МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

Решение за зголемување на бројот на електронските видеолотариски терминали во деловните простории во кои се приредуваат електронските игри

За зголемување на бројот на електронските видеолотариски терминали во деловните простории во кои се приредуваат електронските игри потребно е да се достави барање за одобрување до Министерството за финансии.

Решение за намалување на бројот на електронските видеолотариски терминали во деловните простории во кои се приредуваат електронските игри на среќа

Приредувачот на електронските игри на среќа поднесува барање за намалување на бројот на електронските видеолотариски терминали во деловните простории во кои се приредуваат електронските игри на среќа до Министерството за финансии.

Лиценца за приредување на игри на среќа во казино

Трговско друштво може да добие лиценца за приредување на игри на среќа во казино кое на денот на поднесувањето на барањето има уплатено
основна главнина која не може да биде помала од 2.500.000 евра во денарска противвредност.

Дозвола за приредување на наградна игра

Доколку како правно лице сакате да организирате наградна игра треба да поднесете барање за добивање на дозвола од Министерството за финансии.

Дозвола за приредување на интерактивни игри на среќа

За приредување на интерактивни игри на среќа потребно е да се побара дозвола од Министерството за финансии.

Решение за зголемување на бројот на апаратите за забавни игри

Приредувачот на забавни игри има право да го промени бројот на апаратите за забавни игри со поднесување на барање до Министерството за финансии.

Решение за овластување за утврдување на техничка исправност на автоматите за игри на среќа томатите за игри на среќа

Утврдувањето на техничката исправност на автоматите за игри на среќа го вршат правни лица овластени од министерот за финансии.

Лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница

За  отварање на обложувалница трговско друштво треба да добие лиценца од Министерството за финансии.

Лиценца за приредување на игри на среќа во автомат клуб

Игри на среќа во автомат клуб се игри кои се приредуваат на автомати, електронски рулети и други апарати со повеќенаменска улога и добивка („мултиплеер”) и на системот на автоматите кој подразбира поврзување на поголем број автомати поради формирање на единствен џек-пот со исти и истовремени можности на сите учесници во играта.

Дозвола за приредување на забавни игри-трговско друштво

Забавни игри се игрите на компјутери, симулатори, видеоавтомати, флипери и други слични апарати кои се ставаат во погон со помош на пари, жетони или на друг начин, како и пикадо, билијарди и други слични игри во кои се учествува со уплата, а во кои
учесникот не може да оствари добивка во пари, предмети или права, туку стекнува право на една или повеќе бесплатни игри од ист вид, како и други игри од забавен карактер во кои се подразбира дека учесникот во забавните игри кој губи ги сноси трошоците за играта или каде што уплатите (влоговите) и добивката се незначителни.

Решение за намалување на бројот на апаратите за забавни игри

Приредувачот на забавни игри има право да го промени бројот на апаратите за забавни игри со поднесување на барање до Министерството за финансии.

Дозвола за приредување на забавни игри-трговец поединец

Забавни игри се игрите на компјутери, симулатори, видеоавтомати, флипери и други слични апарати кои се ставаат во погон со помош на пари, жетони или на друг начин, како и пикадо, билијарди и други слични игри во кои се учествува со уплата, а во кои учесникот не може да оствари добивка во пари, предмети или права, туку стекнува право на една или повеќе бесплатни игри од ист вид, како и други игри од забавен карактер во кои се подразбира дека учесникот во забавните игри кој губи ги сноси трошоците за играта или каде што уплатите (влоговите) и добивката се незначителни.

Промена на деловната просторија за автомат клуб

Промената на деловната просторија на автомат клуб мора да се изврши со поднесување на барање до Минситерството за финансии.

Решение за зголемување на бројот на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа во автомат клуб

Приредувачот на игри на среќа во автомат клуб поднесува барање на пропишан образец за зголемување на бројот на деловните простории до Министерството за финансии.

Овластување за контролата и проверката на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема

Контролата и проверката на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема ги вршат независни акредитирани правни лица овластени од Министерството за финансии.

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
Избери јазик»
Scroll to Top