ОПШТИНА РАНКОВЦЕ

БАРАЊЕ за издавање на ИЗВОД од Урбанистички план

До Општина Ранковце
Одделение за урбанизам

За поднесено Барање се уплаќа _________ денари на жиро сметка на Општина Ранковце

БАРАЊЕ за издавање ГКИС (Геодетско катастарски информационен систем)

Барам да ми се издадат следните податоци:

1. Имотем лист бр.--------- за КП бр.--------

2. Лист за прибележување на градба бр. ----------- на КП бр. ----------

3. Евидентен лист бр. ----------

4. Лист за времени објекти бр. ----------

5. Пописен лист со незапишани права бр. ---------

БАРАЊЕ за отуѓување на градежно земјиште сопственост Република Македонија со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон

Во прилог кон барањето ги доставуваме следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Извод од урбанистички план со дефинирана градежна парцела, односно Урбанистички проект согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање;

2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

3. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на поднесителот на барањето, за градежното замјиште кое претставува над 30% од градежната парцела;

4. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

5. Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина;

6. Доказ за регистрација од Централен Регистар на Република Македонија ако подносител на барањето е правно лице односно фотокопија од лична карта или патна исправа;

7. Врз основа на Уверението од точка 5, конкретен одговор од Министерство за финансии дека не е покрената постапка за денационализација до 31.12.2007 година за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КП бр._______ КО ________ од поранешните сопственици односно од нивните наследници (надлежната Комисија за денационализација).

Барање за отуѓување на градежно земјиште легализиран објект

Со потполнето барање/образец се поденсуваат следните докази:

• решението за утврдување на правен статус на бесправен објект;

• извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;

• геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

• имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето;

• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

• уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;

• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и

• Уплатница за уплатени административни такси од 1.500,00 ден.

Барање за отуѓување на градежно земјиште под закуп

Со потполнето барање/образец се поденсуваат следните докази:

• Договор за засновање на правото на долготраен закуп;

• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп;

• имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште;

• доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето;

• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и

• Уплатница за уплатени административни такси од 1.500,00 ден

Барање за отуѓување на градежно земјиште над 30%

Со потполнето барање/образец се поденсуваат следните докази:

• извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;

• геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

• имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое преставува над 30% од градежната парцела;

• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

• уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;

• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и

• Уплатница за уплатени административни такси од 1.500,00 ден.

Барање за отуѓување на градежно земјиште легален објект

Со потполнето барање/образец се поденсуваат следните докази:

• извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;

• геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

• имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето;

• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

• уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;

• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и

• Уплатница за уплатени административни такси од 1.500,00 ден.

Барање за стекнување на правото на сопственост на гардежно земјиште кое се користи врз основа на договор склучен со поранешен сопственик

Со потполнето барање/образец се поденсуваат следните докази:

• Доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите на наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа);

• Договор за купопродажба на земјиштето;

• Податоци за градежното земјиште (имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности);

• Извод од урабнистички план или урбанистичко планска документација со дефинирана градежна парцела согласно со Законот за просторно и урбанистичко планиерање;

• Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парвцела;

• Уверение за историски преглед на извршени запишувања во Агенцијата на катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на РСМ за период од кога е воспоставен катастар на земјиште во катастарската општина со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;

• Известување од органот на државната управа надлешен за имотно правните работи на подрачјето каде се наоѓа градежното земјиште, дали градежното земјиште има поведено постапка за приватизација и дали доклолку е поведена истата е завршена;

• Изјава заверена на нотар, во која лицето кое го користи градежното земјиште односно неговите законски наследници под морална, матријална, кривична одговорност изјавува/изјавуваат дека земјиштето го користат повеќе од 20 години, врз основа на договор за купопродажба склучен со поранешен сопственик;

• Aдминистративна такса во вредност од 1000,00 денари

БАРАЊЕ за отуѓување на градежно земјиштe сопственост на Република Северна Македонија со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и евидентирани со јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно земјиште

Кон барањето се поднесуваат следниве докази:

1. Извод од урбанистички план или урбанистичко планска документација со дефинирана градежна парцела;

2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

3. Имотен лист кој до денот на поднесување не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето;

4. Имотен лист за градежно земјиште сопственост на РСМ, кој до денот на поднесување не е постар од 30 дена;

5. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на РСМ за периодот од кога е воспоставен катастар на земјиште во катастарската општина, со индентификација на катастарска парцела и катастарска општина;

6. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице;

7. Aдминистративна такса во вредност од 1500,00 денари на примач: Буџет на Република Македонија, Народна Банка на Република Северна Македонија, со назнака „за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ “. (истата се уплаќа на налог-образец 50 во банка или пошта)

БАРАЊЕ за отуѓување на градежно земјиштe сопственост на Република Северна Македонија со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичко планска документација а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон

Кон барањето се поднесуваат следниве докази:

1. Извод од урбанистички план или урбанистичко планска документација со дефинирана градежна парцела;

2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

3. Имотен лист кој до денот на поднесување не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето,за градежно земјиште кое претставува над 30% од градежната парцела;

4. Имотен лист за градежно земјиште сопственост на РСМ, кој до денот на поднесување не е постар од 30 дена;

5. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на РСМ за периодот од кога е воспоставен катастар на земјиште во катастарската општина, со индентификација на катастарска парцела и катастарска општина;

6. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице;

7. Aдминистративна такса во вредност од 1500,00 денари на примач: Буџет на Република Македонија, Народна Банка на Република Северна Македонија, со назнака „за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ “. (истата се уплаќа на налог-образец ПП50 во банка или пошта)

БАРАЊЕ за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со закон за утврдување на правен статус на бесправен објект врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижност

Кон барањето се поднесуваат следниве докази:

1. Извод од урбанистички план или урбанистичко планска документација со дефинирана градежна парцела;

2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

3. Имотен лист кој до денот на поднесување не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето;

4. Имотен лист за градежно земјиште сопственост на РСМ, кој до денот на поднесување не е постар од 30 дена;

5. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на РСМ за периодот од кога е воспоставен катастар на земјиште во катастарската општина, со индентификација на катастарска парцела и катастарска општина;

6. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице;

7. Aдминистративна такса во вредност од 1500,00 денари на примач: Буџет на Република Македонија, Народна Банка на Република Северна Македонија, со назнака „за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ “. (истата се уплаќа на налог-образец 50 во банка или пошта)

Издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола

Барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола

– готов образец во ОЦУ;

Пополнето Барање согласно Правилникот за постапката за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола („Сл. Весник на РМ“ бр. 112/14 и 42/16);

Уплатница

БАРАЊЕ за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење

Кон барањето за утврдување на правен статус приложувам:

1.Уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице, односно копија од патна исправа за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице, извод од Централниот регистар на Република Македонија, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште;

2.Доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.), со датум пред 3 март 2011 година , а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава, заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот потврдува дека бесправниот објект е изграден пред 3 март 2011 година .

3.Геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект;

4.Договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот односно сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправен објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот (овој доказ се доставува само доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое не е сопственост на барателот или на РМ, односно земјиптето е сопственост на друго физичко лице или правно лице односно земјиштето е сосопственост на барателот и друго физичко лице или правно лице) или

Уверение за движење на земјиштето на кое е изграден бесправниот објект и изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност од барателот во која истиот потврдува која година е изграден бесправниот објект:

(овој доказ се доставува само доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое не е сопственост на барателот или на РМ, односно земјиштето е сопственост на друго физичко лице или правно лице односно земјиштето е сосопственост на барателот и друго физичко лице или правно лице, а сопственикот односно сосопственикот на земјиштето нема дадено изјава дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот или нема склучено договор за долготраен закуп на земјиштето со барателот)

5. Договор за купопродажба на земјиштето и изјава заверена на нотар, дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот потврдува дека барателот или лицето чиј наследник е барателот го имаат купено земјиштето од поранешниот сопственик и истото го користат повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот.

(овој доказ се доставува само доколку бесправниот објект е изграден на земјиште пренесено од поранешен сопственик врз основа на договор за купопродажба на кое како корисник во имотниот лист е евидентиран поранешниот сопственик ,а барателот го користи земјиштето повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот)

6. Уверение за идентификација на КП издадено од Агенцијата за катастар на недвишности)

(Овој доказ се доставува само доколку постои неусогласеност на броевите на КП кои се наведени во договорот за купопродажба склучен со поранешен сопственик кој се доставува согласно точка 5 на ова барање , со броевите на КП наведени во имотниот лист за земјиштето)

7. Известување од нотарот повереник на оставинскиот суд дека се води оставинска постапка за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект ( овој доказ се доставува само доколку е поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект кој е изграден на земјиште со нерасчистени имотни односу , поради тоа что не е спроведена оставинска постапка)

8. Список на станари, договори за купопродажба на становите во зградата, како и уверение за државјанство или копија од лична карта на сите иматели на стан во зградата, доколку барањето се однесува за станбена зграда за колективно домување (во овој случај потребно е барањето да е поднесено од заедницата на станари или да е потпишано од повеќе од половината иматели на стан во згарадата доколку барањето се однесува за бесправен дел (доградба , надградба) на станбена зграда подносител на барањето е само имателот на делот кој е бесправно изграден)

9. Изјава заверена на нотар, дадена под материјална и кривична одговорност со која барателот потврдува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект на негова одговорност и нема да бара надомест на штета од надлежен орган при настанувањето на евентуална штета поради елементарна непогода како и дека ќе ја надомести секоја штета врз животната средина настаната од влијанието на предметниот објект. (овој доказ се доставува само доколку е поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект кој е изграден во заштитен крајбрежен појас на вештачки езера и речни корита како и бесправен објект со намена домување во станбени куќи согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање кој е изграден во заштитен крајбрежен појас на природни езера)

10. Основен проект - фаза статика, (овој доказ се доставува само доколку бесправниот објект се наоѓа во потенцијално нестабилна зона за која е донесена одлука од страна на Советот на општината)

11.Уплатница за платени административни такси во износ од 300 денари на жиро сметка на општина Ранковце

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
Избери јазик»
Scroll to Top