миленици која содржи нуспроизводи од животинско потекло, потребно е да се регистрирате како правно лице увозник на нуспроизводи од животинско потекло.

Пријава на престанок на работа на регистриран објект и оператор со храна за животни

Агенцијата за храна и ветеринарство ја одзема регистрацијата на регистриран објект и оператор со храна за животни во случај кога оператор со храна за животни и/или објектот престанува да ги спроведува неговите активности.

Пријава на престанок на работа на регистрираните правни лица кои вршат увоз или повторен извоз на храна за животни

Правното лице кое врши увоз на храна за животни се брише од Регистарот на увозници на храна за животни на барање на сопственикот, односно корисникот на објектот.

Регистрација на објекти за храна на животни и оператори со храна за животни

Агенцијата за храна и ветеринарство ги регистрира објектите и операторите со храна во кои се врши производство, преработка, складирање, транспорт и дистрибуција на храна за животни, со исклучок на активностите кои подлежат на одобрување.

За добивање Решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна, потребно е да се поднесе Барање за добивање решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни.

Регистрација на увозник на храна за животни

Согласно Законот за безбедност на храната за животни (“Службен весник на Република Македонија” број 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 33/15, 149/15 и 53/16), правното лице кое сака да врши увоз на храна за животни поднесува барање до Агенцијата за храна и ветеринарство за добивање на решение за запишување во регистарот на увозници на храна за животни.

Регистрација на малопродажни објекти за храна од животинско потекло

Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 50 од Законот за безбедност на храната, врши регистрирање на објекти и оператори со храна од животинско потекло.

Следните активности подлежат на регистрација на ниво на подрачна единица:

- Малопродажни објекти

- Регистриран магацин за претходно пакувани производи од животинско потекло

- Собиралиште за сурово млеко за сопствени потреби на млекара
Малопродажни објекти со храна од животинско потекло се објекти и оператори: месарница, месарница со дел за обработка на месо, специјализирана продавница за млеко и млечни производи, рибарница, специјализирана продавница за јајца, специјализирана продавница за мед.

Пријава за измена на активностите или просториите на објект или оператор со храна од неживотинско потекло

Оператор со храна е должен да ја извести подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство за секоја настаната измена во просторот, инфраструктурата, опремата и активностите во рок од 8 дена од настанување на промената со поднесување на Пријава за промена на активностите или просториите на објект и оператор со храна.

Пријава за престанок на работа на објект или оператор со храна од неживотинско потекло

Оператор со храна е должен да ја извести подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство за секоја настаната измена во просторот, инфраструктурата, опремата и активностите во рок од 8 дена од настанување на промената со поднесување на Пријава за престанок на работа на објект и оператор со храна. Дополнително, државните инспектори со храна може при вршење на вонреден инспекциски надзор да констатираат престанок на работа на објект и оператор со храна.

Регистрацијата на правни лица кои вршат увоз на храна од животинско потекло

Доколку сте правно кое сака да се занимава со увоз, и/или повторен извоз на производи од животинско потекло потребно е да се регистрирате за вршење на оваа дејност.

Пријава за промена на условите во поглед на регистрација на увозници на храна од животинско потекло

Се однесува на веќе регистрираните увозници на храна од животиснко потекло доколку имаат да пријават промена на условите во поглед на активностите, просториите или престанок на работа (пр.ново место на истовар, увоз на група на производи кои бараат друг температурен режим од оној за кој се регистрирани, промена во називот или адресата на правното лице но единствениот матичниот број на правното лице не е променет и др.);

Пријава за измена на активностите или просториите на објект или оператор со храна од животинско потекло

Оператор со храна е должен да ја извести подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство за секоја настаната измена во просторот, инфраструктурата, опремата и активностите во рок од 8 дена од настанување на промената со поднесување на Пријава за промена на активностите или просториите на објект и оператор со храна.

Пријава за престанок на работа на објект или оператор со храна од животинско потекло

Оператор со храна е должен да ја извести подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство за секоја настаната измена во просторот, инфраструктурата, опремата и активностите во рок од 8 дена од настанување на промената со поднесување на Пријава за престанок на работа на објект и оператор со храна. Дополнително, официјалните ветеринари може при вршење на вонреден инспекциски надзор да констатираат престанок на работа на објект и оператор со храна.

Пријава за промена на условите во поглед на активностите – бришење од регистарот на правни лица кои вршат увоз на храна од животинско потекло

Увозникот на храна од животинско потекло ја доставува ПРИЈАВАТА со цел бришење од регистарот на правни лица кои вршат увоз на храна од животинско потекл поради престанок на вршење на дејност за која е регистриран.

Увоз на семе за вештачко осеменување

Доколку сакате да добиете одобрение за увоз на семе за вештачко осеменување треба да имате претходно добиено одобрение за центар за складирање на семе за вештачко осеменување (поднесувате барање до Агнецијата за храна и ветеринарство).

Регистрирање на објекти и оператори со нуспроизводи од животинско потекло

Aко оператор кој користи Нуспроизводи од животинско потекло, треба да бидете одобрени или регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Која од постапките (регистрација или одобрување) е потребна зависи од Вашите активности со Нуспроизводи од животинско потекло.

Пријава за измени на активностите и/или просториите на регистрирани објекти и/или активности со нуспроизводи од животинско потекло

Доколку настанат одредени промени на условите за вршење на активностите, измена на активностите или просториите под кои операторот со нуспроизводи од животинско потекло е регистриран, вклучувајќи и промена на називот на правното лице, но без промена на единствениот даночен и единствениот матичен број на правното лице, како и при промена на називот на адресата на седиштето на објектот или операторот, операторот со нуспроизводи од животинско потекло е должен да ја извести Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од 15 дена од настанување на промената со поднесување на Пријава за измени на активностите и/или просториите на регистрирани објекти и/или активности со нуспроизводи од животинско потекло.

Пријава за затварање на постојниот објект на регистрирани објекти и/или активности со нуспроизводи од животинско потекло

Агенцијата за храна и ветеринарство ја одзема регистрацијата на регистриран објект и оператор со нуспроизводи од животинско потекло во случај кога оператор со нуспроизводи од животинско потекло.

Пријава за измени на активностите и/или просториите на регистрирани правни лица кои вршат увоз или повторен извоз на нуспроизводи од животинско потекло

Доколку има измена на условите во поглед на активностите, просториите или во случај на затварање на објектот, правното лице во рок од 15 дена треба да ја извести АХВ преку поднесување на Пријава за измена на активностите или просториите на регистрирани правни лица кои вршат увоз или повторен извоз на нуспроизводи од животинско потекло.

Пријава за затварање на постојниот објект на регистрирани правни лица кои вршат увоз или повторен извоз на нуспроизводи од животинско потекло

Правното лице кое врши увоз на нуспроизводи од животинско потекло се брише од Регистарот на увозници на нуспроизводи од животинско потекло на барање на сопственикот, односно корисникот на објектот.

Запирање на постапката

Кога постапката е поведена по барање на странката, странката може да се откаже од своето барање со поднесување на Барање за запирање на постапката до Агенцијата за храна и ветеринарство.

Барањето треба да биде заверено со печат и потпис на одговорното/овластеното лице. Во прилог на барањето треба да биде приложена и копија од првично поднесеното барање.

Одобрување на ветеринарна амбуланта

Ако сакате да основате ветеринарна амбуланта треба да знаете дека тие се основаат заради вршење на примарно ветеринарно јавно здравство ги опфаќа активностите на примена на добра хигиенска пракса, добра производна пракса и други процедури во објектите и во одгледувалиштата што обезбедува здравствената заштита и на животните и нивна благосостојба.

Одобрување на ветеринарна клиника

Треба да знаете дека ветеринарните клиники се основаат заради вршење на примарно ветеринарно јавно здравство ги опфаќа активностите на примена на добра хигиенска пракса, добра производна пракса и други процедури во објектите и во одгледувалиштата што обезбедува здравствената заштита и на животните и нивна благосостојба.

Одобрување на ветеринарна болница

Ако сакате да основате ветеринарна болница треба да знаете дека тие се основаат заради вршење на примарно ветеринарно јавно здравство ги опфаќа активностите на примена на добра хигиенска пракса и други процедури во објектите и во одгледувалиштата што обезбедува здравствената заштита и на животните и нивна благосостојба.

Одобрување на ветеринарна служба на одгледувалиште

Ако сте правни и физичко лице кои се занимава со одгледување на животни чии производи и суровини ги пласираат на пазарот за јавна потрошувачка, должни сте да обезбедите здравствена заштита на животните преку основање на ветеринарната служба на одгледувалиштето.

Одобрение за собирни центри

Доколку сакате да основате собирен центар треба да знаете дека под собирен центар се подразбираат одгледувалишта, збирни места и добиточни пазари, каде што животните кои потекнуваат од различни одгледувалишта се групираат заедно заради формирање на пратки на животни наменети за трговија.

Одобрение на објект за одгледување на живина за размножување и инкубаторска станица

Како правно лице може да одгледувате живина при што под живина се подразбира одгледување на кокошки, мисирки, бисерки, патки, гуски, препелници, гулаби, фазани, еребици и ноеви (ratitae) размножувани или чувани во затворен или ограден простор заради размножување.

Одобрување на објекти за производствои ставање во промет на на аквакултура

Доколку сакате да добиете одобрение за објект за производство и ставање во промет на аквакултура треба да знаете дека тука спаѓаат живи риби, ракови и водни мекотели кои потекнуваат од одгледувалишта, вклучувајќи ги и оние од природни водни базени кои се наменети за одгледување. Производи од аквакултура се производи добиени од аквакултура, било да се наменети за производство на јајца или икра, или наменети за исхрана на човекот.

Увоз/транзит на животни

Ако сакате да внесете животни и/или производи заради ставање во промет, кои потекнуваат од друга држава, во Република Македонија треба да знаете дека увозот на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло е дозволен само преку ветеринарни инспекциски места на граничните премини.

Одобрение за оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни

Доколку сакате да спроведувате некоја од следниве активности:

- производство и/или ставање во промет на адитиви за храна за животни,

- производство и/или ставање во промет на протеини добиени од микроорганизми од групата на бактерии, квасци, алги, нижи габи и копроизводи од производството на аминоациди со ферментација,

- производство и/или ставање во промет на премикси кои се подготвени од адитиви за храна за животни,

- производство за ставање во промет или производство за потребите на нивните одгледувалишта, крмни смеси со помош на адитиви или премикси кои содржат адитиви за храна за животни и

- производство, преработка или дистрибуција на одредени производи кои се користат во исхрана на животните,

Потребно е да добиете Решение за одобрение на оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација на храна за животни.

Одобрување на оператори со храна и објекти за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло

Операторите со храна кои сакаат да започнат со активност на производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло потребно е да бидат одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одобрувањето на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација на храна од животинско потекло се врши од страна на стручна комисија за одобрување на објекти и оператори со храна на Агенцијата.

Дополнително одобрување на одобрен оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло

Дополнително одобрување на веќе одобрени објекти и оператори со храна од животинско потекло се однесува на: нова активност која ќе се врши во објектот различна од веќе одобрените активности, промена на технолошката линија и воведување на нов производ, зголемување на капацитетот или инфраструктурни промени.

Издавање на одобрение или мислење за производот или материјалот што доаѓа во контакт со храната

Доколку сакате да добиете одобрение или мислење за усогласеноста со пропишаните барања за производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната треба да знаете дека тоа се однесува односно ќе се применува за материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храна вклучувајќи и активни и интелигентни материјали и производи што доаѓаат во контакт со храна, кои во нивната крајна состојба:

- се наменети да стапат во контакт со храна или

- веќе се во контакт со храна и биле наменети за таа цел или

- се очекува да стапат во контакт со храна или да ги пренесат своите состојки во храната под нормални или предвидливи услови на употреба.

Оваа услуга покрај со Законот за безбедност на храна и Правилникот за општи барања за безбедност на производи и материјали во контакт со храна е регулирана и со посебни правилници за различни видови на материјали кои мозет да се најдат на веб страната на Агенција за храна и ветеринарство.

Одобрување за ставање во промет на производот од групата на храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии

Операторот со храна може да произведува и да стави во промет храна и состојки на храната произведени со иновирани технологии кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност само по претходно издадено одобрение за производот од страна на Агенцијата врз основа на поднесено барање.

Одобрување за полнење и ставање во промет на минерална вода, изворска и пакувана вода

Операторот со храна може да полни и да стави во промет природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода која ги исполнува посебните барања за безбедност само по претходно издадено одобрение за производот од страна на Агенцијата врз основа на поднесено барање.

Добивање на решение за вршење на дејност промет на големо со ветеринарно-медицински препарати - ветеринарна веледрогерија

Правното лице кое врши промет на големо или промет на мало со ВМП треба до АХВ да поднесе Барање за добивање одобрение за вршење на дејност/употреба на објект за промет на големо (ветеринарна веледрогерија) и промет на мало со ветеринарно-медицински препарати (ветеринарна аптека) со придружна документација предвидена согласно - Закон за ветеринарно - медицински препарати.

Законот и подзаконските акти се достапни на веб страната на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Добивање на решение за вршење на дејност промет на мало со ветеринарно-медицински препарати - ветеринарна аптека

Правното лице кое врши промет на големо или промет на мало со ВМП треба до АХВ да поднесе Барање за добивање одобрение за вршење на дејност/употреба на објект за промет на големо (ветеринарна веледрогерија) и промет на мало со ветеринарно-медицински препарати (ветеринарна аптека) со придружна документација предвидена согласно - Закон за ветеринарно - медицински препарати.

Издавање на сертификат за извоз на живи животни

Врз основа на Упатството за издавање на сертификат за извоз на живи животни во Европска Унија и трети земји, се поднесува Барање за издавање на сертификат до официјалниот ветеринар на локално ниво согласно Законот за ветеринарно здравство, Законот за идентификација и регистрација и Законот за заштита и благосостојба на животните.

Издавање на податоци од електронската база на податоци за идентификација и регистрација на животните

Издавање на податоци од електронската база на податоци за бројната состојба на животните на одгледувачите на фармски и други животни и други заинтересирани страни.

Овластување на одгледувачи за системот за идентификација и регистрација на животните

Овластување на одгледувачи на говеда, овци, кози и свињи, самостојно да вршат апликација на средства за идентификација на животни и внесување на податоците во електронската база на податоци исклучиво на животните од своето одгледувалиште.

Одобрување на објекти и оператори со нус производи од животинско потекло

Предмет на оваа процедура е начинот на постапување на стручната комисија формирана од страна на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство по поднесено барање од страна на правното лице за издавање на одобрение на објект и оператор за производство, обработка и манипулација со нуспроизводи од животинско потекло.

Одобрување на центар за репродукција и вештачко осеменување

Доколку сакате да добиете одобрение за центар за репродукција и вештачко осеменување треба да имате решение за одобрување од Агенција за храна и ветеринарство.

Одобрување за оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло од мал обем со локализирана активност

Операторите со храна од мал обем со локализирана активност кои сакаат да започнат со активност на производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло потребно е да бидат одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одобрувањето на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација на храна од животинско потекло се врши од страна на стручна комисија за одобрување на објекти и оператори со храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Пријава за измена на активностите, просториите или престанок на работа на објект и оператор за примарно производство и преработка на примарни производи од животинско потекло

Оваа услуга се однесува на Регистрираните објекти и оператори со храна за примарно производство и преработка на примарни производи од животинско потекло (од сопствено одгледувалиште) кога сакаат да регистрираат промена на активностите, просториите или престанок на работа на објект и оператор со храна.

Пријава за измена на активностите, просториите или престанок на работа на евидентиран оператор со храна за примарно производство

Оператор со храна - примарен производител е должен да ја извести подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство за секоја настаната измена во просторот, инфраструктурата, опремата и активностите во рок од 8 дена од настанување на промената со поднесување на Пријава на промена на активностите, просториите или престанок на работа на објект и оператор со храна (Образец бр. 43 објавен на интернет страница на АХВ www.fva.gov.mk);

За секоја евидентирана промена на операторот со храна за примарно производство од животинско потекло му се издава Извод од регистарот на примарни производители.

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
Избери јазик»
Scroll to Top