ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Барање за одобрување на еднократна парична помош на лицата со попреченост на подрачјето на Општина Валандово
Еднократната парична помош, согласно оваа Одлука им се одобрува на лица поради попреченост во менталниот или телесниот развој и ги опфаќа следните категории на лица:
− Со тешка или длабока интелектуална попреченост;
− Со пречки во телесниот развој;
− Со аутизам;
− Потполно слепо лице;
− Потполно глуво лице;
Подносителот на барањето за доделување на еднократна парична помош за себе или за член од семејството приложува:
− Наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченоста и посебните потреби на лица со пречки во развојот издадено од соодветна установа или потврда од центарот за социјални работи дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост врз основа на конзилијарно мислење од првостепена комисија составена од тројца лекари специјалисти од соодветна терцијална здраствена установа.
− Важечка лична карта за лицето кое бара еднократна парична помош, или лична карта на родител/старател.
− Трансакциска сметка за лицето кое бара еднократна помош или трансакциска сметка на родител/старател.
БАРАЊЕ за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено на подрачјето на Општина Валандово
Во прилог на Барањето ја доставувам следнава документација:
1. фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето) или
2. за посвоено дете: фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето) и
фотокопија од примерок од Решение за посвојување/адoпција
3. на увид важечка лична карта или патна исправа од барателот.
Барање за доделување на еднократна парична помош на семејства за запишување на дете во прво одделение во Општинските основни училишта
Еднократната парична помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата, до aрхивата на Општина Валандово, со уредно приложена документација со која ќе се потврди запишувањето на првачето во основно училиште на територијата на Општина Валандово, сродството со првачето, лична карта и трансакциска сметка на име на еден од родителите (подносител на барањето).
Барање за субвенционирање на семејства кои имаат ученик запишан во прва година во СОУ „Гоце Делчев” Валандово во учебната 2024/2025 година
За остварување на правото на субвенционирање на семејствата кои имаат ученик запишан во прва година, се поднесува Барање до Општина Валандово, во период од 01.06.2024 година до 30.09.2024 година.
Со Барањето за остварување на правото на субвенција на семејствата кои имаат ученик запишан во прва година се приложуваат следните документи:
- Потврда за запишан ученик во прва година за прв пат во учебната 2024/2025 година издадена и заверена од Средното општинско училиште „Гоце Делчев” Валандово;
- Фотокопија од важечки лични карти или патни исправи од родителите/старателите на ученикот;
- Извод од матична книга на родените за ученикот;
- Фотокопија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите.
Барање за доделување на средства во вид на еднократна парична помош на лица со попреченост
ПРИЛОЖЕНА ДОКУМЕНТАЦИЈА: (да се означи со х)
Наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченоста и посебните потреби на лица со пречки во развојот издадено од соодветна установа или потврда од центарот за социјални работи дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост врз основа на конзилијарно мислење од првостепена комисија составена од тројца лекари специјалисти од соодветна терцијална здраствена установа.
Важечка лична карта за лицето кое бара еднократна парична помош, или лична карта на родител/старател
Трансакциска сметка за лицето кое бара еднократна помош или трансакциска сметка на родител/старател.
Барање за доделување на средства во вид на еднократна парична помош
ПРИЛОЖЕНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
1. Фотокопија на важечка лична карта;
2. Фотокопија на извод од матичната книга на умрените, за починат член на семејството (доколку барањето се однесува за состојба на социјален ризик поради смрт);
3. Потврда од Агенцијата за вработување на Р.С.Македонија, за неврботени членови на семејството (доколу се работи за состојба од социјален ризик поради невработеност); и
4. Фотокопија од Трансакциска сметка;
Барање за издавање извод од урбанистички план
Барам насловот да ми издаде ИЗВОД од Урбанистичкиот план за
КП бр. ________________ во СЗО _______________________________________ .
Изводот ми е потребен за:
1. Регулирање имотно-правните односи;
2. Добивање решение за локациски услови за градба;
Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти
Кон барањето за утврдување на правен статус, приложувам:
1. Уверение за државјанство или копија од лична карта;
2. Доказ за приклучок на комуналната инфраструктура и/или сметки за јавните
услуги (струја, вода, итн.);
3. Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба за бесправен објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект;
4. Договор за долготраен закуп на земјиште, доколку земјиштето е во сопственост на друго физичко лице;
5. Договор за купопродажба на земјиште и изјава заверена на нотар, ако закупецот го користи земјиштето 20 години;
6. Известување од нотарот-повереник до оставинскиот суд дека се спроведува
оставинска постапка за земјиштето за кое станува збор;
7. Список на станари, договори за купопродажба на станови во згради;
8. Основен проект - Фаза-Статика, ако бесправниот објект се наоѓа во потенцијално нестабилна зона.
Барање за легализација на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште
Барање за потврдување на помошен објект, оранжерија или објект за примарна преработка на земјоделски производи, бесправно изградени на земјоделско земјиште се поднесува согласно член 13 став 3 од Законот за измени на Законот за земјоделско земјиште (Службен весник на РМ 95/2012) за бесправно изграден објект (вид на бесправно изграден објект), кој е изграден на КП бр._____________, мв_____________________, култура
__________________, класа________________, површина__________м2, евидентирана на имотен лист бр._______ за КО ___________________, во сопственост на
_______________________________.
Барање за одобрение за градба
Во прилог на барањето ви доставувам:
1. Извод од Детален урбанистички план или урбанистички план за село или државна или локална урбанистичка планска документација, а доколку се работи за инфраструктурна градба се приложува проект за инфраструктура сертифициран од надлежен орган,
2. Правно дело за регулирање на меѓусебните права и обврски склучен меѓу инвеститорите за изградба на зграда со број од ____________ година, (доколку има состанок со поголеми инвеститори, вклучувајќи ги и физичките лица заверени од нотар бр. УЗП од ____________ година),
3. Архитектонски и урбанистички проект одобрен од надлежен орган, доколку со урбанистичкиот план или државно односно со локалната-урбанистичко ланската документација е предвидена изградба на овој проект,
4. Основен проект со технички број _____________ изработен од------------------- во три примерока;
5. Писмен извештај и согласност за нострификација (доколку проектот е изработен во странство) бр. __________ од _________ години;
6. Ревизија на основниот проект со бр. _____________ извршена од----------------------
во три примероци (но не за згради наменети за индивидуално домување до 300 м2);
7. Доказ за право на градење (доказ за сопственост со запишано право на сопственост) или право на долгорочен закуп или право на службеност на градежното земјиште или договор за пренос на правото на градење на предметниот објект градежно земјиште или договор за концесија или одлука на Владата на Република Македонија, со која државен орган, агенција или фонд основан од Владата на Република Македонија или единица на локалната самоуправа се стекнала со правото да гради или договор со заедницата на сопственици на посебните делови од зградата или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од зградата ако се работи за доградба или надградба на зградата на првиот кат сопственост или имотен лист со запишано право на сопственост на РМ или конечна одлука за експропријација ако работи за изградба на инфраструктурни градби),
8. Геодетски елаборат со нумерички податоци за градежното земјиште,
9. Одлука за трајна промена на режимот на сообраќај од надлежен орган доколку се бара одобрение за придружно услужни објекти во државни односно општински патишта,
10. Конзерваторско одобрение издадено од Управата за заштита на културното наследство ако се бара одобрение за градби што претставуваат недвижен имот
културно наследство и споменички објекти прогласени со закон или друг акт за заштита како културно наследство,
11. Овластување за изградба на градби за производство на електрична и топлинска енергија од надлежен орган доколку се бара одобрение за градба за производство на електрична и топлинска енергија,
12. Нотификација за пренос на електронски податоци издадено од Агенцијата за електронски комуникации доколку се бара одобрение за електронски комуникациски мрежи и средства,
13. Решение со кое се одобрув основање на депонија издадено од надлежен орган доколку се бара одобрение за депонии за опасен отпад, депонии за неопасен отпад и депонии за инертен отпад,
14. Доказ за извршена уплата на административна такса за издавање на
одобрение за градење во износ од ---------денари согласно Законот за измени на законот за административни такси.
Барање за издавање на одобрение за пренамена од станбен во деловен простор
Во прилог на барањето ви доставувам:
1. Основен проект со технички број _________ изработен од _______________________________________ во ____ примероци;
2. Ревизија на основниот проект со бр. _________ извршена од ------------------------
во ____ примероци;
3. Доказ за плаќање на административна такса за издавање на одобрение за градење во износ од _______ денари согласно Законот за административни такси, Тарифен број ---------.
4. Доказ од јавната книга за запишување на правата на недвижностите - имотен лист, со запишано право на сопственост, други стварни права и сите предбелешки и прибелешки или друг доказ за стекнато право на градење согласно закон;
5. Извод од урбанистичкиот план;
6. Доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште.
Барање за одобрение за отстранување на објект
Во прилог на барањето ви го доставувам:
1. Проект за отстранување на објект со технички број________________ изработен од_________________________________________
2. Доказ за сопственост на имотот
3. Доказ за плаќање на административна такса за издавање на одобрение за градење во износ од 300 денари согласно Законот за надминистративни такси
Барање за потврда за парцела
Барам насловот да ми издаде ПОТВРДА дека КП бр. ________________ во КО_________, која се наоѓа во/ вон планскиот опфат на урбанистички план или план во процес на усвојување.
Барање за потврда за правен статус на парцела
Барам насловот да ми издаде ПОТВРДА дека КП бр. ________________ во КО_________,, има/нема поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект.
Барање за пријавување на имот
Приложувам :
Фотокопија од лична карта
Имотен лист од парцелата на кој е имотот.
Барател за промена на барател за легализација
Во прилог на барањето ви го доставувам:
1. Копија од личната карта на подносителот на барањето за промена на барател;
2. Нотарски акт;
3. Доказ за правата на земјиштето на кое е изграден бесправниот објект;
4. Доказ за платена административна такса во износ од 300 денари согласно Законот за административни такси.
Барање за издавање на решение за промена на инвеститор
Во прилог на барањето ви го доставувам:
1. Одобрение за градење број----------- издадено од Градоначалникот на Општина Валандово;
2. Доказ за плаќање на административна такса за издавање на одобрение за градење во износ од 1050 денари согласно Законот за административни такси, тарифен број 91.
3. Доказ од јавната книга за запишување на правата на недвижностите - имотен лист, со запишано право на сопственост, други стварни права и сите предбелешки и прибелешки и друг доказ за стекнато право на градење согласно закон;
Барање за поставување на урбана опрема
Со барањето приложувам:
1. Имотен лист за објектот во кој е сместен угостителскиот објект или договор за закуп со сопственикот на угостителскиот објект.
Барање за издавање уверение за точна адреса
Приложувам :
Фотокопија од лична карта
Уплатница од 100,00 денари на образец ПП50
Фотокопија од купопродажен договор и имотен лист (поседовен лист)
Барање за користење на простор за рекламни паноа
Барам од горенаведениот наслов во согласност со Одлуката за утврдување и наплата на комунална такса во општина Валандово (Службен весник на општината Валандово бр. 08-61/4 од 21-12-2005 ) ДА МИ ОДОБРИТЕ користење на простор за истакнување на реклами, рекламни паноа и огласи на јавни места
што се наоѓа на ул._______________________ бр.__________ во ________________
за периодот од _____________________ до __________________________ во вкупна
површина од __________________м2, и исто се обврзувам утврдената комунална такса да ја платам веднаш на општина Валандово.
Кон барањето ги приложувам следните документи:
1. Фотокопија од Решението за регистрација на фирмата;
2. ЕДБ__________ и
жиро-сметка___________________на правно лице;
3. Телефонски број_____________________.
Барање за издавање на решение за одобрување на елаборат за заштита на животната средина
Кон барањето се приложува:
1. Потврда за подмирени обврски спрема Општината (Одд. за финансии);
2. Елаборат за заштита на животната средина со технички бр. ___________________
(три примерока во печатена форма и еден во електронска форма);
3. Уплатница со платена административна такса од 650,00 денари;
Барање за потврда за ИПАРД
Ве молиме да ни издадете Потврда дека нашата инвестиција е во согласност со Стратегијата за Локален развој.
Потврдата ни користи за комплетирање на документацијата за аплицирање во ИПАРД програмата, а во согласност со утврдените критериуми во постапката за аплицирање.
Самата инвестиција според ИПАРД програмата има за цел достигнување на ЕУ стандардите кои во исто време значат унапредување на нашата работа од сите аспекти и заштита на животната средина.
Во прилог Ви доставуваме копија од (Технички план или Бизнис план) од кој се гледа карактерот на инвестицијата и сите позитивни аспекти и каде се опишани активностите кои ќе се преземат за целосно исполнување на ЕУ стандардите.
Приложувам :
Потврда за подмирени трошоци спрема Општината (Одделение за финансии);
Уплатница за Административна такса (650,00 денари);
Лична карта;
Барање за ослободување од комунална такса за јавно осветлување
Во прилог на барањето да се достави:
Уплатница за платена административна такса од 300,00 денари на ж.с-ка
Цел на дознака-административна такса, Примач - Трезорска сметка - Општина
Валандово,
Банка - Народна Банка на РСМ,
100000000063095,
уплатна сметка840 108 03182,
приходна шифра 722 315
Доказ за сoпственост над објектот за кој се бара ослободување (Фотокопија од имотен лист)
Последна уплатена сметка
Фотокопија од лична карта
Образец за барање за Б - Интегрирана еколошка дозвола
Барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола до Општина Валандово;
Пополнето Барање согласно Правилникот за постапката за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола („Сл. Весник на РМ“ бр. 112/14 и 42/16);
Уплатница
СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
