Регистрација за цели на данокот на додадена вредност
Регистрацијата за ДДВ се врши со поднесување на Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).
Пријавата за регистрација за ДДВ се поднесува до:
15-ти јануари во тековната година од даночните обврзници кои: – во изминатата календарска година оствариле вкупен оданочив промет над 1.000.000 денари – доброволно се регистрираат за целите на ДДВ
15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот, од даночните обврзници кои во текот на календарската година го надминат износот на остварен вкупен промет од 1.000.000 денари.
За извршената регистрација за целите на ДДВ, УЈП донесува решение за регистрација за данокот на додадена вредност во кое го назначува датумот на почеток на регистрацијата за ДДВ, првиот даночен период, како и даночниот период на поднесување на ДДВ пријавите,
Отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност
Доколку даночниот обврзник сака да се одјави од регистарот на ДДВ обврзници треба да поднесе Пријава за отповикување на регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01Б) до надлежната Регионална дирекција на УЈП или по електронски пат.
Пријавата за отповикување на регистрација за ДДВ се поднесува најдоцна до 15-ти јануари во годината од која даночниот обврзник сака да престане да биде регистриран за данокот на додадена вредност.
Доброволно регистрирање за целите на данокот на додадена вредност
Сите даночни обврзници правни или физички лица како и здружувања на лица кои вршат стопанска дејност оданочива за целите на ДДВ можат доброволно да се регистрираат за целите на ДДВ со поднесување на Пријава за регистрација за целите на ДДВ (“образец ДДВ-01“).
Олеснување односно ослободување од данок на дивиденда
Барање за олеснување односно ослободување од данок на дивиденда поднесува странско правно лице заради избегнување на двојно оданочување. Се користи Образец “ЗД-О/ДИ“
Олеснување односно ослободување од данок на камата
Барање за олеснување односно ослободување од данок на камата има право да поднесе странско правно лице заради одбегнување на двојно оданочување. Се користи образец “ЗД-О/КА“
Олеснување односно ослободување од данок на приходи од авторски права
Барање за олеснување односно ослободување од данок на приходи од авторски права поднесува странско правно лице заради избегнување на двојно оданочување. Се користи образец “ЗД-О/АП“.
Барање за враќање на данок на други приходи странско правно лице има право да поднесе заради поврат на повеќе платениот данок согласно одбегнувањето на двојното оданочување. Се користи Образец “ЗД-В/ДП“.
Доколку сте странско правно лице имате право да поднесе Барање за враќање на данок на камата заради поврат на повеќе платениот данок согласно одбегнувањето на двојното оданочување. Се користи Образец “ЗД-В/КА“.
Доколку сте странско правно лице имате право да поднесе барање за враќање на данок на приходи од авторски права, заради поврат на повеќе платениот данок согласно одбегнувањето на дфвојното оданочување, Се користи Образец “ЗД-В/АП“.
Барање за враќање на данок на други приходи странско правно лице има право да поднесе заради поврат на повеќе платениот данок согласно одбегнувањето на двојното оданочување. Се користи Образец “ЗД-В/ДП“.
Враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за данок на додадена вредност
Доколку сте биле спречени, не по своја вина, да го запазите законскиот рок за поднесување на Пријавата за регистрација за ДДВ (ДДВ 01) имате право да поднесете Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ.
Издавање дозвола за производство и продажба на фискален систем на опрема
Ако сте правно лице заинтересирано за вршење на производство и продажба на фискален систем на опрема треба да поднесете барање до Управата за јавни приходи за добивање на дозвола за одобрување на производство и продажба на соодветен модел на фискална апаратура.
Враќање на данок на додадена вредност на непрофитни организации
На непрофитните организации им се одобрува враќање на данокот за прометот на добра и за увозот реализиран спрема нив, доколку ги исполнуваат законските услови за враќање.
Враќање на данокот на додадена вредност на даночни обврзници кои немаат седиште или подружница во земјата и кои не извршуваат никаков промет во неа
Даночни обврзници кои немаат седиште или подружница во земјата и кои не извршуваат никаков промет во неа или кои не должат данок за прометот, но имаат статус на даночни обврзници за ДДВ во друга земја, може да бараат враќање на ДДВ.
Враќање на данок на додадена вредност на шефот, членовите на дипломатскиот персонал и конзуларните функционери на странското дипломатското или конзуларното претставништво како и на нивните брачни другари
Персоналот на дипломатски и конзуларни претставништва за стекнување на добра или користење на услуги за лични потреби или за потреби на членовите на семејствата кои ги сочинуваат нивните домаќинства да можат да бараат враќање на ДДВ на образецот “ДДВ-13/а”.
За добивање потврда за регистриран или нерегистриран даночен обрзник за целите на данокот на додадена вредност, поднесете Барање (образец ДДВ-БП) до Управата за јавни приходи.
Доколку имате основано право на враќање на повеќе или погрешно наплатен данок, имате право да поднесете барање за враќање до Управата за јавни приходи.
Доколку сте резидентно правно лице, државен орган, организација или орган на единиците локалната самоуправа, постојана деловна единица на нерезидентно правно лице, резидентно физичко лице, нерезидентно физичко лице, треба да поднесете пријава за регистрација во рок од пет дена од денот на започнување на дејноста.
Доколку сте биле спречени, не по своја вина (болест, елементарна непогода или друга случка), да запазите законски рок или рок што го определила Управата за јавни приходи тогаш, по Ваше барање, треба да Ви се дозволи враќање во поранешна состојба. Вината на застапникот оди на товар на даночниот обврзник-барателот.
Продолжување на доспеаност на плаќање на данок (кога барањето се поднесува поради тоа што доспеаноста за плаќањето претставува нарушување на постоењето на барателот)
Вие како даночен обврзник може да поднесете барање до УЈП за продолжување на доспеаноста на плаќањето на данок во случај кога доспеаноста би Ви претставувала нарушување на Вашето постоење поради објективни околности кои настанале непосредно пред доставувањето на барањето.
Како даночен должник можете до Управата за јавни приходи да поднесете Барање за одлагање на плаќање на даночен долг со кое може да барате да Ви се одложи плаќањето на даночниот долг на рати но најмногу до 36 еднакви месечни рати или еднократно за определен рок.
Промена на број на преостанати рати кај одложено плаќање на даночен долг
Вие како даночен обврзник може до Управата за јавни приходи да поднесете Барање за променa нa бројот на преостанатите рати кај одобреното одложено плаќање на даночен долг.
Замена на видот на гаранцијата за обезбедување на плаќање на даночен долг
По одобрено одложено плаќање на даночен долг можете до Управата за јавни приходи, да поднесете барање со кое можете да барате замена на гаранцијата која Ви е дадена за обезбедување на плаќање на даночен долг.
Бришење на залогот воспоставен во постапка на присилна наплата
Кога во постапка на присилна наплата е запленет имот со воспоставување на залог од страна на Управата за јавни приходи, залогот трае до намирување на даночниот долг или поништување на даночното решение.
Продолжување на доспеаност на плаќање на данок (кога барањето се поднесува поради постоење на сериозни сомневања во правилноста на даночното решение)
Како даночен обврзник може да поднесете барање за продолжување на доспеаноста на плаќањето на данок кога постојат сериозни сомневања во правилноста на даночното решение.
Издавање потврда за даночен резидент на република северна македонија
За да Ви биде издадена потврда за даночен резидент на Република Северна Македонија, треба да поднесете барање кое се поднесува на образец – „Барање за издавање на потврда за даночен резидент – Б/ПДР“, во формат А-4 на хартија во бела боја.
Враќање на данокот на додадена вредност на членови на меѓународни организации
Членови на меѓународни организации за прометот на добра и услуги извршени спрема нив можат да поднесат барање за враќање на ДДВ со поднесување на образец ДДВ-14а до Управата за јавни приходи.
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип