ОПШТИНА КРАТОВО
Барање за пристап до информации од јавен карактер
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), од имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
(Правна поука: Барателот не е должен да ги наведе и образложи причините за барањето, но треба да наведе дека станува збор за барање за слободен пристап до информација од јавен карактер)
Даночна пријава за утврдување на данок на промет на недвижности
-Даночна пријава- (образец ДИ-ПН)
-Имотен лист (фотокопија,и оригинал на увид)
-Договор за купопродажба (оригинал)
-Лична карта (на увид)
300 ден- Административна такса (за пријава и решение)
200 ден – Други локални такси на сметка (трошоци во постапката)
Барање за исправка на решение за данок на имот
Во прилог ви ги доставувам следните списи:
1. Решение за данок на имот по кое треба да се изврши исправка за тековна година (оригинал форма)
2. Имотен лист (не постар од 6 месеци)
3. Правен акт за стекнување на право на сопственост (договор за купопродажба, договор за подарок, наследно решение, физичка делба, договор за размена, судска пресуда и др.)
4. Известување од Агенција за катастар на недвижности на Р. Македонија
Барање за извод од урбанистичка документација
Со барањето ги поднесувам следниве документи:
- Копија од имотен лист;
- Копија од катастарски план;
- Потврда за платена административна такса во вредност од 50,00 денари.
- Потврда за платена такса за извод од Урбанистички план(парцела до 500 м²) во вредност од 500,00 денари над 500м2 вредност од 750,00 денари.
Цел на дознака; Административни такси
Примач; Трезорска сметка
Банка на примачот; Народна банка на РМ
Сметка на примачот; 100000000063095
Барање за издавање на потврда дека има поднесено барање за легализација
Кон барањето приложувам:
- Копија од имотен лист;
- Потврда за платена административна такса во вредност од 50,00 денари;
Цел на дознака; Административни такси
Примач; Трезорска сметка
Банка на примачот; Народна банка на РМ
Сметка на примачот; 100000000063095
Барање за издавање потврда за припадност во градежен реон
Со барањето ги поднесувам следниве документи:
- Копија од имотен лист;
- Копија од катастарски план;
- Потврда за платена административна такса во вредност од 50,00 денари.
Цел на дознака: Административна такса
Примач: Трезорска сметка
Банка на примачот: Народна банка на РМ
Сметка на примачот: 100000000063095
Барање за остварување на правото на еднократна парична помош за новородено дете на територијата на Општина Кратово
Потребни документи:
• Извод од матична книга на родени за новороденото дете;
• Фотокопија од лична карта од родителите;
• Фотокопија од извод од матична книга на венчани (доколку има склучено брачна заедница);
• Потврда од Агенција за вработување на РСМ, за невработени членови во семејството;
• Фотокопија од трансакциска сметка;
БАРАЊЕ Извод од ГУП
Со барањето ги доставувам следните документи:
1. Копија од катастарски план и
2. Потврда за платени административни такси во вредност од 550.оо денари.
Сметка 100000000063095
Уплатна сметка 840 137 03182
Приходна шифра 72231500
Корисник трезоррска сметка
Цел на дознака: административни такси
БАРАЊЕ Извод од ОПШТ АКТ
Со барањето ги доставувам следните документи:
1. Копија од катастарски план
2. Потврда за платени административни такси во вредност од 550,оо денари
Сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 840 137 03182
Приходна шифра: 72231500
Корисник: Трезоррска сметка
Цел на дознака: Административни такси
Барање за издавање потврда за точна адреса, промена на улица и куќен број
Потребни документи:
- Уплатница за административна такса;
Барање за еднократна парична помош
Кон ова барање ги приложувам следните документи:
– Копија од трансакциска сметка;
– Копија од лична карта;
УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЧНИ ОБВРСКИ
Се пополнува барање за уверение за платени даночни обврски со:
Доказ за платен данок
Доказ за уплатени административна такси.
РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК
Обврзникот на данокот на наследство и подарок е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот на настанувањето на даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација каде што се наоѓа недвижниот имот кој обврзникот го наследува или прима на подарок.
Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на наследство и подарок најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на даночната пријава и на даночниот обврзник му доставува решение утврдениот данок.
РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ
Обврзникот на данокот на промет на недвижности е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот на настанувањето на даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација каде што се наоѓа недвижноста.
Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на промет на недвижности најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на даночната пријава и на даночниот обврзник односно на купувачот му доставува решение утврдениот данок.
РЕШЕНИЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОЧЕН ДОЛГ
За решение за одложување на извршувањето се поднесува:
– Барање за одлагање на даночниот долг
Прилози кон барањето се:
- Банкарска гаранција, доказ за уплатен готовински депозит или обезбеди друг инструмент за обезбедување на плаќањето.
РЕШЕНИЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ИЛИ НА ПОГРЕШНО УПЛАТЕН ДАНОК
Се пополнува барање за враќање на повеќе или на погрешно уплатен данок со:
- доказ за уплатени средства
- трансакциона сметка на која треба да се вратат средствата.
РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА
Обврзникот на таксата е должен во рок од 15 дена од денот на настаната обврска или настанатата промена да поднесе пријава до општинската администрација.
Градоначалникот на општината со решение ке ја утврди висината на таксата воп годишен износ
Градоначалникот на општината според податоците од состојбата на 1 јануари секоја година за секој обврзник одделно со решение го утврдува износот на таксата што треба да се плати.
Издавање на Решение за користење на плоштади и друг простор во градот и други населени места со цел за изложување на предмети, приредување изложби и забавни приредби за вршење дејност
Барање до Општина Кратово, Сектор за финансиски пршања-готов образец во ОЦУ – кој граѓанинот/клиент го пополнува.
Административна такса
Износ: 300 денари
Сметка: 100000000063095
Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Кратово
Банка на примач: НБРМ
Цел на дознака: Решение за користење на јавни површини
Издавање на Решение за комунална такса (фирмарина) по барање на граѓанин/клиент
1. Барање до Општина Кратово, Одделение за финансиски прашања готов образец во ОЦУ – кој граѓанинот/клиент го пополнува
2. Решение за регистрирање на фирма или друг деловен субјект издадено од Централен регистар на РСМ
3. Уплатница
Административна такса
Износ: 50 денари
Сметка: 100000000063095
Примач: трезорска сметка, Буџет на
Општина Кратово
Банка на примач: НБРМ
Цел: Решение за комунална такса
Издавање на Одобрение за поставување на маси и столици во летни бавчи пред деловниот простор
Во прилог на барањето доставувам:
- извод од соодветен регистар каде што е регистриран барателот (не постар од 6 месеци);
- извод од ДУП за предметниот локалитет;
- образложение на барањето;
- фотографии и цртежи со технички опис и димензии на предложената состојба и опрема, елементи на постојна комунална опрема, зеленило и инфраструктура;
- уплатница од 1.000,00 денари на ПП50 образец (тарифен број 93).
Изјава:
Изјавувам дека сум согласен личните податоци наведени во барањето да се користат за потребите на Општина Кратово за спроведување на оваа постапка.
Изјавувам дека сум согласен сите известувања при спроведување на оваа постапка да се вршат со испраќање на документи преку електронски средства наведени во барањето.
Издавање на Решение за данок на имот
Даночна пријава (образец ДИ)
Имотен лист (фотокопија и оригинал на увид)
Договор за купопродажба (копија)
Договор за подарок (копија)
Лична карта (на увид)
Уплатница
Административна такса
Износ: 50 денари
Сметка: 100000000063095
Примач: трезорска сметка, Буџет на
Општина Кратово
Банка на примач: НБРМ
Цел: Решение за данок на имот
Издавање на Решение за данок на имот
Во прилог на барањето доставувам:
1. За вршење дејност надвор од деловен простор:
- извод од соодветен регистар каде што е регистриран барателот (не постар од 6 месеци);
- потврда за исполнување на минимално
- технички услови за вршење дејност;
- имотен лист со соодветна намена на деловниот простор (не постар од 6 месеци) или договор за закуп;
- копија од катастарски план;
- Писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од станбено деловниот објект, односно од влезот во објектот, кои претставуваат повеќе од половината сопственици на посебните делови на објектот, односно од влезот во објектот пред кој ќе се врши дејноста, заверена на нотар (заверена на нотар);
- Писмена согласност од сопствениците на земјиштето во рамки на градежната парцела согласно ДУП, доколку барањето не е за вршење дејност на јавна површина, заверена на нотар;
2. Елаборат/проект* во кој е дефинирана површината за вршење дејност во четири примерока и на ЦД, со следната содржина:
назив и седиште на заинтересираниот субјект;
регистрација на дејност, лиценца и овластување од проектантската куќа и одговорниот проектант;
технички опис и приказ на урбаната опрема/фотографии и сл.;
извод од ДУП за предметниот локалитет и микро-локациски услови во размер 1:1000, кои претставуваат извод од Програмата за урбана опрема доколку се бара поставување урбана опрема;
детални цртежи со опис на постојната состојба и околниот простор со околните објекти и елементи на постојната комунална опрема, зеленило и инфраструктура (ситуација 1:500 и 1:200);
детални цртежи со опис на предложената состојба и околниот простор со околните објекти и белементи на постојната комунална опрема, зеленило и инфраструктура (ситуација 1:500 и 1:200, основи 1:100 и пресеци 1:100 или 1:50);**
* (доколку се бара и поставување урбана опрема, тоа е истиот елаборат)
** 1. Сите детални цртежи и проекти треба да содржат приказ на регулациона линија, линија на градежна парцела, градежна линија, приказ на постојните објекти кои се наоѓаат околу бараната површина, заедно со нивните влезови, излозите и други фасадни отвори во приземјето, рампи и скали, како и велосипедските патеки, дрвјата, дрворедите, уличното осветлување, рекламните паноа, клупите, корпите за отпадоци, столпчињата, ПП апаратите, хидрантите, електричните разводни ормани и другите комунални елементи, односно објекти на комунална инфраструктура.
2. Деталните цртежи и проекти со опис на новата состојба треба да ги содржат границите и димензиите на површината на која се бара да се постави урбаната опрема и слободната проодна површина, како и пристапот за интервентни возила (пожарна, брза помош, полиција).
3. Сите елементи прикажани на деталните цртежи и проекти мора да бидат котирани и прецизно исцртани.
4. Површината за вршење дејност (и поставување урбана опрема) мора да биде дефинирана и со геодетски точки (координати) на посебен графички прилог во состав на елаборатот/проектот.
3. Уплатница од 600,00 денари на ПП50 образец (тарифен број 93);
СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип
