Фондот на пензиското и инвалидското осигурување
Издавање на потврда за користење на пензија
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија – Одделение за ликвидација на исплатата на пензиските примања по барање на осигуреникот издава потврда дaли осигуреникот е корисник или не е корисник на пензија (старосна, семејна или инвалидска).
Потребни документи
- Барање-превземи – Барање потврда дека не е корисник на пензија
- Копија од важечки документ за идентификација (пасош или лична карта)
- Цена на услугата : 300,00 ден
- Упатство за уплата-превземи. – услуга пп30
- По комплетирање на сите чекори прикачете ги документите во електронска форма
Потврда за живот
По барање на Фондот корисникот на пензија или паричен надоместок е должен да достави потврда за живот издадена од Фондот.
Потребни документи
- Барање-превземи – Потврда за живот
- Извод од матична книга на родени или извод од матичната книга на венчаните
- Цена на услугата : 300,00 ден
- Упатство за уплата-превземи. – услуга пп30
- По комплетирање на сите чекори прикачете ги документите во електронска форма
Издавање на потврда за остварување право на пензија
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија – Одделение за ликвидација на исплатата на пензиските примања по барање на осигуреникот издава потврда за остварување право на пензија (старосна, семејна или инвалидска).
Потребни документи
- Барање-превземи – Барање за инвалидска пензија , Барање за семејна пензија, Барање за старосна пензија
- Копија од важечки документ за идентификација (пасош или лична карта)
- Цена на услугата : 300,00 ден
- Упатство за уплата-превземи. – услуга пп30
- По комплетирање на сите чекори прикачете ги документите во електронска форма
Исплата на посмртна помош - солидарен фонд
Исплата на посмртната помош се врши по поднесено барање до филијалата/деловница на Фондот според местото на починатиот корисник на пензија од страна на лицето кое извршило плаќање на трошоците за погреб.
Потребни документи
- Барање-превземи – Барање за солидарен фонд
- Извод од матична книга на родени
- Цена на услугата : 300,00 ден
- Упатство за уплата-превземи. – услуга пп30
- По комплетирање на сите чекори прикачете ги документите во електронска форма
Паричен надоместок за телесно оштетување
Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување. Висината на паричниот надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на телесното оштетување.
Издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварените плати и надоместоци
Фондот е должен на барање на осигуреникот да му издаде уверение за податоците внесени во матичната евиденција.