МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД
Издавање согласност за обезбедување креативни услуги од областа на кулурата кои се извршуваат во угостителски објекти
Ако сте странци кои самите обезбедувате креативни услуги кои ги давате, односно извршувате во угостителските објекти, а тие креативни услуги се од областа на културата како учесници во културни работилници, состаноци, колонии и други културни настани или како известувачи за вакви настани, како креатори и преработувачи од областа на музиката, музички изведби, ора, балет и литературни дела, фотографија, видео, филм и уметност на електронски медиуми, како придружен персонал за инструктори, известување и организациски и технички персонал и како експерти од областа на заштитата на културното наследство, библиотекарство, архиварство и креативната култура, а не престојувате во државата повеќе од седум дена сте должни, да добиеете претходна согласност од Министерството за економија.
Решение за овластување за техничка служба
Оваа услуга ви овозможува добивање на овластување, правното лице поднесува барање до органот за одобрување, кој во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето доставува предлог до министерот за економија. Доколку предлогот од органот за одобрување е позитивен, министерот за економија во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот донесува решение за овластување на правното лице за техничка служба.
Решение за овластување за вршење работи на идентификација и идентификација и оцена на техничката состојба на возилата
Работите за идентификација и идентификација и оцена на техничката состојба можат да ги извршуваат правни лица за технички преглед кои се овластени со решение од министерот за еконимија.
Правното лице за технички преглед не може да врши технички преглед, односно идентификација или идентификација и оцена на техничката состојба на сопствените возила.
Лиценца A – за вршење на туристичка дејност
За добивање лиценца „А“, туристичката агенција мора да ги исполнува следниве услови – организатор на патување:
да склучи годишен договор со осигурително друштво за осигурување за одговорност од вршење на дејноста во износ од 100.000 евра во денарска противвредност или да обезбеди банкарска гаранција во износ од 100.000 евра;
лицето кое раководи со туристичката агенција треба да има сертификат за раководење со туристичката агенција;
да има најмалку 4 вработени лица, од кои најмалку 1 лице со високо образование и две лица со доказ дека познаваат еден од светските јазици и
да има туристички придружник при секоја реализација на патувањето во земјата или странство за најмалку 10 лица, како и туристички водич за посета и разгледување на туристичките места.
Барањето за издавање на лиценца А за вршење на туристичка дејност се поднесува до Министерството за економија комплетирано со потребната документација.
Лиценца Б – за вршење на туристичка дејност
За добивање лиценца “Б” туристичката агенција – посредник во продажба на туристичко патување, мора да ги исполнува следниве услови:
да има најмалку едно вработено лице, со доказ дека познава еден од светските јазици и
да има склучено договор за соработка со туристичка агенција – организатор на патување со лиценца “А”.
Барањето се поднесува до Министерството за економија комплетирано со потребната документација.
Издавање на Лиценца за вршење на угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор
Угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор се врши врз основа на лиценца. Хотелите со најмалку четири ѕвездички можат да ја вршат дејноста без лиценца.
За добивање на лиценцата угостителот е должен да поднесе барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок до Министерството за економија за давање услуги:
кабаре – во денарска противвредност од 2.500 до 5.000 ЕВРА;
ноќен бар – во денарска противвредност од 5.000 до 7.000 ЕВРА и
дискоклуб и дискоклуб на отворен простор – во денарска противвредност од 7.000 до 10.000 ЕВРА.
Издавање на Решение за утврдување на категорија на угостителски објекти за сместување
Угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, пансион, туристички апартман планинарски и ловни домови и), како и угостителскиот објект за исхрана – ресторан и национален ресторан – меана, пред започнување со вршење на дејноста задолжително се категоризираат според условите и стандардите пропишани за одделни видови на овие објекти во поглед на уредувањето, опремувањето и квалитетот на услугите со ѕвездички.
Решението за категоризација на угостителски објекти се издава на барање на угостителот доставено до комисијата за категоризација.
Барањето за издавање на Решение за категоризација на угостителски објекти се поднесува на два идентични обрасци со еден прилог на докази.
Барањето се поднесува на образец кој содржи:
податоци од упис во трговскиот регистар;
фирма и адреса на угостителот;
вид, назив и седиште на угостителскиот објект;
услугите кои ќе бидат предмет на работење на угостителскиот објект;
известие – пријава за работа;
предлог на категорија на угостителскиот објект и
податоци и докази за раководителите и другите вработени.
Издавање на Решение за категоризација на угостителски објекти-ресторани
Угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, пансион, туристички апартман планинарски и ловни домови и), како и угостителскиот објект за исхрана – ресторан и национален ресторан – меана, пред започнување со вршење на дејноста задолжително се категоризираат според условите и стандардите пропишани за одделни видови на овие објекти во поглед на уредувањето, опремувањето и квалитетот на услугите со ѕвездички.
Опис на постапка:
Решението за категоризација на угостителски објекти се издава на барање на угостителот доставено до комисијата за категоризација.
Барањето за издавање на Решение за категоризација на угостителски објекти се поднесува на два идентични обрасци со еден прилог на докази.
Барањето се поднесува на образец кој содржи:
податоци од упис во трговскиот регистар;
фирма и адреса на угостителот;
вид, назив и седиште на угостителскиот објект;
услугите кои ќе бидат предмет на работење на угостителскиот објект;
известие – пријава за работа;
предлог на категорија на угостителскиот објект и
податоци и докази за раководителите и другите вработени.
Издавање на Решение за добивање ознака национален ресторан-меана

Предвиден рок за постапката: За извршената категоризација комисиите донесуваат решенија во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето.
Угостителскиот објект не може да започне со работа пред да го добие решението во кое е определена категоријата на угостителскиот објект од страна на Комисијата за категоризација.
На влезот во секој угостителски објект мора да биде на видно место истакната пропишаната ознака на видот и категоријата на угостителскиот објект, при што при огласувањето и рекламирањето на своите услуги угостителот мора да ја употребува само оваа ознака на видот и категоријата на објектот.
Решението за утврдување на категоријата на угостителскиот објект се издава со важност од 3 години.
Доколку се извршат промени во пропишаните стандарди за категоријата на угостителскиот објект утврдена за уредувањето, опремувањето и квалитетот на услугите, угостителот е должен да поднесе барање за нова категоризација во рок од 8 дена од денот на промената на пропишаните стандарди (услови) за категоријата на угостителскиот објект.
Издавање на Решение за добивање на ознака за селски домакинства во руралните средини
Селските домаќинства претставуваат функционална единица на една семејна фарма (во натамошниот текст – објект), каде што на гостите во зависност од видот, им се даваат угостителски услуги за подготовка и послужување на топли и ладни јадења, пијалoци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство, главно од домашно производство, а најмногу за 50 лица истовремено, како и услуги на сместување и други услуги за туристичка потрошувачка.
Под домашно производство се подразбираат:
- земјоделски производи произведени од страна на селските домаќинства кои даваат угостителски услуги и
- земјоделско-прехранбени производи произведени во други селски домаќинства запишани во регистарот за земјоделци, од каде се купуваат производите од страна на селското домаќинство кое дава угостителски услуги.
Под храна и пијалоци типични за регионот на едно селско домаќинство се смета сето она што е подготвено на традиционален начин и дадено како услуга на клиентот на самата локација (локална храна, пијалoци и напивки).
Регистрација на производители на производи од тутун и сродни производи
За да можете да вршите производство на производи од тутун и сродни производи согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (“Службен весник на Република Северна Македонија бр. 98/2019, 27/2020 и 56/2021) треба да сте правно лице регистрирано во трговскиот регистар за вршење на дејност производство на тутунски производи и запишано во регистарот на производители на производи од тутун и сродни производи што го води Министерството за економија.
Регистрација на увозници и извозници на производи од тутун и сродни производи
За да може да вршите промет на производи од тутун и сродни производи, извоз и увоз, согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (“Службен весник на Република Северна Македонија бр. 98/2019, 27/2020 и 56/2021)треба да сте правно лице регистрирано во трговскиот регистар за вршење на дејност трговија на големо со производи од тутун и запишано во регистарот на извозници и увозници на производи од тутун и сродни производи што го води Министерството за економија.
Регистрација на марки на производи од тутун и сродни производи
За да може да ги ставите во промет производите од тутун и сродни производи на пазарот во Република Северна Македонија, согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (“Службен весник на Република Северна Македонија бр. 98/2019, 27/2020 и 56/2021) потребно е да извршите регистрација на марките на производи од тутун и сродни производи кои ги ставате во промет.
Лиценци за продажба на алкохолни пијалоци
За да може да вршите продажба на алкохолни пијалоци на мало согласно Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/11.53/11, 148/13, 164/13 , 97/15, 129/15, 53/16, 120/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21 и 295/21) мора да поседувате лиценца продажба на алкохолни пијалаци.
СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје