ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА СКОПЈЕ

Потврда за подземни инсталации

Барање за добивање на потврда за подземни инсталации се поднесува и подига во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација Скопје на ул.Лазар Личеноски бр.9 (архива) – приземје

Потребни документи:

2 (две) копии од Извод од план издаден од Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина (одделение за урбанизам) од соодветната Општина

Барање за хидротехнички услови

Барање за добивање на решение за хидротехнички услови се поднесува во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација Скопје на ул.Лазар Личеноски Бр.9

Потребни документи:

копија од Извод од план издадено од Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина (одделение за урбанизам) од соодветната Општина
увид во проектот со потребни количини на вода

Цена на услугата:

– за индивидуални објекти до 400 m2 , 3.000 денари + ДДВ 18% = 3.540 денари

Преземи барање: Барање за ХТ услови за  индивидуални објекти под 400 м2

– за деловни, станбено деловни и станбени објекти над 400 m2, 6.000 денари + ДДВ 18% = 7.080 денари

Преземи барање: Барање за ХТ услови за деловни, стамбено деловни и стамбени објекти над 400 м2

Барање за издавање на решенија за приклучоци и двоење во шахта

Документите се поднесуваат во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација- Скопје на ул.Ѓуро Стругар Бр.5  приземје (архива)

Напомена: Започнувајќи од 01.03.2012 год. Согласно „Законот за градење“ (Службен Весник на РМ бр. 130/09, 124/10 и 18/11 односно согласно член 92-а, потребно е барањата до ЈП Водовод и канализација- Скопје за приклучоците на градска водоводна и канализациона мрежа за новоизведените објекти, да ги испраќаат Општините односно единицата за локална самоуправа на чие подрачје е изграден објектот.

(инвеститорот т.е. Општината поднесува барање за приклучок, доставува хидротехнички услови и одобрение за градба, а по излегување на терен, референтот изработува предмер-пресметка за водоводен и/или канализационен приклучок)

(врз основа на предмер-пресметка се изработува авансна фактура која странката ја подига во дирекција на ЈП Водовод и канализација- Скопје на ул. Ѓуро Стругар Бр. на 5 спрат (фактурно) или се доставува на Град Скопје доколку е барател Општина или единицата за локална самоуправа.)

Цените на услугите се според спецификацијата и ценовникот на  ЈП Водовод и канализација- Скопје.

СОГЛАСНОСТ ЗА ДВОЕЊЕ ВО ПОСТОЈНА ВОДОМЕРНА ШАХТА

Јас ______________________________

Сопствени на приклучок за објект на ул._________________________бр.____

населба ____________________  Скопје.

 

СЕ СОГЛАСУВАМ да лицето___________________________

Сопственик на објект на ул.__________________________бр.___

населба _____________________ Скопје.

земе водоводен приклучок од мојата водомерна шахта и монтира посебен водомер во истата. Монтажата на водомерот исклучиво да ја изврши ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Барање за дезинфекција

Јас ______________________________

Сопственик

Барам да извршите дезинфекција на:

o  Надворешна водоводна мрежа

o  Внатрешна инсталација во зграда

Објектот се наоѓа на адреса: 

_________________________________

Барање за испитување на вода

ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА СКОПЈЕ

СЕКТОР ЗА САНИТАРНА КОНТОЛА

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
Избери јазик»
Scroll to Top