ОПШТИНА ПРИЛЕП

БАРАЊЕ за утврдување на минимално-технички услови и категоризација за вршење на угостителска дејност од мал обем

Прилог:

- доказ за сопственост или доказ за право на користење на објектот во кој се врши угостителска дејност

- пријава до Државниот пазарен инспекторат за исполнети минимални технички услови со платена административна такса во износ од 50 ден.

ПРИЈАВА за утврдување на часот на отпочнување на работно време и распоред на работно време на угостителски објекти

Заверено од:
Одделение за локален економски развој- Општина Прилеп

БАРАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА НОРМАТИВИТЕ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Прилог кон барањето:

- Мени на угостителскиот објект- норматив со целосен назив на фирмата, печат и потпис на овластено лице (во два примероци)

ПРИЈАВА за исполнување на мининимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност и започнување со работа

Пријавувам дека деловниот простор ги исполнува минимално - техничките услови за вршење на наведената угостителска дејност согласно Правилникот за минимално – технички услови за вршење на угостителската дејност ( ,,Сл. Весник на РМ бр. 16/06) и Ве известувам дека истиот ќе започне со работа од --------------------------------.

ПРИЈАВА за промена на мининимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност

Пријавувам дека со промената на минимално - техничките услови за вршење на наведената угостителска дејност се исполнети условите согласно Правилникот за минимално – технички услови за вршење на угостителската дејност (Сл. Весник на РМ бр. 16/06)

ПРИЈАВА ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА МИНИМАЛНО ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ТРГОВИЈА И ЗАПОЧНУВАЊЕ СО РАБОТА НА ПРОДАЖЕН ИЛИ ДРУГ ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ

Пријава од овластено лице:

Пријавувам дека продажниот објект односно деловниот објект од точка 11 на оваа пријава ги исполнува условите од Правилникот за минимално-техничките услови за деловни простори и простории во кои се врши трговија.

ПРИЈАВА ЗА ЧАСОТ И РАСПОРЕДОТ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ВО ПРОДАЖНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО КОИ СЕ ВРШИ ТРГОВИЈА

ДО ОПШТИНА ПРИЛЕП
Одделение за Локален економски развој

ПРИЈАВА за утврдување на часот на отпочнување на работно време и распоред на работно време на туристички агенции

Заверено од:

Одделение за локален економски развој- Општина Прилеп

Барање за издавање на потврда дека инвестицијата е во согласност со Стратегијата за локален економски развој на Општина Прилеп

Во прилог доставувам:

- Краток опис на проектот/инвестицијата

- Копија од одобрение за градба (доколку се работи за градба) или копија од изјава од барателот или надлежната институција

- Проект – на увид

Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола

-Барање до општина Прилеп,

Одделение за заштита на животната средина (Согласно Правилникот за постапка за издавање на дозвола за усогласување со оперативен план-Сл.весник на РМ бр.4/06)

Висината на таксата зависи од видот и големината на емисиите во животната средина и врз основа на површината што ја зафаќа инсталацијата.

БАРАЊЕ за издавање на извод за поставување на урбана опрема

Потребни документи:

- Копија од катастарски план

- Имотен лист

- Административна такса 50 денари

БАРАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
- За тераси со или без монтажни настрешници (поставување на маси и столици пред угостителски објект), - За покриени и непокриени шанкови, и - За елементи за изложување на производи (полици, фрижидери и сл. јавни површини пред деловно-трговски објекти)

Во прилог на барањето Ви доставувам:

1. Извод од централен регистар за правен субјект не постар од 6 (шест) месеци;

2. Кога барател е физичко лице кое согласно закон врши угостителска дејност, се доставува копија од лична карта и прецизно наведена дејност што сака да ја врши на бараната локација;

3. Доказ дека се исполнети минимално-технички услови за вршење на дејноста и други услови пропишани со закон (Решение или друг доказ дека барателот поднел пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на дејност), освен доколку во својство на барател се јавува физичко лице;

4. Извод од урбана опрема издаден од општина Прилеп, во размер 1:1000;

5. Копија од катастарски план (скица од катастар), доколку се поднесува барање по прв пат;

6. Доказ за платена административна такса;

7. Потврда издадена од Општина Прилеп дека барателот нема неподмирени обврски по основ на неплатени комунални такси;

8. Проект во 3 (три) примероци;

9. Имотен лист за деловниот простор и/или договор за закуп за деловниот простор со кој подносителот на барањето ќе докаже дека е сопственик на објектот или има право да го користи објектот пред кој се бара да биде поставена урбаната опрема за периодот кој самиот ќе го наведи во барањето;

БАРАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА (За продажба на билети за јавен превоз, весници, сувенири, цвеќиња, сладолед, телефонски говорници, автобуски постојки, настрешници кои се поставуваат над јавна површина)

Во прилог на барањето ви доставувам :

1. Извод од соодветниот регистар каде што е регистриран заинтересираниот субјект не постар од 6 ( шест) месеци ;

2. Извод од урбана опрема издаден од општина Прилеп, во размер 1:1000;

3. Проект во 3 (три) примероци;

4. Потврда издадена од Општина Прилеп дека барателот нема неподмирени обврски по основ на неплатени комунални такси;

5. Доказ за платена административна такса;

БАРАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА (За детски игралишта, јавни санитарни јазли, дополнителни монтажно-демонтажни паркинг простори, рекламни паноа, фонтани и пливачки објекти, типски објекти за обезбедување кои се во функција на објекти на дипломатско – конзуларни претставништва, на објекти органите на државната управа и на резиденцијални објекти, и опрема за спортско-рекреативни активности)

Во прилог:

1. Доказ за идентификација/регистрација на подносителот на барањето;

2. Извод од ДУП(Детален урбанистички план);

3. Основен проект (со статика) изготвен од овластена фирма;

4. Извештај за Ревизија од овластена фирма;

5. Геодетски елаборат со нумерички податоци.

6. Доказ за платена административна такса;

БАРАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА (Клупи, чешми, корпи за отпадоци, фонтани (за вода за пиење), канделабри, платформи за јавни манифестации на копно и на водна површина и останати видови на урбана опрема која не се однесува на вршење на дејност, опрема во функција на туристички, културни и спортски настани)

Во прилог :

1. Извод од соодветниот регистар каде е регистриран заинтересираниот субјект (не постар од 6 месеци);

2. Проектна документација за поставување на урбана опрема, со следнава содржина:

- назив и седиште на заинтересираниот субјект;

- регистрација на дејност, лиценца и овластување од одговорна проектантска куќа и одговорниот проектант;

- технички опис;

- извод од ДУП или Графички прилог од заверен Основен Проект за реконструкција за предметниот локалитет или микро-локациски услови во размер 1:1000;

- детални цртежи со опис на постојната состојба и околниот простор со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура (ситуација 1:500 или 1:200);

- детални цртежи со опис на новата состојба и околниот простор со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура (ситуација 1:500 или 1:200, пснпви 1:200 или 1:100, пресеци 1:100 или 1:50 и детали 1:50 или 1:25).

3. Доказ за платена административна такса;

Барање за издавање на согласност за прокоп на улица

Прилог:

- Одобрение за градење и платени трошоци за комунално уредување

- Проект

- Извод од урбанистички план

- Скица од катастар

- Скица – проект од ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп

БАРАЊЕ за давање под долготраен закуп со непосредна спогодба на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

Во прилог кон барањето ги доставуваме следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација, или проект за инфраструктура;

2.Геодетски елаборат за нумерички податоци изработен врз основа на извод од урбанистички план, урбанистичка планска документација, или проект за инфраструктура;

3.Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

4. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесување не е постаро од 6 месеци;

5. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице;

БАРАЊЕ за стекнување право на сопственост на градежно земјиште кое се користи врз основа на договор склучен со поранешен сопственик

Во прилог кон барањето ги доставуваме следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Договор за купопродажба на земјиштето склучен со поранешен сопственик пред повеќе од 20 години од денот на поднесување на барање, кој содржи податоци за договорните страни и податоци за градежното земјиште, со наведен број на катастарска парцела, катастарска општина и површина која била предмет на отуѓување, како и датум на склучување;

2. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација , кој со денот на поднесување не е постар од 6 месеци;

3.Копие од катастарски план за градежно земјиште, која до денот на поднесување не е постара од 6 месеци;

4. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

5. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното земјиште сопственост на Република Северна Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,врз основа на кое ќе се утврди дека поранешниот сопственик или неговите законски наследници биле запишани како корисници на градежното земјиште пред бришење на сите запишани права на користење на градежното земјиште во катастарот за недвижности согласно Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, кое до денот на поднесување не е постаро од 6 месеци;

6. Изјава заверена на нотар во која лицето кое го користи градежното земјиште, односно неговите законски наследници под морална, материјална и кривична одговорност изјавува/изјавуваат дека земјиштето го користат повеќе од 20 години врз основа на договор за купопродажба склучен со поранешен сопственик;

7. Имотен лист за сопственост на објектот;

8. Фотокопија од лична карта или патна исправа ;

БАРАЊЕ за давање под краткотраен закуп со непосредна спогодба на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

Во прилог кон барањето ги доставуваме следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација;

2. Урбанистичко техничка документација за уредување на плажа, односно проект за подготвителни работи за организирање на градилиште, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

3. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

4. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето;

5. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

6. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесување не е постаро од 6 месеци;

7. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице;

БАРАЊЕ за отуѓување на градежно земјиште сопственост Република Северна Македонија со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела

Во прилог кон барањето ги доставуваме следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела, кој со денот на поднесување не е постар од 6 месеци;

2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

3. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето;

4. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

5. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесување не е постаро од 6 месеци;

6. Имотен лист за објектот доколку градежното земјиште претставува градежно изградено земјиште, кој со денот на поднесување не е постар од 30 дена;

7. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице;

БАРАЊЕ за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на сопственици под објекти или посебни делови од објект за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кои се запишани во јавната книга на недвижности

Во прилог кон барањето ги доставуваме следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Решение за утврдување правен статус на бесправен објект;

2. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација, кој до денот на поднесување не е постар од 6 месеци;

3. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела или геодетски елаборат за формирање на посебна катастарска парцела за градежно земјиште под зграда/објект/дел од објект, а зградата/објектот/делот од објектот имаат стекнато правен статус во постапка согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти;

4. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето;

5. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

6. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесување не е постаро од 6 месеци;

7. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице;

БАРАЊЕ за отуѓување на градежно земјиште сопственост Република Северна Македонија со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и евидентирани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно земјиште

Во прилог кон барањето ги доставуваме следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела, кој со денот на поднесување не е постар од 6 месеци;

2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

3. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето;

4. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

5. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесување не е постаро од 6 месеци;

6. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице;

БАРАЊЕ за засновање на право на стварна службеност на земјиште сопственост на Република Северна Македонија

Во прилог кон барањето ги доставуваме следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Доказ за правото на градење на објект од јавен интерес утврден со закон или доказ за сопственост на објект од јавен интерес;

2. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација, или проект за инфраструктура за линиски водови во согласност со Законот за урбанистичко планирање, кој со денот на поднесување не е постар од 6 месеци;

3. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

4. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

5. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесување не е постаро од 6 месеци;

6. Имотен лист за објектот доколку градежното земјиште претставува градежно изградено земјиште, кој со денот на поднесување не е постар од 30 дена;

7. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице;

ЕВИДЕНЦИСКИ ЛИСТ за правни лица

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА - ПРИЛЕП
СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И БУЏЕТ
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ПРИХОДИ

Барање за потврда за даночен обврзник

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА - ПРИЛЕП
СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И БУЏЕТ
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ПРИХОДИ

Барам да ми биде издадена потврда, со која се потврдува дека сум / не сум евидентиран/а како даночен обврзник и дека ги имам подмирено даночните обврски.

БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ДО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА - ПРИЛЕП

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
Избери јазик»
Scroll to Top