ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда

Право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда можат да остварат осигурениците:

1) работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје;

2) државјанин на Република Македонија кој на територијата на Република Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор поинаку не е определено;

3) самовработено лице;

во случај на:

1) болест и повреда надвор од работа;

2) повреда на работа и професионална болест;

3) лекување и медицинско испитување;

4) негување на болно дете до тригодишна возраст;

5) негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до 30 дена;

6) неопходно придружување на болно лице упатено на преглед или лекување надвор од местото на живеење;

7) неопходно придружување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена;

8) доброволно давање на крв, ткиво или орган и

9) изолираност заради спречување на зараза.

Надоместокот на плата припаѓа од првиот ден на спреченоста за работа и трае цело време додека трае спреченоста за работа, a ce исплатува за деновите за кои се остварува плата според прописите за работни односи.

Надомест на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство

Право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство можат да остварат осигурениците:

1) работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје;

2) државјанин на Република Македонија кој на територијата на Република Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор поинаку не е определено;

3) самовработено лице;

Надомест на патни трошоци за користење на здравствени услуги за хемодијализа

Oсигурените лица имаат право на надоместок на патните трошоци ако се упатени да користат здравствени услуги во врска со дијализа и вежби за рехабилитација на видот, слухот и говорот надвор од местото на живеење, a кои се спроведуваат амбулантски.

Надоместок (рефундација на средства) за лекови за осигурени лица кои имаат платено придонес за задолжително здравствено осигурување

Оваа услуга ви овозможува надомест на средства за лекови доколку вие, како осигуреник, имате активна пријава во задолжителното здравствено осигурување.

Надоместок (рефундација на средства) за ортопедски и други помагала

Надоместок на средства за набавени ортопедски помагала се врши за:

- ортопедски и други помагала за кои Фондот нема склучено договор за испорака со правен субјект, а истите се на Списокот на ортопедски и други помагала;

- ортопедски и други помагала за кои Фондот има договор само со еден правен субјект, но од објективни причини правниот субјект не е во можност да изврши испорака, за што е доставено известување до Фондот.

- ортопедски и други помалгала за кои осигуреното лице има заверена потврда, а во периодот пред подигање на помагалото од правниот субјект нема платено придонес за задолжително здравствено осигурување.

Осигуреното лице е должно да го набави ортопедското или друго помагало во рок од шест месеци од денот на извршената заверка на потврдата.

Право на специјализирана медицинска рехабилитација

На осигурените лица со рехабилитацијата се обезбедува постапка на физикална терaпија (масажа, кинези терапија, електротерапија, хидротерапија, терапија со термоминерална вода, термотерапија, фототерапија, примена на ултразвук), оспособување со стручна работа и со соодветни медицински помагала, со цел спречување или отстранување на намалена работна или функционална способност на осигуреното лице, како и обезбедување на кардиолошки и респираторни рехабилитациони постапки.

Надоместок (рефундирање на средства) за пружени здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита

Во специјалистичко - консултативната здравствена заштита осигуреното лице има право на надомест на средства за специјалистички прегледи заради утврдување на заболувањата, повредите и здравствената состојба и спроведување на специјализирани дијагностички, терапевски и рехабилитациони мерки и постапки. Во болничка здравствена заштита осигуреното лице има право на надомест на средства за:

- испитување и утврдување на здравствена состојба, лекување, рехабилитација и нега во болнички услови;

- лекови според Листата на лекови, помошни материјали кои служат за примена на лекови и санитетски и други помошни медицински материјали потребни за лекување и

- сместување и исхрана во стандардни болнички услови. Надоместок на средства на осигуреното лице за пружени здравствени услуги во специјалистичко-консултативната и болничка здравствена заштита, се врши кога придонесот за задолжително здравствено осигурување е платен за месецот кога е извршена здравствената услуга.

Барањето за надоместок осигуреното лице може да го поднесе и во случај кога на денот на поднесувањето нема својство на осигурено лице, но само за здравствени услуги извршени во периодот кога истиот имал својство на осигурено лице.

Надоместок (рефундација на средства) за медицински потрошен материјал и/или вградени атеријали за време на лекување во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита

Надоместок на средства за медицински потрошен материјал и вградени материјали, кои се набавени со сопствени средства на осигуреното лице, се врши кога здравствената установа за време на специјалистичко - консултативно и болничко лекување го нема обезбедено соодветниот медицински потрошен материјал, односно вграден материјал за извршување на здравствената услуга.

Правото на надоместок на средства за набавен медицински потрошен материјал и/или вграден материјал при специјалистичко - консултативно и болничко лекување се остварува доколку лекувањето е извршено за здравствена услуга за која здравствена установа има договор со Фондот.

Право на ослободување од учество при користење на здравствени услуги и лекови

За осигурените лица кои остваруваат месечен приход во семејството помал од просечната плата во Републиката во претходната година, како и за одредени возрасни групи, Фондот со општ акт, на кој министерот за здравство дава согласност, ќе определи понизок износ за ослободување од плаќање на партиципација од износот утврден во став 1 алинеја 4 на овој член.

Надоместок на плата поради повреда на работа/професионална болест

Право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда можат да остварат осигурениците од член 5 став 1 точки 1, 2, и 3 на овој закон, во случај на повреда на работа и професионална болест.

Остварување на право на надоместок на плата поради бременост и раѓање во висина од 50% од утврдениот надоместок поради враќање на работа

Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството. Во таков случај работничката, покрај правото на плата, има право и на надомест на плата за отсуство поради бременост и родителство, во висина од 50% од утврдениот износ на надоместокот за отсуството според прописите за здравствена заштита.

Надоместок на плата поради отсуство од работа за родителство на таткото/посвоителот на детето

Доколку отсуството од работа за родителство не го користи работничката, правото на отсуство од работа за родителство го користи таткото или посвоителот на детето.

Надомест на средства за извршени здравствени услуги во странство - итен случај

Осигурените лица кои привремено престојуваат во странство можат да користат само итна медицинска помош.

Образец на барање за продолжување на боледување

За исплата на надоместок на плата во случај на болест, нега или повреда ИСР образецот заедно со мислењето од лекаркаста комсија се поднесува по истекот на секој месец додека трае спреченоста за работа.

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
Избери јазик»
Scroll to Top