ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

Издавање на извод од план

Барање до општина Демир Капија, Сектор за урбанизам и комунални работи

- Копие од катастерски план (фотокопие)

- Имотен лист(на увид)

550 ден- Административна такса

Издавање на решение за наследство и подарок

- Даночна пријава- (образец ДИ-НП)

- Имотен лист (фотокопија, и оригинал на увид)

- Договор за подарок, Решение од овластен суд, Решение од нотар (оригинал)

- Извод од матична книга на родени,на примателот на поклонот

- Лична карта (на увид)

300 ден- Административна такса (за пријава и решение)

200 ден – Други локални такси на сметка (трошоци во постапката)

Издавање на решение за данок на имот

- Даночна пријава - (образец ДИ)

- Имотен лист (фотокопија, и оригинал на увид)

- Договор за купопродажба (оригинал)

- Договор за подарок (оригинал)

- Лична карта (на увид)

50 ден- Административна такса (за барање и решение)

Издавање на решение за утврден данок на промет на недвижност

- Даночна пријава - (образец ДИ-ПН)

- Имотен лист (фотокопија,и оригинал на увид)

- Договор за купопродажба (оригинал)

- Лична карта (на увид)

300 ден- Административна такса (за пријава и решение)

200 ден – Други локални такси на сметка (трошоци во постапката)

Издавање на решение за користење на простор пред деловен простор за вршење на дејност

Барање до општина Демир Капија

300 ден- Административна такса (за барање и решение)

Барање за поставување на натписи и рекламни табли

Потребни документи:

Елаборат (во четири примероци) со следната содржина:
Назив, седиште на фирмата, име и преземе на сопственикот / раководителот;

Детален цртеж со опис на постојната состојба на бараната површина со околниот простор (во размер 1:1000, 1: 500);

Детален цртеж со опис на новата состојба на бараната површина со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура (во размер 1:200, 1: 100);

Детален цртеж со опис и детали на урбана опрема што ќе се лоцира на бараната површина (во размер 1:50, 1: 20, 1:10);

ОДОБРЕНИЕ ЗА ДОГРАДБА

• Основен проект во PDF/DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач; или Идеен проект во PDF/DWG формат потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач, доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење.

• Ревизија на основен проект во PDF формат (освен за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 ), потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач; или Писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата,

• Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште;

• Доказ за платена административна такса;

• Доказ за право на градење:

 Имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште

 Договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште

 Договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство

 Одлука на Владата на Република Македонија со која е стекнато правото на градење

 Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост

 Одлука на Советот на општината доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење

 Изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела или

 Имотен лист со запишано право на сопственост на Република Македонија, или конечно Решение за експропријација, или Имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), од имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

(Правна поука: Барателот не е должен да ги наведе и образложи причините за барањето, но треба да наведе дека станува збор за барање за слободен пристап до информација од јавен карактер)

БАРАЊЕ ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

ИЗЈАВА:
Со оваа изјава, поднесувам барање за дозвола/ревидирана дозвола, за усогласеност со одредбите од Законот за животна средина (Службен весник бр. 53/05) и прописи донесени за таа цел.

Потврдувам дека информациите наведени во оваа апликација се точни и целосни.

Немам забелешки за одредбите на Министерството за животна средина и просторно планирање или на локалните власти за копирање на барањето или на негови делови за потребите на друго лице.

Барање за издавање на потврда дека инвестицијата е во согласност со Стратегијата за локален економски развој на Општина Демир Капија

Во прилог доставувам:

- Барање за издавање потврда дека инвестицијата е во согласност со Стратегијата за локален економски развој на Општина Демир Капија

- Копија од уплатница за уплатени 50 ден административна такса.

- Копија имотен лист не постар од 6 месеци

- Копија од одобрение за градба (доколку се работи за градба) или копија од изјава од барателот или надлежната институција

- Копија Лична карта за физичко лице

- Копија Тековна состојба за правните лица

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
Избери јазик»
Scroll to Top