ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), од имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

(Правна поука: Барателот не е должен да ги наведе и образложи причините за барањето, но треба да наведе дека станува збор за барање за слободен пристап до информација од јавен карактер)

БАРАЊЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА

До Градоначалник, Совет на Општина Свети Николе

Барање за остварување на правото на еднократна помош

Еднократна парична помош за лица со попреченост – жени и мажи, како и на нивните семејства

Висината на паричната помош од 3.000 до 5.000 денари, во завинсост од материјалната состојба на потесното семејство на барателот, социјалната положба на потесното семејство на барателот, и бројот на членовите на смејството на барателот (семејството со кои барателот живее во заедничко домаќинство).
Паричната помош се доделува на физички лица жители на Општина Свети Николе со попреченост до 65 годишна возраст, кои имаат една или повеќе видови на попреченост.

Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)

Барање за остварување на правото на еднократна парична помош превземи word

Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош) Копија од трансакциона сметка на подносителот;

Наод и мислење за оцена на видот и степеност на попреченост и посебните потреби на лица со пречки во развој издадено од соодветна установа или потврда од Центарот за социјална работа дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост врз основа на конзилијарно мислење;

Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство;

Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ;

Потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА превземи word – ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;

Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;

ИЗЈАВА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ Согласно Законот за заштита на личните податоци – превземи word

Изјава дека податоците прикажани во приложената документација се идентични, точни и одговараат на реалната состојба; – превземи word Евидентен лист

Еднократна парична помош за семејства во кои не работи ниту еден член

Потребна документација:

Барање за остварување на правото на еднократна парична помош;

Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош);

Копија од трансакциона сметка на подносителот;

Еднократна парична помош за семејства во кои работи само еден член од семејството

Висината на паричната помош изнесува од 3.000 до 5.000 денари во завинсост од материјалната состојба на потесното семејство на барателот (семејството со кои барателот живее во заедничко домаќинство), социјалната положба на потесното семејство на барателот, и бројот на членовите на смејството на барателот. Паричната помош се доделува на еден член на семејството во кои работи само еден член од семејството – физички лице.

Потребна документација (со кликање се отвара самиот образец)

Барање за остварување на правото на еднократна парична помош – превземи word

Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош)

Копија од трансакциона сметка на подносителот;

Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство;


Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ;


Потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината) – доколку по службена должност потребно е да се потполни СОГЛАСНОСТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ДОКАЗИ И ПОДАТОЦИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДОНКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ И ПОМОШ ВО НАТУРА – превземи word –ИЛИ ВО КОПИЈА ОД БАРАТЕЛОТ;

Или потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;

Еднократна парична помош за семејства настрадани од елементарни непогоди

Еднократна парична помош ќе се доделува на поединец жител на Општина Свети Николе или семејство кое се нашло во положба на елементарна непогода (земјотрес, поплава, пожар и др.). Висината на паричната помош се доделува во зависност од причинетата штета и вкупните примања на семејството и е поделена во две категории:

Прва категорија – од 3.000 до 9.000 денари, врз основа на утврдената проценка на штета од страна на Општинска комисија;

Втора категорија – од 10.000 до 30.000 денари врз основа на утврдената проценка штета од страна на Општинска комисија;

Во исклучителни ситуации висината на паричната помош може да биде и повисока од утврдената, а најмногу до 30.000 денари и тоа кога на барателот кој се соочил со природни непогоди му е предизвикана штета од големи размери и тоа само за објекти наменети за домување.

Потребна документација:

- Барање за остварување на правото на еднократна парична помош;

- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош);

- Копија од трансакциона сметка на подносителот;

- Записник или наод и мислење за утврдената состојба од претрпена природна непогода издаден од надлежен орган – ТППЕ, МВР или др.;

- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство;

- Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ;

- Потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош); (лично или по службена должност од страна на Општината)

- Потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;

Еднократна парична помош за социјално загрозени лица

Висината на паричната помош изнесува од 3.000 денари. Паричната помош се доделува на физички лица без средства за егзистенција и физички лица корисници на минимална социјална помош и стари лица над 65 години корисници на семејна пензија; земјоделска пензија и инвалидска пензија.

Потребна документација:

- Барање за остварување на правото на еднократна парична помош;

- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош);

- Копија од трансакциона сметка на подносителот;

- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција;

- (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство;

- Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ;

- потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош);

- потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;

Еднократна парична помош за лекување

Висината на паричната помош е според следните категории:

1. Лекување со соодветни испитувања; – ехографски снимања, – преглед со скенер и – магнетна резонанца 4.000 денари;

2. Лекување со лекарства коишто не се наоѓаат на Позитивната лиса на лекови а се однесуваат на лекување на болни од карцином, ретки болести, болни од заразни болести со коишто се загрозува човековото здравје и живот (заразни болести, инфекции, епидемии, пандемии и сл.) 4.000 денари;

3. Лекување со оперативен зафат во државата 6.000 денари;

4. Лекување надвор од државата 6.000 денари;

5. Лекување со оперативен зафат надвор од државата до 9.000 денари;
Во исклучителни ситуации висината на паричната помош може да биде и повисока од утврдената, а најмногу до 30.000 денари и тоа кога барателот е во животно – загрозувачка состојба и му се потребни повеќе финансиски средства за да изврши оперативен зафат. Паричната помош се доделува на лица чии вкупни месечни примања во семејството не надминуваат износ од 30.000 денари.

Потребна документација:

- Барање за остварување на правото на еднократна парична помош

- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош)

- Копија од трансакциона сметка на подносителот;

- Медицинска документација и финансиска документација не постарa од 6 месеци од денот на доставување на барањето (медицинска: специјалистички упати, наоди од специјалист, извештај за историјат на болеста, отпусни листи, медицински потврди од соодветни здравствени установи за болничко лекување, потврда/извештај за закажана хируршка интервенција и слично; финансиска документација – фискални сметки, потврда или др.);

- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција

- (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство;

- Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ;

- потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош);

- потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;

Еднократна парична помош за смртен случај

Висината на паричната помош е 9.000 денари. Паричната помош се доделува на невработени лица, лица приматели на социјална помош, или на лица чии вкупни месечни примања во семејството не надминуваат износ кој е пропишан како минимална плата утврдена со Законот за минимална плата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 32/17, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19, 239/19 и 41/22).

Потребна документација:

- Барање за остварување на правото на еднократна парична помош;

- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош); - Копија од трансакциона сметка на подносителот;

- Извод од матичната книга на умрените за починатиот член – копија или оригинал;

- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција;

- (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство;

- Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ;

- потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош);

- потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;

Еднократна парична помош за новороденче

Висината на парична помош изнесува 6.000 денари за новородено дете и 15.000 денари за третородено дете и секое наредно новородено дете. Постапката за доделување на парична помош за новороденче се поведува со поднесување на писмено барање на 1 од родителите односно старателите.

Потребна документација:

- Барање за остварување на правото на еднократна парична помош

- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош) на двата родители или старателот

- Копија од Трансакциона сметка на барателот;

- Копија од Извод на венчаните за родителите

- Копија од Извод од матичната книга на родените за детето;

- Копија од Извод од матична книга на родените за останатите деца во семејството;

- Копија од решение за старател во случај на старателство;

- Изјава дека нема искористено средства од Буџетот на друга Општина за остварување на правото за Еднократна парична помош за новороденче;

- Доказ за уплата на 50 денари Административна такаса;

Еднократна парична помош за прваче

Право на еднократна помош за прваче има секое семејство кое го запишале своето дете – прваче во основно училиште на територија на Општина Свети Николе. Висината на парична помош за секое прваче изнесува 3.000 денари.

Постапката за доделување на парична помош за прваче се поведува со поднесување на писмено барање со приложена документација од страна на еден родител/старател на дете прваче жител на Општина Свети Николе во Канцеларијата за едношалтерско работење на Општина Свети Николе, како и во основните училишта при упис на ученикот. Потребна документација: - Барање за остварување на правото на еднократна парична помош;

- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош) на барателот;

- Копија од трансакциона сметка на подносителот;

- Копија од извод од матичната книга на родените за детето;

- Потврда за запишан ученик во прво одделение заверена од основното училиште – оригинал;

- Копија од решение за старател во случај на старателство;

Еднократна парична помош за средношколци редовни ученици запишани во прва учебна година во Средно училиште на Територијата на Општина Свети Николе

Право на еднократна помош за средношколец – редовен ученик жител на Општина Свети Николе има секое семејство кое го запишале своето дете како редовен ученик – во прва година на средно училиште на територија на Општина Свети Николе.

Висината на парична помош за секој ученик изнесува 6.000 денари. Постапката за доделување на парична помош за ученик се поведува со поднесување на писмено барање со приложена документација од страна на еден родител/старател на дете – редовен ученик жител на општина Свети Николе запишан во прва година во Канцеларијата за едношалтерско работење на Општина Свети Николе, како и во средното училиште при упис на ученикот.

Потребна документација:

- Барање за остварување на правото на еднократна парична помош;

- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош) на барателот;

- Копија од трансакциона сметка на подносителот;

- Копија од извод од матичната книга на родените за детето;

- Потврда за запишан редовен ученик во прва година на средно училиште на територија на Општина Свети Николе година заверена од средното училиште училиште – оригинал;

- Копија од решение за старател во случај на старателство;

Помош во натура на социјално и материјално загрозени лица за поправка и оспособување на дом

Помош во натура ќе се доделува на лице жител на Општина Свети Николе или семејство чишто дом се нашол во положба на оштетување пради елементарна непогода (земјотрес, поплава, пожар и др.) или поради дотраеност/застареност на домот во коишто живее.

Под дом се подразбира – куќата, односно станот во кој живее барателот.

Паричната помош се доделува само за оштетени објекти, овој вид на помош не се доделува за викендици, помошни објекти, гаражи, штали, шупи.

Финансиската помош за поправка и оспособување на дом се доделува на социјално загрозени граѓани во следните случаи:

– поради невреме или елементарна природна непогода (поплава, пожар,земјотрес и сл.) или доколку домот е уништен не по вина на барателот (сообраќајна несреќа, несреќен случај и др.) и е потребно негово санирање, а барателот нема материјални можности тоа сам да го направи; и

– поради дотраеност/застареност на објектот се случило пропаѓање на домот и постои потреба од поправка и оспособување на истиот, а граѓанинот нема материјални можности тоа сам да го направи.

Висината на финансиската вредност на помошта во натура за санирање на дотраен дом од пропаѓање поради дотраеност/застареност се одобрува во висина најмногу до 40.000 денари, според приложена спецификација од стручна комисија за оспособување на објектот.

Финансиската вредност на помошта за оспособување и обновување на уништен дом поради невреме или елементарна природна непогода (поплава, пожар, земјотрес и сл.) или доколку домот е уништен не по вина на барателот (сообраќајна несреќа, несреќен случај и др.) се одобрува во висина најмногу до 60.000 денари, според приложена спецификација од стручна комисија за оспособување на објектот.

Во исклучителни ситуации висината на помошта во натура може да биде и повисока, а најмногу до 100.000 денари и тоа кога на барателот кој се соочил со елементарна и природна непогода и му е предизвикана штета од големи размери и тоа само за објекти наменети за домување.

Потребна документација:

- Барање за остварување на правото на еднократна парична помош;

- Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта/пасош) на барателот;

- Записник или наод и мислење за утврдената состојба од претрпена природна непогода издаден од надлежен орган – ТППЕ, МВР или др. – само доколку оштетувањето се случило поради невреме или елементарна природна непогода (поплава, пожар,земјотрес и сл.) или станбениот простор е уништен не по вина на барателот;

- Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција;

- (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство;

- Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ;

- потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош);

- потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија;

- извештај со утврдена проценка на штетата од Општинска комисија – овој документ по службена должност го прибавува Општина Свети Николе;

- Имотен лист за парцелата на која е поставен објектот на кој како сопственик е запишан поднесителот на барањето, или негов член на семејството или предмет за легализација, а за бесправно изграден објект потврда дека истиот е во процес на легализација;

Помош во натура вид на социјални пакети за новородени деца од семејства кои се нашле во положба на социјална одноно материјалан загрозеност, жители на општина Сети Николе

Право на помош во натура во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства, жители на општина Сети Николе имаат родители или старател/и на Општина Свети Николе кои имаат поднесено барање за користење на Право на еднократна помош за новороденче а се нашле во положба на социјална односно материјална загрозеност.

Висината на финансиската вредност на помошта во натура во вид на социјални пакети за новородени деца од од семејства кои се нашле во положба на социјална одноно материјалан загрозеност се одобрува во висина најмногу до 3.000 денари. Постапката за доделување на помош во натура во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства се поведува со самото поднесување на писменото барање за користење на Право на еднократна помош за новороденче на еден од родителите односно старателите со приложена документација во Канцеларијата за едношалтерско работење на Општина Свети Николе. Социјалниот пакет за новороденче содржи производи наменети за новороденче и тоа: пелени, бебешки лосион, помада, бебешка пудра (колекции за третирање и нега на бебешката кожа), шише, цуцла и други бебешки производи за новороденче кој по свој избор ги бира Општина Свети Николе (да с енаведе кој дали Јавна Набавка или др.) на одобрената помош во вкупен износ до 3.000 денари.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА – Како потребна дополнителна документација за остварување на правото на помош за помош во натура во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства кон Барањето за користење на Право на еднократна помош за новороденче е: - Решение или потврда за материјаланата и социјаланта положба од надлежна институција;

- (Уверение за состојба на остварен доход – од УЈП, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година или периодот за која има податок за баретелот и членовите на неговото семејство;

- Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок како и за невработените членови на потесното семејство од АВРМ;

- Потврда од ЦСР (за корисници на социјална помош);

- Потврди за нето плата на секој член од семејството во последните три месеци (за вработени членови на семејството) како и потврда за пензија.

БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот патен сообраќај

Кон барањето за вршење на авто такси превоз на патници и стока во внатрешниот патен сообраќај се доставуваат следните документи:

1. Доказ за извршена уплата на административна такса (уплатница во износ од 3.000 денари на трезорска сметка 100000000063095,
уплатна сметка 84016303182,
приходна шифра и
програма 722315 00;

2. Доказ за регистрирана дејност со претежна дејност 60.22 издадена од Централниот регистар на РМ и Тековна состојба со претежна дејност Авто-Такси служба (не постара од 60 дена/копија)

3. Решение за регистрација на фискален систем на опрема издадено од УЈП и Сертификат за верификација на мерило од Министерство за економија-Биро за Метрологија(копија)

4. Уверение за платени даноци и придонеси издадено од УЈП;

5. Доказ дека барателот е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за одделни видови превози или да има договор за лизинг (фотокопија од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата)

6. Потврда за исполнетост на посебните техничкоексплоатациони услови на моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај издадена од станиците за технички преглед на моторните возила со точно утврдена класа на возилото или сертификат за исполнување на критериумите за безбедност на возилата (копија);

7. Копии од обрасците М1/М2, и список на вработени по обврзник од ФПИО не постар од 60 дена со сертификати за авто-такси возачи;

8. Копија од Сертификат за професионална компетентност за управителот на фирмата, односно на овластеното лице одговорно за превоз кое е во редовен работен однос кај превозникот;

9. Доказ(потврда) дека не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството и од областа за безбедноста со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице(издадено од Основен суд Свети Николе);

10. Доказ дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност –забрана за вршење на дејност или должност со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице(издадено од Центарлен Регистар);

11. Склучен договор со општина Св.Николе за користење на паркинг простор.

Постапка за издавање на Лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз во општина Свети Николе

Овластеното службено лице од Општина Свети Николе одговорно за водење постапка за издавање на лиценца и извод од лиценца, е должно во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето да ја разгледа доставената документација, и одлучи по истата.

Доколку е комплетирана документацијата согласно законските одредби и одлуката на Советот на општина Свети Николе, на барателот му се издава лиценца за превозникот и извод од лиценца за одредено возило кое ги исполнува бараните критериуми .

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци:

Доколку доставената документација не е комплетна, службеното лице во Општина Свети Николе е должно писмено да го извести барателот со укажување истиот да го дополни барањето, во определен рок одреден во укажувањето.

Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Заклучок како барањето да не е ни поднесено.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на лиценца,Градоначалникот на општина Свети Николе ќе донесе Решение за одбивање за добивање лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Свети Николе.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, и со комплетирана документација во рок од 15 дена да издаде лиценца и извод од лиценцата.

БАРАЊЕ ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

ИЗЈАВА:
Со оваа изјава, поднесувам барање за дозвола/ревидирана дозвола, за усогласеност со одредбите од Законот за животна средина (Службен весник бр. 53/05) и прописи донесени за таа цел.

Потврдувам дека информациите наведени во оваа апликација се точни и целосни.

Немам забелешки за одредбите на Министерството за животна средина и просторно планирање или на локалните власти за копирање на барањето или на негови делови за потребите на друго лице.

Одобрение за поставување на урбана опрема

ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНА ПОВРШИНА И ОДОБРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ

Потребна документација:

За издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Свети Николе www.svetinikole.gov.mk.

Кон барањето се доставува следната документација:

1. Решение од соодветниот регистар каде што е регистриран субјектот (не постаро од 6 месеци);

2 За правно лице – доказ за исполнети минимално технички услови за вршење на дејност (Решение или друг доказ дека барателот поднел пријава за исполнување на минималнотехнички услови за вршење на дејност);

3. За физичко лице – доказ дека е заведено во постоечката евиденција на невработени лица која ја води Агенцијата за вработување на РМ и притоа прецизно да наведе каква дејност планиран да врши на наведената локација;

4. Барање за издавање на Потврда од Општина Свети Николе дека барателот нема неподмирени обврски по основ на неплатен надоместок за поставување на урбана опрема од претходно издадено Одобрение (образецот на барање се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Свети Николе www.svetinikole.gov.mk);

5. Елаборат печатен во А4 формат во 3 примероци, заверена од фирма и архитект со технички број и дата,

- Детален цртеж со опис на постојната состојба на површината на која се бара да се врши дејност со околниот простор во размер од кој може јасно да се согледа ситуацијата (1:1000 или 1:1500), дефинирана со бр. Кп и улица,

-Детален цртеж со опис на новата ситуација на површината на која се бара да се врши дејност со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура во размер 1:200 или 1:100,

– Детален цртеж со опис на површината опрема предвидена за користење (1:100 или 1:50).

– Детали на урбана опрема што ке се лоцираат на површината на која се бара да се врши дејност во размер (1:20 или 1:10),

6. Доказ за платена административна такса во износ од 1.000,оо денари (бланко уплатница ПП50 се добива на шалтер.

Барање за издавање на потврда дека инвестицијата е во согласност со Стратегијата за локален економски развој на Општина Свети Николе

Во прилог доставувам:

- Барање за издавање потврда дека инвестицијата е во согласност со Стратегијата за локален економски развој на Општина Свети Николе

- Копија од уплатница за уплатени 50 ден административна такса

- Копија имотен лист не постар од 6 месеци

- Копија од одобрение за градба (доколку се работи за градба) или копија од изјава од барателот или надлежната институција

- Копија Лична карта за физичко лице

- Копија Тековна состојба за правните лица

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
Избери јазик»
Scroll to Top