ФОНД НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Издавање на потврда за користење на пензија
- Барање-превземи – Барање потврда дека не е корисник на пензија
- Цена на услугата : 300,00 ден
- По комплетирање на сите чекори прикачете ги документите во електронска форма
Потврда за живот
- Барање-превземи – Потврда за живот
- Извод од матична книга на родени или извод од матичната книга на венчаните
- Цена на услугата : 300,00 ден
- По комплетирање на сите чекори прикачете ги документите во електронска форма
Издавање на потврда за остварување право на пензија
- Барање-превземи – Барање за инвалидска пензија , Барање за семејна пензија, Барање за старосна пензија
- Цена на услугата : 300,00 ден
- По комплетирање на сите чекори прикачете ги документите во електронска форма
Исплата на посмртна помош - солидарен фонд
- Барање-превземи – Барање за солидарен фонд
- Извод од матична книга на родени
- Цена на услугата : 300,00 ден
- По комплетирање на сите чекори прикачете ги документите во електронска форма
Паричен надоместок за телесно оштетување
Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување. Висината на паричниот надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на телесното оштетување.
Издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварените плати и надоместоци
Фондот е должен на барање на осигуреникот да му издаде уверение за податоците внесени во матичната евиденција.
Издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварените плати и надоместоци
Право на траен надоместок имате и доколку сте родител кој има/л дете со попреченост и за кое сте се грижеле до неговата 26 годишна возраст без истото да користело услуга на вонсемејна социјална заштита. Ова право ќе го остварите доколку сте жена си наполнети 62 години, односно маж со наполнети 64 години, како и доколку сте невработен и не користите право на пензија.
Правото на траен надоместок можете да остварите доколку сте згрижувач кој згрижува лице во своето семејство најмалку 15 години. Ова право ќе го остварите доколку сте жена со наполнети 62 години, односно маж со наполнети 64 години, како и доколку сте невработен и не користите право на пензија.
Издавање на наод, оценка и мислење оцена на работната способност
За остварување на правo на работа со скратено работно време и/или промена на работно место врз основа на инвалидност, фактичката состојба се утврдува врз основа на наод, оцена и мислење на Комисијата за оцена на работната способност. Комисијата се формира во рамките на Фондот.
Утврдување на пензиски стаж поминат во странство
Осигуреникот кој работел во држава со која РСМ има склучен билатерален договор за социјално осигурување може да побара утврдување на стажот навршен во другата држава.
Определување на нов износ на пензија
На корисникот на старосна пензија може да му се определи нов износ на пензија, ако навршил најмалку една година стаж на осигурување по остварувањето право на старосна пензија, доколку е поповолно за корисникот.
Издавање на решение за утврдување својство на осигуреник во пензиско и инвалидско осигурување
Својството осигуреник за индивидуални земјоделци, продолжено осигурување, свештени лица и упатени работници го утврдува Фондот на ПИОСМ
Плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување од осигуреникот кој бил во работен однос, односно на работа врз основа на која бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а од страна на обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување
Плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување од осигуреник кој бил во работен однос, односно на работа врз основа на која бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а од страна на обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.
Остварување на правото на семејна пензија
Постапката за остварување на правото на семејна пензија започнува со поднесување на барањето за остварување право на семејна пензија на образец П-1 до Филијалите/Деловниците на Стручната служба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на чие подрачје осигуреникот бил последен пат осигурен. Правото на семејна пензија им припаѓа првенствено на брачниот другар и на децата на осигуреникот, односно корисникот на пензија.
Остварување на право на инвалидска пензија
Осигуреникот кај кого ќе настане општа неспособност за работа, како и осигуреникот со преостаната работна способност кој поради навршување на одредени години на живот не може со професионална рехабилитација да се оспособи за вршење на друга соодветна работа стекнува право на инвалидска пензија, ако ги исполнува одредени услови.
Доставување на податоци што се внесуваат во матичната евиденција
Пријавите со податоци за воспоставување и водење на матичната евиденција ги доставуваат обврзниците за пријавување на податоци: 1) работодавачите - за работниците вработени кај нив; 2) самовработените лица - сами за себе и за вработените кај нив; 3) индивидуалните земјоделци и верските службени лица - сами за себе; 4) државните институции, органи или организатори кои имаат законска обврска да пријават податоци за осигурениците во пензиско и инвалидско осигурување; 5) стечајните управители за осигуренците кои биле вработени кај работодавачи за кои се води стечајна постапка.
СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип
