ОПШТИНА МОГИЛА

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), од имателот ја барам следната информација од јавен карактер:_______________________________.

(Правна поука: Барателот не е должен да ги наведе и образложи причините за барањето, но треба да наведе дека станува збор за барање за слободен пристап до информација од јавен карактер)

Данок на имот

ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

Oбврзници на данок на имот се физички и правни лица кои се сопственици, корисници или плодоуживатели на имотот.

ДАНОЧНА ОСНОВА

Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија. Висината на данокот изнесува 0,10% од утврдената пазарна вредност на недвижноста.Данокот на имот се намалува за 50% доколку станот/куќата се користат за живеење, со доказ лична карта.

ДАНОЧНА ПРИЈАВА

Секој даночен обврзник е должен да го пријави недвижниот имот и тоа во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на имотот или од отпочнувањето на користење на имотот.Бесплатен образец на даночна пријава се пополнува и поднесува во Центар за услуги – приемен шалтер. За неподенесување на даночна пријава на даночниот обврзник му се изрекува мерка глоба пропишана согласно Законот за даноци на имот. Решение за данок на имот се донесува секоја година за секој даночен обврзник врз основа на поднесена даночна пријава и даночната евиденција. Рокот на плаќење-данокот на имот се плаќа тримесечно и пристигнува за наплата во средината на секое тромесечје или во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението.Решението се доставува до даночниот обврзник на последната пријавена адреса на обврзникот од даночната пријава преку доставна служба или преку пошта.

ПРОЦЕДУРА 1 : ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ

СПИСОК НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

– Даночна пријава за пријавување на нов имот или промена во имотнатасопственост,

– Имотен лист не постар од 6 месеци (оригинал или копија),

– Согласност за користење на лични податоци,

– Лична карта-фотокопија,

– Решение за данок на имот се издава еднаш годишно.

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:

Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Могила Бр.на жиро с-ката:100000000063095 Депонент: Народна банка Уплатна с-ка:840-147-02507 Приходна шифра:713111 Програма:00 Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА:

На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:

Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Могила Бр.на жиро с-ката:100000000063095 Депонент: Народна банка Уплатна с-ка:840-147-02507 Приходна шифра:713111 Програма:00 Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ

Данок на наследство и подарок

ДАНОЧНА ПРИЈАВА

За наследениот или подарениот имот се поднесува даночна пријава во рок од 15 дена од денот на наследениот или подарениот имот.Образец на даночна пријава се пополнува и поднесува на приемен шалтер со уплатени административни такси во износ од 300,00 денари за еден наследник/примател на подарокот, а доколку се повеќе наследници/приматели на имотот, се уплаќа по 250,00 денари административни такси за секој нареден наследник/примател на подарокот и тоа на сметка: 840-147-02533 и приходна шифра 713-211 програма 00. Даночна основа претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија.

ДАНОЧНИ СТАПКИ

-прв наследен ред –ослободен

-втор наследен ред – изнесува 2%

-трет наследен ред и останати –изнесува 4%.

ПРОЦЕДУРА : ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

СПИСОК НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

– Даночна пријава за утврдување на наследство и подарок,

-Договор за подарок ( меѓу странките) или наследно решение, најмалку 5 примероци оригинали,

– Судска пресуда – (три примерока) или 2 копии заверени на нотар,

– Поседовен лист или имотен лист од Државен геодетски катастер (оригинален и не постар од 6 месеци),

– Извод од матична книга на родени/умрени/венчани ( оригинал и фотокопија),

– Фотокопија од лични карти за секој учесник,

– Согласност за користење на лични податоци,

– Уверение за платени даноци со уплатена административна такса од по 100,00 денари за секоја странка,

– Уплатница на име – Административни такси за списи и дејствија на уплатна сметка 840-147-03182, приходна шифра 722315, програма 00, во износ од 300,00 ден,

– скица од катастар доколку постои.

По поднесување на потребната документација, проценител од Општината излегува на лице место, и врши проценка по Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот донесена од Министерство за финансии (Сл.Весник на РМ бр. 54/2012 и 17/2013).

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:

Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Могила

Бр.на жиро с-ката:100000000063095 Депонент: Народна банка Уплатна с-ка:840-147-02533 Приходна шифра:713211 Програма:00

Цел на дознаката: ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

Данок на промет на недвижности

ДАНОЧНА ПРИЈАВА

За преносот на правото на сопственост се поднесува даночна пријава во рок од 15 дена од денот на склучениот договор.Образец на даночна пријава се пополнува и поднесува на приемен шалтер со уплатени административни такси во износ од 300 денари од подносителот на пријавата на сметка: 840-147-03182 и приходна шифра 722-315 ,програма 00. Даночна основа претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија.Стапката на данокот на промет изнесува 4 %.

ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ПРОМЕТ

СПИСОК НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

– Даночна пријава за утврдување данок на промет,

– Договор за купопродажба (најмалку во 5 оригинал примероци),

– Договор за физичка делба (најмалку во 5 оригинал примероци),

– Договор за размена (најмалку во 5 оригинал примероци),

– Судска пресуда – најмалку 3 примероци или 1+2 копии заверени на нотар,

– Имотен лист од Агенција за катастар на недвижности (оригинален и не постар од 6 месеци),

– Согласност за користење на лични податоци,

– Уверение за платени даноци со уплатена административна такса од по 100,00 денари за секоја странка,

– Уплатница на име –Административни такси за списи и дејствија на
уплатна сметка 840-147-03182,
приходна шифра 722315,
програма 00,
во износ од 300,00 ден,

– Скица од катастар доколку постои.

По поднесување на потребната документација, проценител од Општината излегува на лице место, и врши проценка по Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот донесена од Министерство за Финансии ( Сл.Весник на РМ бр. 54/2012 и 17/2013).

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ И ПРАВА:

На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:

Назив на примач: Трезорска сметка
Бр.на жиро с-ката:100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка:840-147-02400
Приходна шифра:713311
Програма:00

Цел на доказната: ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Комунална такса за фирма

ОБВРЗНИК НА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА

Е физичко и правно лице и граѓанинот кои користат определени права, предмети, услуги за чие користење е пропишано, плаќање на комунална такса, согласно член 4 од Законот за комунална такса.

КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА СЕ ПЛАЌА ЗА:

– за деловните простории на трговските друштва односно за седиште на правното лице, комуналната такса изнесува 6.000, денари на годишно ниво,

– за деловните простории на физичките лица, трговците поединци, комуналната такса изнесува 2.000, денари на годишно ниво,

– за деловните простории на физичките лица кои данокот го плаќаат во паушален износ, комуналната такса изнесува 500,00 денари на годишно ниво,

– за секоја подружница односно продавница, киоск, деловна единица и слично комуналната такса изнесува 2.000,00 денари на годишно ниво.

Обврзникот на таксата е должен да поднесе пријава до општинската администрација во рок од 15 дена од денот на настанатата обврска или доколку настанат промени кои доведуваат до плаќање на такса во поголем или помал износ.

Обврзникот на таксата кој нема да поднесе навреме пријава, ќе се задолжи освен со редовната такса и со зголемена такса од 30%.

За настанатите промени кои се однесуваат за правните лица како: промена на седиште, нови регистрирани или затворени подружници, стечај, ликвидација и сл., правното лице е должно во рок од 15 дена да го извести Одделението за администрирање со даноци и комунални такси, со прилог на тековна состојба од Централниот регистар на РМ.Решение за комунална такса за фирма/назив на деловна просторија се донесува според податоците од состојбата на 1-ви јануари секоја година за секој обврзник одделно.Комуналната такса се плаќа во рок од 30 дена од денот на доставувањето на решението, а за секој ден задоцнување се плаќа дневна камата од 0,05%.

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
Избери јазик»
Scroll to Top