ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД
Издавање на извод од план
Барање до општина Македонски Брод
Копие од катастерски план(фотокопие)
Имотен лист(на увид)
Административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА
За да добиете ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА треба да ги доставете следните документи:
1. Барање за одобрение за градба;
2. Правно дело за уредување на меѓусебните права и обврски склучено помеѓу инвеститорите за изградба на градбата (доколку станува збор за повеќе инвеститори меѓу кои има и физички лица заверено кај нотар);
3. Архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект;
4. Основен проект во три примероци;
5. Писмен извештај и согласност за нострификација ( доколку проектот е изработен во странство;
6. Ревизија на основен проект во три примероци ( но не и за градби наменети за индивидуално домување со бруто површина до 300 м2 );
7. Доказ за право на градење:
- имотен лист со запишано право на сопственост;
- право на долготраен закуп;
право на службеност на градежно земјиште;
- договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште;
- договор за концесија на Владата на Р.М. со која државен орган, агенција или фонд на основачи од Владата на Р.М.;
- единица на локална самоуправа која се стекнала со право на градење;
- договор со заедницата на сопственици на делови на објектот;
- писмена согласност од мнозинството на сопственици на посебните делови од половина од вкуп ната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост или имотен лист со запишано право на сопственост на Р.М. или конечно решение експропријација доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби );
8. Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште;
9. Решение за трајна измена на режим на сообраќај од надлежен орган доколку се бара одобрение за придружно – услужни објекти на општински патишта;
10.Овластување за изградба на градби за производство на електрична и топлинска енергија од надлежен орган доколку се бара одобрение за градби за производство на електрична енергија;
11.Нотификација за пренос на електронски податоци издадена од Агенцијата за електронски комуникации доколку се бара одобрение за електронски и комуникациски мрежи и средства;
12.Решение со кое се одобрува основање на депонија издадено од надлежен орган доколку се бара одобрение за депонии за интерен отпад;
13.Доказ за извршена уплата на административна такса за издавање на одобрение за градење во износ од 3050 ден. согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за административни такси.
ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ЗА ОДОБРЕНИЕ НА ГРАДБА
За да пристапите на почетната страна на системот за електронско издавање на одобрение за градење, потребно е да ја внесете следната адреса во веб прелистувачот:www.gradezna-dozvola.mk
Извод од ДУП
-барање
-имотен лист (копија)
-скица
-уплатница 500 ден или 750 ден
Одобрение за Идеен Проект
–ФАЗА А (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
-Извод од ДУП
-Имотен лист
-Полномошно
-Административна такса
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ И СТОКА ВО ВНАТРЕШЕН И / ИЛИ МЕЃУНАРОДЕН ПАТЕН СООБРАЌАЈ
Кон барањето се доставуваат следните документи:
1. Доказ за извршена уплата на административна такса.
2. Тековна состојба не постара од 6 (шест) месеци.
3. Доказ дека е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за одделни видови превози или да има договор за лизинг (фотокопија од сообраќајните дозволи на возиллата регистрирани на име на фирмата, заверени на нотар).
4. Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко – експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај издадени од станиците за технички преглед на моторните возила со точно утврдена класа на возилото или сертификат за исполнување на критериумите за безбедност на возилата.
5. Копии од обрасците М1/М2 и список на вработени по обврзник од ФПИО не постар од 60 дена.
6. Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирмата, односно на овластеното лице одговорно за превоз кое е во редовен работен однос кај превозникот.
7. Потврда дека не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството и од областа во безбедноста со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице.
8. Потврда дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со казна затвор од една до десет години, за време на извршувањето на казната, за правното лице и управителот на правното лице.
Барање за одобрување на возен ред за нова линија и промена на возен ред за одобрена линија
Кон барањето ја приложувам следната документација:
- Копија од лиценцата за вршење на општински линиски превоз на патници – оригиналот достапен на увид
- Доказ дека поседувам најмалку две возила во сопственост или по договор на лизинг со најмалку (8 +1) седиште кои ги исполнуваат посебните техничко- експлоатациони услови пропишани за возилата за вршење на превоз на патници (сообраќајни дозволи во фотокопија или договор за лизинг во фотокопија) – оригиналот достапен на увид
- Вработени возачи во редовен работен однос кои ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност во патниот сообраќај (М1/М2) образец во фотокопија) – оригиналот достапен на увид
- Предлог возен ред изработен од превозникот
Измени во тек на градба
–ФАЗА А (одобрена состојба и измени во тек на градба) (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
-и другите фази доколку имат измени
-Одобрение
-Ревизија
-Извод од ДУП
-Имотен лист
-Полномошно
-Согласност од проектант
-Мислење од ИЗИИС
-Административна такса
-Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Одобрение за Адаптација со Пренамена
–ФАЗА А (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
–ФАЗА ГК (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
–ФАЗА Е (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
–ФАЗА ВК (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
-Ревизија
-Извод од ДУП
-Имотен лист
-Полномошно
– Договор со заедница на сопственици на посебни делови или писмена согласност од мнозинство сопственици на посебни делови
-Мислења и согласности за пренамена
-Доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште
-Административна такса
-Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Одобрение за Адаптација
–ПРОЕКТ ЗА АДАПТАЦИЈА (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
-Извод од ДУП
-Имотен лист
-Полномошно
-Административна такса
-Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Одобрение за Пренамена
–ФАЗА А (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
–ФАЗА ГК (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
–ФАЗА Е (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
–ФАЗА ВК (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
-Ревизија
-Извод од ДУП
-Имотен лист
-Полномошно
– Договор со заедница на сопственици на посебни делови или писмена согласност од мнозинство сопственици на посебни делови
-Мислења и согласности за пренамена
-Доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште
-Административна такса
-Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Одобрение за Реконструкција
–ФАЗА А (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
-и другите фази доколку имат измени
-Ревизија
-Извод од ДУП
-Имотен лист
-Полномошно
– Мислења и согласности за реконструкција
-Доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште
-Административна такса
-Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Одобрение за Доградба или Надградба
–ФАЗА А (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
–ФАЗА ГК (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
–ФАЗА Е (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
–ФАЗА ВК (PDF, DWG потпишани со електронски потпис)
-Ревизија
-Геодетски елаборат
-ЕЕ потврда
-Извод од ДУП
-Имотен лист
-Полномошно
-Мислење од ИЗИИС
-Административна такса
-Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Одобрение за Подготвителни Работи
-ПРОЕКТ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ
-Извод од ДУП
-Имотен лист
-Полномошно
-Административна такса
-Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Одобрение за Промена на Инвеститор
-Имотен лист
– Права и обврски кои инвеститорот ги имал со учесниците
– Решение на стечаен судија
– Права и обврски кои инвеститорот ги имал како резултат на склучени договори
-Полномошно
-Административна такса
БАРАЊЕ ЗА УВИД НА ЛИЦЕ МЕСТО
ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
Барам да се изврши увид на лице место кај странката : _______________________________
ул./нас/сел. ,, ____________________________ “
бр. ____ во Македонски Брод,
Врска со : ______________________________.
Потврда за платена административна такса во вредност од 50,00 денари.
Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола
-Барање до општина Македонски Брод, Одделение за заштита на животната средина (Согласно Правилникот за постапка за издавање на дозвола за усогласување со оперативен план-Сл.весник на РМ бр.4/06)
Висината на таксата зависи од видот и големината на емисиите во животната средина и врз основа на површината што ја зафаќа инсталацијата.
Издавање на решение за комунална такса (фирмарина)
-Барање до општина Македонски Брод
- Решение за регистрирање на фирма или друг деловен субјект издадено од Централен регистар
50 ден- Административна такса
Издавање на решение за данок на имот
-Даночна пријава-(образец ДИ)
-Имотен лист(фотокопија, и оригинал на увид)
-Договор за купопродажба (оригинал)
-Договор за подарок (оригинал)
-Лична карта (на увид)
50 ден- Административна такса
Издавање на решение за наследство и подарок
-Даночна пријава-(образец ДИ-НП)
-Имотен лист(фотокопија,и оригинал на увид)
-Договор за подарок,Решение од овластен суд, Решение од нотар(оригинал)
-Извод од матична книга на родени,на примателот на поклонот
-Лична карта (на увид)
300 ден- Административна такса
200 ден – Други локални такси
Издавање на решение за утврден данок на промет на недвижност
-Даночна пријава- (образец ДИ-ПН)
-Имотен лист (фотокопија,и оригинал на увид)
-Договор за купопродажба (оригинал)
-Лична карта (на увид)
300 ден- Административна такса
200 ден – Други локални такси
Посредување при остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
- Барање за пристап до информации од јавен карактер (Образец ПП);
(Одлука за утврдување на надомест за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на инфорамции - Службен весник бр.19-6310/1 од 24 .12.2006 година)
СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
