МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Одобрение за градење на градби од прва категорија

Изведувањето на градби може да започне со издавањето на одобрение за градење. Градбите и деловите од градби изградени без одобрение за градење се бесправни градби. Деловите од градбата изградени спротивно на заверениот проект и одобрението за градење се основ за ништовност на одобрението за градење.

Одобрение за градење на градби од втора категорија

Изведувањето на градби може да започне со издавањето на одобрение за градење кое е правосилно во управната постапка. Градбите и деловите од градби изградени без одобрение за градење се бесправни градби. Деловите од градбата изградени спротивно на заверениот проект и одобрението за градење се основ за ништовност на одобрението за градење.

Одобрение за доградба на градби од втора категорија

Изведувањето на надградби може да започне со издавањето на одобрение за надградба кое е правосилно во управната постапка. Надградбите изградени без одобрение за надградба се бесправни градби.

Одобрени за надградба на градби од прва категорија

Изведувањето на доградби може да започне со издавањето на одобрение за доградба кое е правосилно во управната постапка. Доградбите изградени без одобрение за градење се бесправни градби.

Одобрение за надградба на градби од втора категорија

Изведувањето на надградби може да започне со издавањето на одобрение за надградба кое е правосилно во управната постапка. Надградбите изградени без одобрение за надградба се бесправни градби.

Одобрение за доградба на градби од прва категорија

Изведувањето на доградба може да започне со издавањето на одобрение за доградба. Доградбите изградени без одобрение за доградба се бесправни градби. Деловите од градбата изградени спротивно на заверениот проект и одобрението за градење се основ за ништовност на одобрението за градење.

Одобрение за надградба на градби од прва категорија

Изведувањето на надградба може да започне со издавањето на одобрение за надградба. Надградбите изградени без одобрение за надградба се бесправни градби. Деловите од градбата надградени спротивно на заверениот проект и одобрението за градење се основ за ништовност на одобрението за надградба.

Измени во текот на градбата

Во текот на изградбата можат да се направат измени на градбата, доколку со измените не се влијае на исполнување на кое било основно барање за градбата и не се менува усогласеноста на градбата со параметрите од урбанистичкиот план, државната, односно локалната урбанистичка планска документација, урбанистичко-планска документација за туристичка развојна зона, урбанистичко-планска документација за автокамп или проектот за инфраструктура.

Промена на инвеститор во текот на градбата

Доколку во текот на градењето се смени инвеститорот, за настанатата промена новиот инвеститор е должен, да го извести органот надлежен за издавање на одобрението за градење и со известувањето да достави доказ дека има статус на инвеститор.

Одобрение за употреба на градби, надградби и доградби од втора категорија

Градбата од прва и втора категорија и надградбите категорија ќе се стави во употреба по издавање на одобрение за употреба за градбите, по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба.

Одобрение за употреба на градби од прва категорија

Одобрението за употреба на објектот му се издава на инвеститорот врз основа на доказ од јавната книга за запишување на правата на недвижностите - имотен лист со запишано право на сопственост, други стварни права и сите предбелешки и прибелешки или друг доказ за стекнато право на градење согласно со закон.

Одобрение за употреба на градби за индивидуално домување со бруто порвшина до 300 м2

Градбата од прва и втора категорија и надградбите категорија ќе се стави во употреба по издавање на одобрение за употреба за градбите, по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба.

Одобрение за пренамена на објект

Објектот се употребува согласно со неговата намена. По исклучок, посебен дел од објект, стан или дел од стан, може да се пренамени, реконструира или да се адаптира, под услови утврдени со Законот за градење.

Одобрение за реконструкција на објект или дел од објект

Реконструкција на објект или дел од објект, се врши во случаите кога е донесена одлука од општината, општината во градот Скопје или градот Скопје.

Одобрение за адаптација на посебен дел од објект, стан или дел од стан

Адаптација е изведување на градежни и други работи на постоен објект со кои се врши промена на организацијата на просторот во објектот, се врши замена на уреди, постројки, опрема и инсталација од ист капацитет.

Одобрение за подготвителни работи за градби од втора категорија

За изградба на градби по потреба можат да се изведат подготвителни работи. Подготвителни работи се вршат по добиено одобрение за подготвителни работи. Инвеститорот или изведувачот поднесува писмено барање за добивање на одобрение за подготвителни работи. Со одобрението за подготвителни работи се организира градилиштето со поставување на градби, кои се во функција на изградбата на градбата.

Одобрение за подготвителни работи за градби од прва категорија

Подготвителни работи се работи на изведување на привремени градби и други активности заради организирање и уредување на градилиштето, како и овозможување на примена на соодветни градежни и технолошки работи.

Одобрение на идеен проект за градби од втора категорија

Проектната документација се доставува во електронска форма и во (.PDF) и во (.DWG) формат, во еден или повеќе електронски записи, потпишани со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач на начин утврден во Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на зaверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи, при што во (.PDF) формат се доставуваат сите делови од проектната документација (општ, урбанистички и проектен дел), а во (.DWG) формат само цртежите.

Одобрение на идеен проект за градби од прва категорија

Идеен проект е збир на меѓусебно усогласени графички прикази и документи со кои се утврдуваат основните облици, функционалните и техничките решенија на градбата и се прикажува поставеноста на градбата во локацијата и истиот се изработува врз основа на изводот од урбанистичкиот план, планската документација, односно проектот за инфраструктура.

Решение за изведување на градби за кои не е потребно одобрение за градење

За определни градби таксативно утврдени во законот за градење не е потребно да се прибави одобрение за градење. Во таков случај инвеститорот треба да прибави решение од општината за изградба на градби за кои не е потребно одобрение за градење.

Отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија по пат на јавно наддавање

Постапката за отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на јавно наддавање, се спроведува со електронско јавно наддавање.

Давање под долготраен закуп на градежно земјиште на република македонија по пат на јавно наддавање

Постапката за отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на јавно наддавање, се спроведува со електронско јавно наддавање.

Отуѓување на градежно земјиште во споственост на република северна македонија доколку е донесена одлука за одземање на надлежностите за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република северна Македонија

Постапката за отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на јавно наддавање, се спроведува со електронско јавно наддавање.

Одобрение за времен режим на сообраќај на државните патишта

За добивање на одобрение за времен режим на сообраќај на државните патишта се поднесува барање во електронска форма до Министерството за транспорт и врски.

Одобрување на државна урбанистичко-планска документација

Државната урбанистичко-планска документација се изработува врз основа на Решение за услови за планирање на просторот/Извод од Просторен план и се одобрува од страна на Министерството за транспорт и врски согласно одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Одобрување на урбанистичко-планска документација за туристичка развојна зона

Урбанистичко-планска документација за туристичка развојна зона е планска документација со која може да се врши уредување и користење на просторот со определување на една или повеќе градежни парцели, во плански опфат и надвор од плански опфат, заради формирање на туристичка развојна зона. Урбанистичко-планска документација за туристичка развојна зона се изработува врз основа на услови за планирање на просторот и/или извод од урбанистички план.

Одобрување на урбанистичко-планска документација за автокамп

Урбанистичко-планска документација за автокамп е планска документација со која може да се врши уредување и користење на просторот со определување на една или повеќе градежни парцели, во плански опфат и надвор од плански опфат, заради формирање на автокамп.

(Агенција за планирање на просторот)

Решение за услови за планирање на просторот

За согледување на планските можности за планирање на просторот, органот надлежен за изработка на планската програма односно подносителот на барањето должни се пред изработка на планската програма да обезбедат услови за планирање на просторот. Решението за Услови за планирање на просторот е извод од просторниот план во која се наведени поблиските услови за изработка на плановите од пониско ниво.

Заверка на архитектонско-урбанистички проект за градби од прва категорија

Архитектонско-урбанистичкиот проект го изработува правно лице кое има лиценца за изработка на урбанистичките планови.

Одобрување на проектот за инфраструктура за линиски инфраструктурни објекти од прва категорија

Проектот за инфраструктура се изработува согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење, а врз основа на извод од Просторен план или извод од урбанистичките планови или извод од урбанистичко-планската документација при што истиот ја прикажува трасата на инфраструктурата.

Решение за траен режим на сообраќај на државни патишта

За добивање на решение за траен режим на сообраќај на државните патишта се поднесува барање во електронска форма до Министерството за транспорт и врски.

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
Избери јазик»
Scroll to Top