ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТА ОД НЕВРЕМЕ
Во прилог ви доставуваме:
- Важечка лична карта или важечка патна исправа на барателот на увид
- Доказ за сопственост (копија од имотен лист)
- Фотографии од локацијата по претрпената штета
Барање за пристап до информации од јавен карактер
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), од имателот ја барам следната информација од јавен карактер:_______________________________.
(Правна поука: Барателот не е должен да ги наведе и образложи причините за барањето, но треба да наведе дека станува збор за барање за слободен пристап до информација од јавен карактер)
ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНА ПОВРШИНА
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Решение од соодветниот регистар каде што е регистриран субјектот (не постаро од 6 месеци);
2 За правно лице – доказ за исполнети минимално технички услови за вршење на дејност (Решение или друг доказ дека барателот поднел пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на дејност);
3. За физичко лице – доказ дека е заведено во постоечката евиденција на невработени лица која ја води Агенцијата за вработување на РМ и притоа прецизно да наведе каква дејност планира да врши на наведената локација;
4. Барање за издавање на Потврда од Општина Гази Баба дека барателот нема неподмирени обврски по основ на неплатен надоместок за поставување на урбана опрема од претходно издадено Одобрение (образецот на барање се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk );
5. Детален цртеж со опис на постојната состојба на површината на која се бара да се врши дејност со околниот простор во размер од кој може јасно да се согледа ситуацијата (1:1000 или 1:500);
6. Детален цртеж со опис на новата ситуација на површината на која се бара да се врши дејност со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура во размер (1:200 или 1:100);
7. Детален цртеж со опис на површината предвидена за користење (1:100 или 1:50);
8. Детали од урбаната опрема што ќе се поставува на површината на која се бара да се врши дејност во размер (1:20 или 1:10);
9.Доставување на фотографии – фронтален дел на објектот и страничен за локацијата на предметното барање
10. Имотен лист (копија) од КП. на која се поставува урбана опрема,
11. Доказ за платена административна такса во износ од 1.050,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер);
Извод од урбанистички план
За добивање на Извод од урбанистички план потребно е:
- Копие од катастарски план (фотокопие не заверено) не постаро од шест месеци
- Имотен или поседовен лист (фотокопие не заверено) не постаро од шест месеци
- Потврда за платени административни такси во вредност од 550,00 ден. ако парцелата има површина до 500.0 м2 или 800,00 ден. ако парцелата има површина повеке од 500.0 м2
- Барање
- Уплатница за административни такси
Одобрение за отстранување
За издавање на одобрение за отстранување потребно е:
- Доказ за сопственост на објектот
- Проект за отстранување на објектот (во најмалку 3 примероци)
- Ревизија на проектот за отстранување на објектот
- Потврда за платени административни такси во вредност од 250,00 денари
- Барање
Елаборат за заштита на животна средина
Постапка за издавање на решение за одобрен елаборат за заштита на животна средина:
3 примероци + електронска верзија (CD)
Рок за решавање 15 дена
Известие за надополнување, некомплетност Рок 15 дена
Решение за одобрен елаборат, рок 15 дена од комплетно барање и цела пропратна документеција (сметки од стрјуја, вода, канализација, отпад, договори) да бидат составен дел од Прилозите во самиот Елаборат
Барање
Уплатница со платени административни такси 600 ден.
ЗАПИШУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ВО ЈАВНА КНИГА НА НЕДВИЖНОСТИ ЗА ГРАДБИ ОД 2 КАТЕГОРИЈА
• Извештај за технички преглед
• Геодетски елаборат од извршен премер на објектот;
• Доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности;
• Проект на изведена состојба (доколку се извршени измени во текот на изградбата се доставува решение за одобрување на измените во тек на градба);
• Сертификат за енергетски карактеристики на зградата (за градби за кои се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите);
• Позитивно мислење за изведен степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градба во текот на изградбата и по изградбата на целиот конструктивен систем. (Не е задолжително за градби за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2)
ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА АДАПТАЦИЈА
• Проект за адаптација кој содржи постојна состојба и нова состојба што се предвидува со адаптација во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
• Доказ за сопственост на посебен дел од објект, стан или дел од стан за кој се однесува барањето.
• Имотен лист за објектот предмет на адаптација или правосилно Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект донесено согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за објектот за кој е поднесно барање за адаптација
• Доказ за платена административна такса
ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
• Извод од ДУП;
• Архитектонско-урбанистички проект заверен од надлежен орган (доколку со урбанистичкиот план е предвидена изработка на овој проект);
• Основен проект во PDF/DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач; или Идеен проект во PDF/DWG потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач, доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење.
• Ревизија на основен проект во PDF формат (освен за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 ), потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач; или Писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата,
• Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежно земјиште;
• Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата (од УКИМ – ИЗИИС);
• Потврда од трговец поединец или од правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола (со која потврдува дека минималните барања за енергетска ефикасност кои се содржани во основниот проект се во согласност со минималните барања за енергетска ефикасност утврдени во Правилникот за енергетски карактеристики на зградите за кои според Закон е предвидено тоа).
• Доказ за право на градење:
Имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
Договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште
Договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство
Одлука на Владата на Република Македонија со која е стекнато правото на градење
Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост
Одлука на Советот на општината доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење
Изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела или
Имотен лист со запишано право на сопственост на Република Македонија, или конечно Решение за експропријација, или Имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ДОГРАДБА
• Основен проект во PDF/DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач; или Идеен проект во PDF/DWG формат потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач, доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење.
• Ревизија на основен проект во PDF формат (освен за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 ), потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач; или Писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата,
• Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.
• Доказ за платена административна такса
• Доказ за право на градење:
Имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
Договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште
Договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство
Одлука на Владата на Република Македонија со која е стекнато правото на градење
Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост
Одлука на Советот на општината доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење
Изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела или
Имотен лист со запишано право на сопственост на Република Македонија, или конечно Решение за експропријација, или Имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.
ОДОБРЕНИЕ ЗА НАДГРАДБА
• Основен проект во PDF/DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издадени од овластен издавач или Идеен проект во PDF/DWG формат потпишани со валидни дигитални сертификати издадени од овластен издавач, доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење.
• Изјава од проектантот дадена под кривична и материјална одговорност со која потврдува дека постојната состојба на објектот е веродостојно прикажана во основниот проект
• Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата
• Имотен лист за постојниот објект на кој ќе се врши надградба со утврдена намена семејно домување во станбени куќи (А1) и со утврдено право на сопственост на инвеститорот
• Согласност за надградба од сопственикот на постојниот објект, доколку истиот не е инвеститор
• Конзерваторско одобрение издадено од Управата за заштита на културно наследство и изјава од барателот дадена под полна материјална и кривична одговорност со која истиот ќе потврди дека конзерваторското одобрение се однесува на проектот доставен преку информацискиот систем е-одобрение за градење, доколку е поднесено барање за надградба на објект кој претставува заштитно недвижно културно наследство согласно со закон.
• Доказ за платена административна такса.
ОДОБРЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ИЛИ НЕГОВ ДЕЛ КОЈ Е ОШТЕТЕН
• Доказ за сопственост на објектот - Имотен лист;
• Проект за отстранување на објект со извршена ревизија.
ОДОБРЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ИЛИ НЕГОВ ДЕЛ КОЈ НЕ Е ОШТЕТЕН
• Доказ за сопственост на објектот - Имотен лист;
• Проект за отстранување на објект со извршена ревизија.
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ
• Писмено Барање за издавање на Одобрение за подготвителни работи
• Проект за подготвителни работи во PDF/DWG формат потпишани со валидни дигитални сертификати издадени од овластен издавач
• Согласности, мислења и докази за регулирани имотно-правни односи за земјиштето на кое ќе бидат поставени градбите за подготвителни работи.
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА
• Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан;
• Согласност на мнозинството сопственици на становите во влезот на зградата;
• Основен проект во PDF/DWG формат за предвидената пренамена, адаптација со пренамена или за реконструкција со пренамена, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач
• Ревизија на основен проект во PDF формат потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач, во два примерока;
• Извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот е предвиден со важечкиот урбанистички план;
• Мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од пренамената
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА
• Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од станот,
• Доколку се работи за реконструкција на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење, Одлука на Советот на општината
• Основен проект за реконструкција во PDF /DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач
• Ревизија на основен проект во PDF формат, во два примерока, потпишана со валидни дигитални сертификати издадени од овластен издавач
• Имотен лист за објектот, предмет на реконструкција, или правосилно решение за утврдување правен статус на бесправен објект донесено согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за објектот за кој е поднесно барање за реконструкција;
• Мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од реконструкцијата
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ НА ИДЕЕН ПРОЕКТ
• Идеен проект во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
• Проект за инфраструктура во PDF формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
Доколку се работи за линиски инфраструктурни градби, а за надградбите од членот 59-ѕ став (1) од Законот за градење се доставува само идеен проект
• Извод од детален урбанистички план или урбанистичко-планска документација
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ИЗМЕНИ ВО ТЕКОТ НА ГРАДЕЊЕТО
• Дополнување на основниот проект во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
• Извештај за ревизија на дополнувањето на основниот проект во PDF потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
За дополнувањето на проектот, согласност дава проектантот на основниот проект.
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ОПРЕМА ЗА ШТО НЕ Е ПОТРЕБНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
• Барање за изведување на градба односно поставување на опрема
• Документација согласно Правилникот за формата и содржинатата на барањето, потребната документација и образецот на Решението за изведување на градбите односно поставување на опремата за кои не е потребно одобрение за градење
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ПОСЕБЕН ДЕЛ ОД ОБЈЕКТ, СТАН ИЛИ ДЕЛ ОД СТАН
• Извод од урбанистички план или урбанистичко-планска документација со кој се потврдува дека објектот предмет на пренамена е предвиден со планската документација;
• Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, кој е предмет на пренамена;
• Основен проект во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач;
• Извештај за ревизија на основниот проект во PDF/DWG формат потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач;
• Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за објект во етажна сопственост;
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИНВЕСТИТОР
• Доказ за статус на инвеститор (потврдени правни работи, конечни акти на државни органи или правосилно решение од стечаен судија со кои лицето се стекнало со правото на градење).
• Изјава согласно член член 70 став 1 од Законот за градење заверена од овластен нотар за:
превземање на правото за градење и правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето (управителот на градбата, правните лица за вршење на работите на проектирање, ревизија, надзор и изведувачот),
како и превземање на правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал како резултат на склучени договори за хипотека и други правни дела за промет на градбата или делови од градбата прибележани во листот за предбележување на градба
• Одобрение за градење
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЛЕГАЛЕН ОБЈЕКТ
• потполнето барање/образец
• извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
• геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
• имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето;
• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
• уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;
• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЛЕГАЛИЗИРАН ОБЈЕКТ
• потполнето барање/образец
• решение за утврдување на правен статус на бесправен објект;
• извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
• геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
• имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето;
• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
• уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;
• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ НАД 30%
• потполнето барање/образец
• извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
• геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
• имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое преставува над 30% од градежната парцела;
• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
• уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;
• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПОД ЗАКУП
• потполнето барање/образец
• Договор за засновање на правото на долготраен закуп;
• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп;
• имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште;
• доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето;
• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
• Доказ за платена административна такса
ДОБИВАЊЕ НА ЗАПИСНИК ЗА ОБРАБОТЛИВО ЗЕМЈИШТЕ
• Барање за издавање на Записник за обработливо земјиште
• Доказ за платена административна такса
УВЕРЕНИЕ ЗА КАРАКТЕР НА ЗЕМЈИШТЕ
• Барање за издавање Уверение за карактер на земјиште
• Фотокопија од имотен лист не постар од 6 (шест) месеци-копија
• Фотокопија од катастарски план
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА УПИС НА ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ ВО КАТАСТАР
• основен проект заверен со електронски потпис кога има електронско одобрение или скениран основен проект ако одобрението е издадено во хартиена форма;
• изјава заверена кај нотар од изведувачот (за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м 2 со која се потврдува дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект); - скенирана на цд.
• извештај за извршен технички преглед на надзорниот инженер, за извршениот надзор (за градби од втора категотија и градби со бруто развиена површина поголема од 300 м2) – електронски заверен со електронски сертификат.
• геодетски елаборат од извршен премер на објектот – на цд заверен со електронски сертификат.
• одобрение за градење- правосилно. – скенирано на цд.
• доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности;
• доказ за уплата на административна такса
БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ
• Уверение за државјанство или копија од лична карта за физичко лице правно лице, односно извод од Централен регистар на Република Македонија за правно лице.
• Доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.),а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегувањето во сила на овој закон односно пред март 2011 година.
• Геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект и во електронска форма.
• Имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект во оригинал.
ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРЕНИ НОРМАТИВИ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ
• Барање за заверка на нормативи за храна и пијалоци
• Копија од Решение за вршење на дејност од Централен Регистар
• Решение за исполнување на минимално-технички услови за работа
• Две копии од нормативите изработени со кирилична поддршка, со печат и потпис од управителот на угостителскиот објект
• Доказ за платена административна такса
УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА УПРАВИТЕЛИ НА СТАМБЕНИ ЗГРАДИ
• Барање за упис во Регистарот на Управители Фотокопија од Решението за упис во Централниот регистар на Република Северна Македонија
• Фотокопија од Статутот на заедницата на сопственици (доколку се работи за упис на Заедница на сопственици)
• Фотокопија од Договор за извршување на услуги за управување (доколку се работи за упис на управител на станбена зграда).
• Доказ за платена административна такса
ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
• Барање за поврат на средствата,
• Извод од банка и уплатница од извршената уплата и
• Документ од кој прегледно може да се види сметката кон која треба да се пренасочат средствата
Постапка за донесување на детален урбанистички план
(Член 27 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за донесување на урбанистички план за село
(Член 28 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за донесување на урбанистички план за вон населено место
(Член 29 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за донесување на урбанистички план за подрачја и градби од државно значење
(Член 30 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за техничка исправка на урбанистички план
(Член 36 од Закон за урбанистичко планирање)
Прифаќање/Неприфаќање на Иницијатива за изработка на урбанистички план
(Член 39 од Закон за урбанистичко планирање)
Спроведување на Јавна презентација и јавна анкета за урбанистички план
(Член 50 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за одобрување на урбанистички проект
(Член 62 од Закон за урбанистичко планирање)
Урбанистички проект со план за парцелација
(Член 63 од Закон за урбанистичко планирање)
Потврда за урбанистичка усогласеност
(Член 64 од Закон за урбанистичко планирање)
СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
