ЈП ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА

Јавни паркиралишта од отворен тип (зонско паркирање).

Повластени паркинг билети за физички лица.

Физички лица-корисници на различните видови на повластени паркинг билети, односно корисници на јавните паркиралишта со наплата под повластени услови што ги издава ЈП Паркиралишта Струмица по принципот на една адреса - две возила.

Повластени паркинг билети за правни лица

Правните лица-корисници на различните видови на повластени паркинг билети, односно корисници на јавните паркиралишта со наплата под повластени услови што ги издава ЈП Паркиралишта Струмица по принципот на еден деловен простор - три возила.

Резервирано паркинг место

По барање на корисник на јавното паркиралиште со наплата може да се одобри резервирано паркинг место, за што на корисникот организаторот на паркирањето склучува договор за резервирано паркинг место на јавно паркиралиште со наплата помеѓу корисникот и организаторот на паркирање, во зависност од потребите на корисникот и капацитетот на слободни паркинг места на јавното паркиралиште.

Јавни паркиралишта од затворен тип (подземен паркинг)

Корисникот за користење на услугите на јавно паркиралиште од затворен тип - подземен паркинг Гоце Делчев, може да купи месечна или годишна паркинг карта врз основа на предходно барање на корисниците на услугата паркирање, за што склучува договор со ЈП Паркиралишта Струмица. Услов за купување на месечна или годишна карта е важечка сообраќајна дозвола и наплатен надоместок врз основа на ценовникот на услугите на ЈП Паркиралишта Струмица.

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
Избери јазик»
Scroll to Top