Министерство за внатрешни работи

Издавање на возачка дозвола (прв пат)

Доколку за прв пат сте положиле возачки испит треба да поднесете барање за издавање на возачка дозвола. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на возачка дозвола за велосипед со мотор

За управување со велосипед со мотор потребно е да добиете возачка дозвола за управување со велосипед со мотор. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на возачка книшка

Возачката книшка се издава врз основа на лично поднесено барање од возачот до организациската единица на Министерството според неговото живеалиште. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на возачка дозвола поради запишување на нова категорија

Доколку сте положиле испит за управување на возило од нова категорија треба да поднесете барање за издавање на возачка дозвола за впишување на новата категорија. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на возачка дозвола (поради измината важност)

Доколку ви е истечена важноста или непосредно пред истекот на важноста на возачката дозвола можете да пдонесете барање за замена на возачка дозвола поради истечен рок. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на странска возачка дозвола за македонска возачка дозвола

Странска возачка дозвола може да се замени со македонска возачка дозвола со поднесување на барање. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на изгубена возачка дозвола

Доколку ја изгубите возачката дозвола потребно е да поднесете барање за издавање на возачка дозвола со потпишана изјава со краток опис за време и место на губењето на возачката дозвола. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на возачка дозвола поради промена на лични податоци на возачот

Доколку ви е променето личното име во рок од 30 дена потребно е да поднесете барање за замена на возачка дозвола поради промена на лично име. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на возачка дозвола (поради промена на живеалиште на возачот)

Доколку го промените вашето живеалиште потребно е во рок од 30 дена да поднесете барање за замена на возачка дозвола поради промена на живеалиште. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на возачка дозвола поради запишување на ограничување од здравствени причини

Доколку на контролен здравствен преглед имате некое ограничување можете да поднесете барање за издавање на возачка дозвола согласно наодот од здравствен преглед. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на пасош (редовна замена)

Пред истекот на рокот на важност на Вашиот пасош потребно е да поднесете барање за издавање на нов пасош (редовна замена). Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на пасош поради исчезнување/губење на пасош

Исчезнувањето или губењето на пасошот како имател сте должни во Република Македонија, да го огласите во “Службен весник на Република Северна Македонија”, пред поднесување на барањето за издавање нов пасош. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на пасош (прв пат)

За патување и престој во странство, како и за враќање во земјата, како државјанин на Република Северна Македонија потребен Ви е пасош. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на пасош поради промена на лични податоци

Доколку промените личен податок (име, презиме, матичен број и слично) потребно е да го замените пасошот во кој ќе се содржат новите податоци. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на пасош со ограничен рок на важење

Пасош со ограничен рок на важење се издава на лице на кое му е одземена патната исправа поради постоење на пречки за издавање на пасош и кое има забрана за патување. Ваков пасош се издава само со согласност на надлежен суд или орган кој барал ставање на забраната за издавање на пасош. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Предвремена замена поради оштетеност на пасошот

Во случај кога пасошот е оштетен потребно е да поднесете барање за замена на оштетениот пасош и на увид да го доставите истиот. Доказите кои не се набавуваат по службена должност потребно е да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на пасош поради други причини (исполнетост или друго)

Пред истекот на рокот на важност на Вашиот пасош доколку истиот е исполнет потребно е да поднесете барање за издавање на нова патна исправа. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање пасош на малолетно лице

За малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, барањето за издавање на патна исправа го поднесува еден од родителите, односно старателот. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на лична карта со ограничена важност

На граѓанинот кој најмалку двапати ќе ја загуби личната карта, или на друг начин ќе остане без неа ќе му се издаде лична карта со рок на важење од една година. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Предвремена замена заради оштетеност на личната карта

Во случај кога личната карта е оштетена потребно е да поднесете барање за замена на оштетената лична карта и на увид да ја доставите истата. Доказите кои не се набавуваат по службена должност потребно е да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на лична карта ако е изгубена или украдена

Личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството и живеалиштето на граѓанинот на Република Северна Македонија. Доколку ја изгубите или на друг начин останете без личната карта, должни сте да пријавите на органот на Министерството за внатрешни работи кој Ви ја издал личната карта и да отпочнете постапка за издавање на нова лична карта. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на лична карта по основ на промена на лично име

Доколку го промените Вашето лично име, треба да поднесете барање за замена на личната карта. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на лична карта заради промена на живеалиште и адреса на стан

Доколку го промените живеалиштето или адресата на станот, должни сте да поднесете барање за замена на личната карта со нова. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Замена на лична карта поради истечен рок на важење (редовна замена)

Барањето за замена на личната карта треба да го поднесете најдоцна во рок од 30 дена пред истекот на рокот на важењето на личната карта. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Издавање на прва лична карта за полнолетни лица

Како граѓанин со наполнети 18 години живот должни сте да имате лична карта, која ја издава Министерството за внатрешни работи. Доказите кои не се набавуваат по службена должност е потребно да ги доставите на закажаниот термин за сликање.

Признавање на право на азил во редовна постапка

Азил е меѓународна заштита што Република Северна Македонија ја дава на следните лица странци/лица без државјанство: • Лице со статус на бегалец ( бегалец според Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година и Протоколот за статусот на бегалците од 1967 година ) и
• Лице под супсидијарна заштита

Признавање на право на азил по итна постапка

Азил е меѓународна заштита што Република Северна Македонија ја дава на следните лица странци/лица без државјанство: • Лице со статус на бегалец ( бегалец според Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година и Протоколот за статусот на бегалците од 1967 година ) и • Лице под супсидијарна заштита

Издавање на идентификациона исправа за барател на право на азил

На барателот на право на азил ќе му се издаде идентификациона исправа во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето за признавање на право на азил.

Издавање на патна исправа на лице со стаус на бегалец

На лице со статус на бегалец патна исправа се издава со важност од две години. Патната исправа на лице со статус на бегалец се издава на лично барање, освен за лице со статус на бегалец помладо од 18 години живот, за кое барањето за издавање на патна исправа го поднесува неговиот родител или старател.

Признавање право на азил по основ на семејно обединување

На членовите на потесното семејство на лице со статус на бегалец и лице под супсидијарна заштита, на нивно барање, ќе се спроведе постапка за признавање право на азил. За членови на потесното семејство, се сметаат брачниот другар, доколку бракот бил склучен пред доаѓањето во Република Северна Македонија, вонбрачен другар, малолетните деца кои не се во брак, родителите на малолетните деца доколку малолетните деца се стекнале со право на азил и други лица согласно со закон.

Одобрение за превоз на оружје и муниција при увоз

За превоз на оружје, муниција и главни делови за оружје при увоз, извоз и транзит преку државната граница е потребно одобрение од надлежниот орган.

Одобрение за превоз на оружје и муниција при извоз

За превоз на оружје, муниција и главни делови за оружје при увоз, извоз и транзит преку државната граница е потребно одобрение од надлежниот орган.

Одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при увоз

За да извршите пренесување (трансфер) на оружје, муниција главни делови за оружје при увоз, преку државната граница е потребно одобрение од надлежниот орган.

Одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при извоз

За да извршите пренесување (трансфер) на оружје, муниција и главни делови за оружје при извоз, преку државната граница е потребно одобрение од надлежниот орган.

Одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при транзит

За да извршите пренесување (трансфер) на оружје, муниција главни делови за оружје при транзит преку државната граница е потребно одобрение од надлежниот орган.

Промена на лично име на малолетно лице (над 10 години)

За промена на личното име за дете кое наполнило 10 години живот, потребна е и негова согласност.

Промена на лично име на малолетник (до 10 години)

На малолетно лице ќе му се промени личното име, односно само името или презимето на барање од родителите или посвоителите.

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
Избери јазик»
Scroll to Top