АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Издавање на потврда за евидентирано невработено лице

Заради добивање на услугите за невработени лица кои ги нуди Агенцијата за вработување, потребно е лицето да се воведе во соодветниот регистар во центарот за вработување, врз основа на пополнет и своерачно потпишан образец – Пријава за воведување во регистар.

ПОТВРДА за евидентирано невработено лице, на лично барање, може да добие секое лице кое е воведено во регистарот на невработени лица кои АКТИВНО БАРААТ работа.

Издавање на потврда за евидентирано друго лице кое бара работа

Заради добивање на услугите за невработени лица или други лица кои бараат работа кои ги нуди Агенцијата за вработување, потребно е лицето да се воведе во соодветниот регистар во центарот за вработување, врз основа на пополнет и своерачно потпишан образец – Пријава за воведување во регистар.

ПОТВРДА за евидентирано ДРУГО ЛИЦЕ КОЕ БАРА РАБОТА се издава на лично барање на лице кое е воведено во т.н. регистар на ПАСИВНИ БАРАТЕЛИ НА РАБОТА

Издавање на историјат на работни односи

Секое лице кое е вработено (или било вработено) може да добие извод од компјутерскиот запис на пријавата/одјавата во/од социјално осигурување која е регистрирана во евиденцијата на АВРСМ. Овој документ е познат под името М1/М2.

Истиот докумет (М1/М2) може да го добие и секој работодавач, само за лице кое е вработено (или било вработено) кај него.

Издавање на потврда за неевидентирано лице

Доколку лицето не е во евиденција на невработени лица, не е во евиденција на други лица кои бараат работа ниту пак во моментот е пријавено во работен однос, може да побара ПОТВРДА за неевидентирано лице

Издавање на извод од компјутерски запис - образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување

Секое лице кое е вработено (или било вработено) може да добие извод од компјутерскиот запис на пријавата/одјавата во/од социјално осигурување која е регистрирана во евиденцијата на АВРСМ. Овој документ е познат под името М1/М2.

Истиот докумет (М1/М2) може да го добие и секој работодавач, само за лице кое е вработено (или било вработено) кај него.

Потврда за број на активни пријави во задолжително социјално осигурување

Правното лице поднесува барање за потврда на број на активни пријави во задолжително социјално осигурување

Преглед на активни пријави во задолжително социјално осигурување

Правното лице поднесува барање за потврда на број на активни пријави во задолжително социјално осигурување

Пријава за потреба од работник (ппр) до агенција за вработување на рсм

Пријава за потреба од работник (ППР) е образец преку кој работодавачот ја изразува својата потреба од работник и преходи на пријавата на работниот однос – Пријава во задолжително социјално осигурување (М1) 

Пријава / одјава во задолжително социјално осигурување

Пријава / одјава во задолжително социјално осигурување – образец М1/М2, до Агенцијата за вработување, поднесува РАБОТОДАВАЧОТ за лица со кои има склучено договор за вработување.

Според закон, работодавачот има обврска да му даде копија од пријавата/одјавата на работникот. Работникот кој е регистриран во системот е-Работа на АВРСМ може да ги види сите свои пријави/одјави, односно историјатот на своите работни односи.

Доделување на неповратни средства од посебниот фонд за вработено инвалидно лице

Инвалидно лице кое самостојно врши дејност како самовработено лице, заштитно друштво и друго правно лице, поднесува барање за доделување на средства од Посебниот фонд до Управниот одбор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

На инвалидно лице  кога самостојно врши дејност како самовработено лице може да му се доделат средства од Посебниот фонд за негово вработување на неопределено.

Доделување на неповратни средства од посебниот фонд за адаптација на работно место за лице со инвалидитет

Инвалидно лице кое самостојно врши дејност како самовработено лице, заштитно друштво и друго правно лице, може да поднесе барање за доделување на средства од Посебниот фонд до Управниот одбор на Агенцијата за адаптација на работното место на кое ќе работи инвалидното лице. 

Работно оспособување на невработено инвалидно лице

Работното оспособување, е оспособување на инвалидното лице за практична работа за определени работи согласно потребите на работодавецот и инвалидното лице.

Услуги за вработување

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ) преку своите центри за вработување (ЦВ) обезбедува услуги за поддршка на вработување во согласност со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и годишните опертавини планови за активни мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.

Услугите се наменети на лица кои се евиденирани како невработени во АВРСМ и на работодавачите.

Активни мерки за вработување

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ) преку своите центри за вработување (ЦВ) обезбедува активни мерки за поддршка на вработување во согласност со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и годишните опертавини планови за активни мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.

Активните мерки за вработвање се наменети на лица кои се евиденирани како невработени во АВРСМ и на работодавачите.

Остварување право на паричен надоместок во случај на невработеност

Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.

Право на паричен надоместок има невработено лице за времето поминато во работен однос, за кое се уплатувани придонеси од задолжително социјално осигурување.

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
Избери јазик»
Scroll to Top