Доставено барање и доказ за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или има завршено VII/1 степен високо образование на студиските програми Македонски јазик или Македонски јазик и книжевност, со прв главен предмет Македонски јазик.
Остварување на право на месечен паричен надоместок на уметник или стручен работник во областа на заштитата на културното наследство, во висина на разликата меѓу пензијата што ја остварува и највисоката пензија во Република Македонија во претходната година, за тековната година/односно во висина на разликата меѓу пензијата што ја остварува и износот од 38.500 денари.
Доставено барање со докази за
остварено право на пензија и добиени една од следниве награди за областа на културата и уметноста:
- републичката, односно државната награда „11 Октомври“ или
- републичката, односно државната награда „Св. Климент Охридски“ или
Остварување на право на месечни надоместоци за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход за самостојни уметници
Доставена пријава на Конкурс и
- да е регистриран во Централниот регистар на Република Северна Македонија како трговец поединец самостоен уметник за вршење уметничка дејност во согласност со Законот за културата и Законот за трговските друштва,
-да е државјанин на Република Северна Македонија со постојано живеалиште/престојувалиште во Република Северна Македонија,
-да не остварил право на пензија, и
-да не е редовен студент.
Критериумите се пропишани со Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување месечни надоместоци од средства од буџетот на Република Северна Македонија за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокot на личен доход на самостојните уметници и Конкурс
Остварување на право за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во уметностите и заштитата на културното наследство од областа на културата
Доставена Пријава и докази со кои се докажува исполнетоста на услови и критериуми утврдени во Конкурс
Издавање на Дозвола за колективно управување/ авторски музички права/ авторски и сродни права/ сродни права
Доставено барање од организацијата со приложен статут, односно договор за основање, решението за упис во Централниот регистар и друга документација определена со закон.
Издавање на писмена гаранција од страна на Министерството за култура за привремен извоз на опрема, согласно со постапката за давање АТА Карнет за привремен извоз
Постапка за АТА Карнет, согласно со Законот за ратификација на Конвенцијата за привремен увоз-Истанбулската конвенција
Ослободување од плаќање на увозни давачки - царина
Царински закон и Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки.
Даночно ослободување од данокот на додадена вредност
Од данокот на додадена вредност без право на одбиток на претходниот данок, се ослободуваат влезници за јавни настани кои се од национален интерес од областа на културата, а кои јавни настани како такви се утврдени и се финансираат преку годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за годината во која се одржува јавниот настан донесена од Министерството за култура.
2. Извештај за извршената стручна контрола на конзерваторскиот проект;
3. Изјава од сопственикот или договор со сопственикот за уредување на меѓусебните односи за непречено вршење на работите на непосредна заштита во случај кога работите на непосредна заштита ги изведува надлежната јавна установа за заштита.
Барателот да е домашно правно или физичко лице кое ги исполнува условите за стручна оспособеност за изведување на соодветниот вид на археолошки истражувања и ги исполнува другите услови за добивање на дозволата.
Подносителот на барањето да има доставено:
1. Доказ дека може да биде носител на дозвола на овој закон;
2. Програма за археолошките истражувања;
3. Податоци за стручните лица кои учествуваат во истражувањата;
4. Спецификација на техничките средства за вршење на истражувањата;
5. Доказ за обезбедени финансиски средства за истражувањата и за спроведување на мерките на заштита;
6. Договор со надлежната јавна установа за заштита на чие подрачје се вршат археолошките истражувања.
-да има високо образование (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) од областа на архитектурата, градежништвото, ликовната и применетата уметност, археологијата, историјата на уметноста, технологијата, хемијата, физиката, биологијата, биохемијата или друга соодветна специјалност за непосредна заштита на недвижното или движното културно наследство);
- да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област на заштита на недивжното и движното културно наследство или најмалку три години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област на заштита на недвижното и движното културно наследство и завршени магистерски односно докторски студии од соодветната област.
Издавање на Стандардна дозвола за изнесување на културни добра во странство
Подносителот на барањето е должен да обезбеди банкарски депозит во висина на вредноста на заштитеното добро, комерцијално осигурување, гаранција или друг вид емство на странска влада, ако тоа биде побарано од Управата.
Издавање на Специјална отворена дозвола за изнесување на културни добра во странство
Подносителот на барањето е должен да обезбеди банкарски депозит во висина на вредноста на заштитеното добро, комерцијално осигурување, гаранција или друг вид емство на странска влада, ако тоа биде побарано од Управата.
Дозвола за извоз може да се издаде за заштитено добро:
1. Кое е предмет на меѓународна размена или што трајно се отстапува на имател на јавна збирка во странство и
2. Кое не е внесено во Националниот инвентар на заштитени добра чиј извоз би претставувал значително осиромашување на културното наследство на Република Македонија.
Издавање на Општа отворена дозвола за изнесување културни добра во странство
Подносителот на барањето е должен да обезбеди банкарски депозит во висина на вредноста на заштитеното добро, комерцијално осигурување, гаранција или друг вид емство на странска влада, ако тоа биде побарано од Управата.
Издавање на Уверение за извоз и изнесување на незаштитени културни добра во странство
1.Кое е предмет на меѓународна размена или што трајно се отстапува на имател на јавна збирка во странство
2. Кое не е внесено во Националниот инвентар на заштитени добра чиј извоз би претставувал значително осиромашување на културното наследство на Република Македонија.
Да има претходно прибавено мислење на надлежна матична установа за заштита, односно национална установа за заштита во дејност за заштита каде што нема матична установa
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола