ОПШТИНА ПЛАСНИЦА
Постапка за донесување на детален урбанистички план
(Член 27 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за донесување на урбанистички план за село
(Член 28 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за донесување на урбанистички план за вон населено место
(Член 29 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за донесување на урбанистички план за подрачја и градби од државно значење
(Член 30 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за техничка исправка на урбанистички план
(Член 36 од Закон за урбанистичко планирање)
Прифаќање/Неприфаќање на Иницијатива за изработка на урбанистички план
(Член 39 од Закон за урбанистичко планирање)
Спроведување на Јавна презентација и јавна анкета за урбанистички план
(Член 50 од Закон за урбанистичко планирање)
Постапка за одобрување на урбанистички проект
(Член 62 од Закон за урбанистичко планирање)
Урбанистички проект со план за парцелација
(Член 63 од Закон за урбанистичко планирање)
Потврда за урбанистичка усогласеност
(Член 64 од Закон за урбанистичко планирање)
Издавање на извод од ДУП
• Барање за издавање на Извод од детален урбанистички план линк до образец
• Фотокопија од имотен лист не постар од 6 (шест) месеци
• Фотокопија од катастарски план
• Доказ за платена административна такса
ЗАПИШУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ВО ЈАВНА КНИГА НА НЕДВИЖНОСТИ ЗА ГРАДБИ ОД 2 КАТЕГОРИЈА
• Извештај за технички преглед
• Геодетски елаборат од извршен премер на објектот;
• Доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности;
• Проект на изведена состојба (доколку се извршени измени во текот на изградбата се доставува решение за одобрување на измените во тек на градба);
• Сертификат за енергетски карактеристики на зградата (за градби за кои се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите);
• Позитивно мислење за изведен степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градба во текот на изградбата и по изградбата на целиот конструктивен систем. ( Не е задолжително за градби за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 )
ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА АДАПТАЦИЈА
• Проект за адаптација кој содржи постојна состојба и нова состојба што се предвидува со адаптација во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
• Доказ за сопственост на посебен дел од објект, стан или дел од стан за кој се однесува барањето
• Имотен лист за објектот предмет на адаптација или правосилно Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект донесено согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за објектот за кој е поднесно барање за адаптација
• Доказ за платена административна такса
ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
• Извод од ДУП;
• Архитектонско-урбанистички проект заверен од надлежен орган (доколку со урбанистичкиот план е предвидена изработка на овој проект);
• Основен проект во PDF/DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач; или Идеен проект во PDF/DWG потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач, доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење;
• Ревизија на основен проект во PDF формат (освен за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 ), потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач; или Писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата;
• Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежно земјиште;
• Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата (од УКИМ – ИЗИИС);
• Потврда од трговец поединец или од правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола (со која потврдува дека минималните барања за енергетска ефикасност кои се содржани во основниот проект се во согласност со минималните барања за енергетска ефикасност утврдени во Правилникот за енергетски карактеристики на зградите за кои според Закон е предвидено тоа);
• Доказ за право на градење:
Имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
Договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште
Договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство
Одлука на Владата на Република Македонија со која е стекнато правото на градење
Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост
Одлука на Советот на општината доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење
Изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела или
Имотен лист со запишано право на сопственост на Република Македонија, или конечно Решение за експропријација, или Имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ДОГРАДБА
• Основен проект во PDF/DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач; или Идеен проект во PDF/DWG формат потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач, доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење;
• Ревизија на основен проект во PDF формат (освен за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2), потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач; или Писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата;
• Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште;
• Доказ за платена административна такса;
• Доказ за право на градење:
Имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
Договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште
Договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство
Одлука на Владата на Република Македонија со која е стекнато правото на градење
Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост
Одлука на Советот на општината доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење
Изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела или
Имотен лист со запишано право на сопственост на Република Македонија, или конечно Решение за експропријација, или Имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.
ОДОБРЕНИЕ ЗА НАДГРАДБА
• Основен проект во PDF/DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издадени од овластен издавач или Идеен проект во PDF/DWG формат потпишани со валидни дигитални сертификати издадени од овластен издавач, доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење.
• Изјава од проектантот дадена под кривична и материјална одговорност со која потврдува дека постојната состојба на објектот е веродостојно прикажана во основниот проект
• Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата
• Имотен лист за постојниот објект на кој ќе се врши надградба со утврдена намена семејно домување во станбени куќи (А1) и со утврдено право на сопственост на инвеститорот
• Согласност за надградба од сопственикот на постојниот објект, доколку истиот не е инвеститор
• Конзерваторско одобрение издадено од Управата за заштита на културно наследство и изјава од барателот дадена под полна материјална и кривична одговорност со која истиот ќе потврди дека конзерваторското одобрение се однесува на проектот доставен преку информацискиот систем е-одобрение за градење, доколку е поднесено барање за надградба на објект кој претставува заштитно недвижно културно наследство согласно со закон.
• Доказ за платена административна такса.
ОДОБРЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ИЛИ НЕГОВ ДЕЛ КОЈ Е ОШТЕТЕН
• Доказ за сопственост на објектот - Имотен лист;
• Проект за отстранување на објект со извршена ревизија.
ОДОБРЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ИЛИ НЕГОВ ДЕЛ КОЈ НЕ Е ОШТЕТЕН
• Доказ за сопственост на објектот - Имотен лист;
• Проект за отстранување на објект со извршена ревизија.
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ
• Писмено Барање за издавање на Одобрение за подготвителни работи
• Проект за подготвителни работи во PDF/DWG формат потпишани со валидни дигитални сертификати издадени од овластен издавач
• Согласности, мислења и докази за регулирани имотно-правни односи за земјиштето на кое ќе бидат поставени градбите за подготвителни работи.
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА
• Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан;
• Согласност на мнозинството сопственици на становите во влезот на зградата;
• Основен проект во PDF/DWG формат за предвидената пренамена, адаптација со пренамена или за реконструкција со пренамена, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач;
• Ревизија на основен проект во PDF формат потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач, во два примерока;
• Извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот е предвиден со важечкиот урбанистички план;
• Мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од пренамената;
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА
• Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од станот;
• Доколку се работи за реконструкција на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење, Одлука на Советот на општината;
• Основен проект за реконструкција во PDF /DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач;
• Ревизија на основен проект во PDF формат, во два примерока, потпишана со валидни дигитални сертификати издадени од овластен издавач;
• Имотен лист за објектот, предмет на реконструкција, или правосилно решение за утврдување правен статус на бесправен објект донесено согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за објектот за кој е поднесно барање за реконструкција;
• Мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од реконструкцијата;
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ НА ИДЕЕН ПРОЕКТ
• Идеен проект во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
• Проект за инфраструктура во PDF формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
Доколку се работи за линиски инфраструктурни градби, а за надградбите од членот 59-ѕ став (1) од Законот за градење се доставува само идеен проект
• Извод од детален урбанистички план или урбанистичко-планска документација
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ИЗМЕНИ ВО ТЕКОТ НА ГРАДЕЊЕТО
• Дополнување на основниот проект во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
• Извештај за ревизија на дополнувањето на основниот проект во PDF потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач
За дополнувањето на проектот, согласност дава проектантот на основниот проект.
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ОПРЕМА ЗА ШТО НЕ Е ПОТРЕБНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
• Барање за изведување на градба односно поставување на опрема
• Документација согласно Правилникот за формата и содржинатата на барањето, потребната документација и образецот на Решението за изведување на градбите односно поставување на опремата за кои не е потребно одобрение за градење
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ПОСЕБЕН ДЕЛ ОД ОБЈЕКТ, СТАН ИЛИ ДЕЛ ОД СТАН
• Извод од урбанистички план или урбанистичко-планска документација со кој се потврдува дека објектот предмет на пренамена е предвиден со планската документација;
• Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, кој е предмет на пренамена;
• Основен проект во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач;
• Извештај за ревизија на основниот проект во PDF/DWG формат потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач;
• Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за објект во етажна сопственост;
• Доказ за платена административна такса
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИНВЕСТИТОР
• Доказ за статус на инвеститор (потврдени правни работи, конечни акти на државни органи или правосилно решение од стечаен судија со кои лицето се стекнало со правото на градење).
• Изјава согласно член член 70 став 1 од Законот за градење заверена од овластен нотар за
превземање на правото за градење и правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето (управителот на градбата, правните лица за вршење на работите на проектирање, ревизија, надзор и изведувачот),
како и превземање на правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал како резултат на склучени договори за хипотека и други правни дела за промет на градбата или делови од градбата прибележани во листот за предбележување на градба
• Одобрение за градење
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЛЕГАЛЕН ОБЈЕКТ
• потполнето барање/образец
• извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
• геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
• имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето;
• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
• уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;
• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЛЕГАЛИЗИРАН ОБЈЕКТ
• потполнето барање/образец
• решение за утврдување на правен статус на бесправен објект;
• извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
• геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
• имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето;
• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
• уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;
• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ НАД 30%
• потполнето барање/образец
• извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
• геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
• имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое преставува над 30% од градежната парцела;
• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
• уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;
• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПОД ЗАКУП
• потполнето барање/образец
• Договор за засновање на правото на долготраен закуп;
• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп;
• имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште;
• доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето;
• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА УПИС НА ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ ВО КАТАСТАР
• основен проект заверен со електронски потпис кога има електронско одобрение или скениран основен проект ако одобрението е издадено во хартиена форма;
• изјава заверена кај нотар од изведувачот (за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м 2 со која се потврдува дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект); - скенирана на цд.
• извештај за извршен технички преглед на надзорниот инженер, за извршениот надзор (за градби од втора категотија и градби со бруто развиена површина поголема од 300 м2) – електронски заверен со електронски сертификат.
• геодетски елаборат од извршен премер на објектот – на цд заверен со електронски сертификат.
• одобрение за градење- правосилно. – скенирано на цд.
• доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности;
• доказ за уплата на административна такса
ДОБИВАЊЕ НА ЗАПИСНИК ЗА ОБРАБОТЛИВО ЗЕМЈИШТЕ
• Барање за издавање на Записник за обработливо земјиште
• Доказ за платена административна такса
УВЕРЕНИЕ ЗА КАРАКТЕР НА ЗЕМЈИШТЕ
• Барање за издавање Уверение за карактер на земјиште
• Фотокопија од имотен лист не постар од 6 (шест) месеци-копија
• Фотокопија од катастарски план
• Доказ за платена административна такса
БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ
• Уверение за државјанство или копија од лична карта за физичко лице правно лице, односно извод од Централен регистар на Република Македонија за правно лице.
• Доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.),а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегувањето во сила на овој закон односно пред март 2011 година.
• Геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект и во електронска форма.
• Имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект во оригинал.
ОДОБРЕНИЕ НА ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• Барање за Одобрување на Елаборат за заштита на животната средина
• Елаборат за заштита на животната средина во PDF формат, во еден примерок
• Елаборат за заштита на животната средина, во три оргинални примероци
• Доказ за платена административна такса
СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип
