ОПШТИНА ОХРИД

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРОМЕНА НА ИМОТ

Потребни документи:

Даночна пријава (ја пополнува сопственикот на имотот)

Доказ за сопственост (имотен лист, договор, решение, пресуда, одобрение за градба и сл.) Копија од лична карта од сопственикот За барање, молби, предлози пријави и други поднесоци: 50 денари Уплатница пп-50 со уплатени 50,00 денари;

УПЛАТНИЦАТА се пополнува на следниот начин:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Административна такса
НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧОТ: Трезорска сметка
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА:100000000063095
ИЗНОС: 50,00 ден
УПЛАТНА СМЕТКА: 840 152 03182
ПРИХОДНА ШИФРА И ПРОГРАМА: 722315 00

Издавање на Решение за данок на имот (по барање на граѓанин/клиент)

1. Даночна пријава (образец ДИ)

2. Имотен лист (фотокопија и оригинал на увид)

3. Договор за купопродажба (копија)

4. Договор за подарок (копија)

5. Лична карта (на увид)

6. Уплатница

РЕГУЛИРАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОБВРСКА ПО ОСНОВ НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Потребни документи:

Договор за купопродажба потпишан од странките во 9 примероци (3 примероци остануваат во одделението);

Имотен лист (оригинален примерок за увид и 1 фотокопија);

Уверение за регулирани даночни обврски на сите договорни странки;

Уплатница пп-50 со уплатени 250,00 денари;

Забелешка: Ако се донесува едно решение по барање на повеќе лица, таксата се плаќа онолку пати колку што има лица на кои им се доставува решението.

УПЛАТНИЦАТА се пополнува на следниот начин:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Административна такса НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧОТ: Трезорска сметка
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА:1000000000 63095
ИЗНОС: 250,00 ден
УПЛАТНА СМЕТКА: 840 152 03182
ПРИХОДНА ШИФРА И
ПРОГРАМА: 722315 00

РЕГУЛИРАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОБВРСКА ПО ОСНОВ ПОДАРОК НА НЕДВИЖНОСТИ

Потребни документи:

Договор за подарок во 9 примероци потпишани од странките;

Имотен лист (оригинален примерок за увид и 1 фотокопија);

Извод на родени од подарокопримателот (оригинален примерок за увид и 1 фотокопија)

Уверение за регулирани даночни обврски на сите странки;

Уплатница пп-50 со уплатени 250,00 денари.

Забелешка:
Ако се донесува едно решение по барање на повеќе лица, таксата се плаќа онолку пати колку што има лица на кои им се доставува решението.

УПЛАТНИЦАТА се пополнува на следниот начин:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Административна такса НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧОТ: Трезорска сметка

БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА:10000000006309
ИЗНОС: 250,00 ден
УПЛАТНА СМЕТКА: 840 152 03182
ПРИХОДНА ШИФРА И
ПРОГРАМА: 722315 00

Барања за поставување на урбана опрема

За Барања за поставување на урбана опрема и за вршење на дејност надвор од деловен простор:

За поднесено барање за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема - 1.000 ден.

За акт врз основа на кој се стекнува право за да се започне со вршење на дејност кој го издава градоначалникот - 600 ден.

Барање за издавање на извод од детален урбанистички план

Одделение за урбанистичко планирање (постапки за планови) такси за барања:

а) градежни парцели до 500 м2 - 500 ден.

б) градежни парцели над 500 м2 - 750 ден.

За поднесено барање за одобрување урбанистички проект - 1.500 ден.

За поднесено барање за измена во ДУП - 50 ден.

За поднесена иницијатива за изработка на ДУП - 50 ден.

За поднесено барање за техничка исправка во ДУП - 50 ден.

БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ИЗВОД ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште - Одделение за спроведување на урбанистички планови

БАРАЊЕ за издавање на правосилен печат за дозвола за градба

Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште - Одделение за спроведување на урбанистички планови

Кон барањето се приложува:

1. Оригинал одобрение за градба

БАРАЊЕ за урбана опрема - презентација

Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште - Одделение за спроведување на урбанистички планови

Потребни документи:

- извод од Централен Регистар на РМ (за правни лица)

- извод од програма

- договор за поставување на урбана опрема

- договор за извршување комунални услуги со „ЈП Охридски Комуналец“

- оригинални уплатници за договорите

ПОДНЕСОК ЗА ДОКОМПЛЕТИРАЊЕ ЗА БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште

БАРАЊЕ за промена на барател за утврдување на правен статус

Во прилог на барањето се приложува следната документација:

 Изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност од страна на подносителот на барањето за утврдување на правен статус, со која тој потврдува дека е согласен постапката за утврдување на правен статус да продолжи на име на подносителот на барањето за промена на барател за утврдување на правен статус, а во случај подносителот на барањето за утврдување на правен статус да е починат се доставува изјава од неговите наследници;

 Уверение за државјанство или копие од лична карта, односно копија од патна исправа за странско физичко лице, односно извод од Централен регистар за правно лице(за подносителот на барањето за промена на барател за утврдување правен статус) и

 Договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот или сосопственикот на земјишетето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект на име на подносителот на барањето за промена на барател, доколку земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице, односно бесправниот објект е изграден на земјиште кое е сосопственост на барателот и друго физичко или правно лице.

Подносителот на барањето за промена на барател покрај горенаведените докази е должен да ги достави и другите докази кои согласно Законот за потапување со бесправно изградени објекти треба да се приложат кон барањето за утврдување на правен статус, доколку истите претходно не се доставени од страна на подносителот на барањето за утврдување правен статус.

Напомена: Промена на барател за утврдување правен статус се врши најдоцна до донесувањето на урбанистичка согласност!

БАРАЊЕ до Комисија за преземање на мерки и активности за отстранување на дрва на подрачје на општина Охрид

Кон барањето приложувам:

1.Писмена согласност потпишана од управител во име на заедница на станари или од заедница на станари со потпишан список на повеќе од половина од станарите со нaведени броеви на лична карта, доколку се работи за стебла кои се во дворно место на колективен станбен објект

2.Копие од имотен лист

3.Договор за долгогодишен закуп на земјиштето, доколку стеблата се на земјиште кое не е во соственост на барателот или на РСМакедонија, односно земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице

4.Административна такса од 250,00 денари

Изјава: Изјавувам дека сум согласен моите лични податоци да се користат за потребите на општина Охрид во постапката за решавање на предметот.

БАРАЊЕ за одобрување на елаборат за заштита на животна средина

Ги приложувам следните документи:

• Три оригинални примероци од еколошкиот елаборат во писмена форма

• Еден примерок од еколошки елаборат во електронска форма

• Потврда за платена административна такса во износ од ________ денари

БАРАЊЕ за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола

Ги приложувам следните документи:

• Три оригинални копии од апликацијата во писмена форма

• Три примероци од апликацијата во електронска форма

• Потврда за исплата на надомест при поднесување на барањето за добивање на Б- Интегрирана еколошка дозвола во вредност од ________ денари

• Потврда за платена административна такса во износ од ________ денари

Барање (улично осветлување)

Го молам насловот да поведе постапка и да ми овозможи решавање на следната комунална проблематика:

• промена на прегорена светилка

• отстранување на дефект

• изградба на комплетна НН електроенергетска мрежа за улично осветлување

Во прилог на ова барање ги доставувам следните потребни документи: ________________________________________.

Барање (водоводна и канализациона/атмосферска мрежа)

Го молам насловот да поведе постапка и да ми овозможи решавање на следната комунална проблематика:

1.Приклучок на објектот во главната

• водоводна мрежа
• канализациона мрежа
• атмосферска мрежа

2. Изградба во јавна површина (улица, зелена површина) на комплетна

• водоводна мрежа
• канализациона мрежа
• атмосферска мрежа

Во прилог на ова барање ги доставувам следните потребни документи:

- одобрение за градење
- локациски услови

БАРАЊЕ на Одобрение за прекоп на улица

Го молам насловот да поведе постапка и да ми издаде Одобрение за прекоп на ул. _________________________________________ бр. _______ во __________, заради изведување на градежно земјени работи за:

• водоводна мрежа
• канализациона / атмосферска мрежа
• електрична мрежа (напојување)
• телекомуникациска мрежа
• кабловска мрежа

Во прилог на ова барање ги доставувам следните документи:

- одобрение за градење
- локациски услови
- одобрение од Општина Охрид, за поставување на инфраструктура
- согласност од ЈП за водоснабдување или приклучок на канализација
- согласност од ЕВН (електроенергетска согласност)
- согласност од Телеком за телекомуникациски услуги

Задолжително да се достави:

 сообраќајно решение за времен режим на сообраќај за време на изведување на работите, согласно член 14 од ЗБПС

 одобрение од Општина, ЈП или операторот, за изведување на работите како и скица, со информации за должината и типот на трасата

 барањето да се достави во рок не пократок од 5 дена од потребниот

БАРАЊЕ за Прекумерно користење на општински пат

Во прилог на ова барање ги доставувам следните потребни документи:

Го молам насловот да поведе постапка и да ми издаде Одобрение за прекумерно користење на општински пат, за:

• дотур на роба (до 7,5 тони)
• дотур на роба (над 7,5 тони)
• извоз на шут
• дотур на огревно дрво
• друго:
___________________________________________

 копија од сообраќајната дозвола (комплетна и од двете страни)

 барањето да се достави во рок не пократок од 5 дена од потребниот

Барање за издавање лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Охрид

ДОКАЗИ ВО ПРИЛОГ

1. Копија од решението за упис во Централниот Регистар со претежна дејност, вршење на превоз на патници во патниот сообраќај (не постаро од 60 дена);

2. Копии од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата, заверени на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер заверен на нотар за МВ што се користат по овој основ;

3. Доказ дека во возилото со кое се врши авто такси превоз е вграден фискален апарат;

4. Потврда од надлежен суд дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај( не постара од 60 дена);

5. Копии од обрасците М1/М2 за вработените возачи кај превозникот и список на вработени по обврзник( не постар од 60 дена);

6. Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирма, односно на овластено лице одговорно за превоз;

7. Копијаод потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за авто-такси превоз издадена од станиците за технички преглед на мотони возила;

8. Уплатница за платени административни такси и платен надоместок за користње на авто-такси станиците за издавање на лиценца

Барање за издавање лиценца за вршење посебен линиски превоз на патници во Општина Охрид

ДОКАЗИ ВО ПРИЛОГ

1. Копија од решението за упис во Централниот Регистар со претежна дејност, вршење на превоз на патници во патниот сообраќај ( не постаро од 60 дена);

2. Копии од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата, заверени на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер заверен на нотар за МВ што се користат по овој основ;

3. Потврда од надлежен суд дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај( не постара од 60 дена);

4. Копии од обрасците М1/М2 за вработените возачи кај превозникот и список на вработени по обврзник( не постар од 60 дена);

5. Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирма, односно на овластено лице одговорно за превоз;

6. Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила издадена од станиците за технички преглед на моторни возила;

7. Да има во сопственост капацитет за паркирање и одржување на возилата ,како и места за задржување на возилата кога тие не се користат или договор заверен на нотар за обезбедено право на користење на таков капацитет за најмалку 4 години.

Барање за издавање лиценца за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид

ДОКАЗИ ВО ПРИЛОГ

1. Копија од решението за упис во Централниот Регистар со претежна дејност, вршење на превоз на патници во патниот сообраќај (не постаро од 60 дена);

2. Копии од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата, заверени на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер заверен на нотар, минимум 2 возила со 16+1 седиште;

3. Доказ дека располага со сопствен капитал од најмалку 3000 евра во денарска противвреност за прво возило и по 2000 евра за секое наредно ; ***

4. Потврда од надлежен суд дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај( не постара од 60 дена);

5. Копии од обрасците М1/М2 за вработените возачи кај превозникот и список на вработени по обврзник ( не постар од 60 дена);

6. Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирма, односно на овластено лице одговорно за превоз кое е во работен однос кај превозникот;

7. Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила издадена од станиците за технички преглед на мотони возила;

8. Да има во сопственост капацитет за паркирање и одржување на возилата ,како и места за задржување на возилата кога тие не се користат или договор заверен на нотар за обезбедено право на користење на таков капацитет за најмалку 4 години.

Како доказ за располагање со сопствен капитал превозникот приложува минимум еден од следните документи:

- Потврда од надлежен орган за намирени јавни давачки спрема државата и платени придонеси за осигурување за последните шест месеци од денот на поднесување на барањето, не постара од 1 месец.

- Копија од билансот на состојба за претходната гоина издадена и заверена од централниот регистар на Република Македонија (завршна сметка) или,

- Доказ а сопственост на основни средства кои не се под хипотека или,

- Договор за наменски депозит во банка или,

- Банкарска гранција која грантира за финансиската стабилност на превозникот за времетраење на важноста на лиценцата во висината опрделена во точката 3(три), како и гаранција на возила под лизинг кои не се основни средства на фирмата.

Во случаите кога како доказ за располагање со сопствен капитал се приложува копија од билансот на состојбата,овој доказ превозникот е должен секоја година да го достави најдоцна до 30 април во тековната година за претходната година до органот надлежен за издавање на лиценцата.

БАРАЊЕ за издавање на одобрение за вршење на јавен превоз на патници по внатрешните пловни патишта во внатрешната пловидба

Барам да ми се издаде одобрение за вршење на јавен превоз на патници по внатрешните пловни патишта во внатрешната пловидба со ____________________________________________

(назначување на рег.бр. и името на пловниот објектсо кој се бара вршење на превозот) на релација
____________________________________________ (назначување на релацијата на пловидба и подрачјето на пловидба)

БАРАЊЕ до Одделението за сообраќај и улици - за поставување на скеле на објект -

Во прилог на ова барање ги доставувам следните потребни документи:

- одобрение за градење

- локациски услови

БАРАЊЕ за категоризација на угостителски објекти за сместување

Во прилог Ви доставувам:

- Пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на угостителска дејност (пазарен испекторат),

- Доказ за сопственост (имотен лист),

- Уплатница од 250 ден

БАРАЊЕ за продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување

Во прилог Ви доставувам:

- Пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на угостителска дејност (пазарен испекторат),

- Доказ за сопственост (имотен лист),

- Уплатница од 250 ден

БАРАЊЕ ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ НА ГРАД ОХРИД

Со БАРАЊЕТО доставувам и:

1. административна таксa од 250 денари

2. копија на Уверението за право на вршење на дејност туристички водич (заверенo на нотар)

3. копија на лична карта

4. копија на легитимацијата за туристички водич издадена од Здружение на Туристички Водичи на Македонија

БАРАЊЕ ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА ТУРИСТИЧКИ ПРИДРУЖНИК НА ГРАД ОХРИД

Со БАРАЊЕТО доставувам и:

1. административна таксa од 250 денари

2. копија на Уверението за право на вршење на дејност туристички придружник (заверенo на нотар)

3. копија на лична карта

4. копија на легитимацијата за туристички придружник издадена од Здружение на Туристички Водичи на Македонија

БАРАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА НОРМАТИВИ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Прилог кон барањето:

- Податоци за нормативот пополнет од угостителот

ПРИЈАВА за утврдување на часот на отпочнувањето на работното време и распоредот на работното време

ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ТРГОВСКОТО ДРУШТВО/ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ

Име на фирмата: ____________________________________________

Адреса на седиштето на фирмата: ____________________________________________

Податоци за одговорното лице: ____________________________________________ (име, презиме)

Телефон/факс: ______________________________

Општина _________________________________

ИДЕНТИФИКАЦИЈА ЗА ОБЈЕКТОТ

Под која фирма ќе работи ____________________________________________

Адреса на угостителскиот објект ____________________________________________

Телефон/факс:____________________________

Општина __________________________________

БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:__________________________________ (опис на информацијата која се бара)

ПРИЈАВА за вработување по јавен оглас

1. Податоци за огласот:

Работното место за кое се пријавува:

2. Лични податоци за кандидатот:

Име
Презиме
Адреса на живеење
Телефон за контакт
е-маил
ЕМБГ
Број на лична карта
Национална припадност

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
Избери јазик»
Scroll to Top