ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

БАРАЊЕ за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонијапо со непосредна спогодба, за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или со урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела

Во прилог кон барањето ги доставувам следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Административна такса 1.500,00 ден.

2. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела кој до денот на поднесувањето не е постар од 6 месеци,

3. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,

4. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое претставува над 30% од градежната парцела кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

5. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

6. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија, за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесувањето не е постаро од 6 месеции

7. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице.

БАРАЊЕ за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Закон за утврдување на правен статус на бесправен објект или Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно со Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај врз основа на кое на кое се запишани во јавната книга на недвижност

Во прилог кон барањето ги доставувам следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Административна такса 1.500,00 ден.

2. Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект,

3. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела кој до денот на поднесувањето не е постаро од 6 месеци,

4. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела или геодетски елаборат за формирање на посебна катастарска парцела за градежното земјиште под зграда/објект/дел од објект, а зградата/објектот/делот од објектот имаат стекнато правен статус во постапка согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти,

5. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето,

6. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

7. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесувањето не е постаро од 6 месеции

8. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице.

БАРАЊЕ за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и запишани во јавната книга за запишување на правата на недвижностите, кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежното земјиште

Во прилог кон барањето ги доставувам следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Административна такса 1.500,00 ден.

2. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела кој до денот на поднесувањето не е постар од 6 месеци,

3. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,

4. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето,

5. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

6. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесувањето не е постаро од 6 месеции

7. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице.

БАРАЊЕ за давање под долготраен закуп со непосредна спогодба на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, за изградба на објекти од јавен интерес

Во прилог кон барањето ги доставувам следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Административна такса 1.800,00 ден.

2. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела кој до денот на поднесувањето не е постар од 6 месеци, односно проект за инфраструктура со утвдрена површина за градење,

3. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,

4. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

5. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесувањето не е постаро од 6 месеции

6. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице.

БАРАЊЕ за засновање право на службеност на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

Во прилог кон барањето ги доставувам следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот):

1. Административна такса 1.800,00 ден.

2. доказ за правото на градење на објект од јавен интерес утврден со закон или доказ за сопственост на објект од јавен интерес

3. Извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација или проект за инфраструктура за линиски водови во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој до денот на поднесувањето не е постар од 6 месеци,

4. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,

5. Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

6. Уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина кое до денот на поднесувањето не е постаро од 6 месеции

7. Доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице.

БАРАЊЕ за пристап до информации од јавен карактер

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

БАРАЊЕ (ОПШТО)

До Општина Гевгелија - Општинска администрација

БАРАЊЕ за бришење од регистар

Сo Решение бр.__________________ извршен е упис во регистарот за издавачи на соби, кој се води при општина Гевгелија. Причината поради која сакам да не бидам повеќе евидентиран како физичко лице кое врши угостителска дејност за сместување од мал обем е следната:

БАРАЊЕ за еднократна помош

До Општина Гевгелија - Општински Совет

БАРАЊЕ за градежна, комунална и инспекција за животна средина

До Општина Гевгелија

БАРАЊЕ за утврдување на минимално – технички услови и категоризација за вршење на угостителска дејност од мал обем

До Општина Гевгелија

Барам да се утврди исполнување на пропишаните минимално – технички услови – категоризација за објектот на ул.

БАРАЊЕ за издавање Потврда за точна адреса на објект (име на улица и/или куќен број)

Го поднесувам ова Барање со цел да ми се издаде Потврда за точна адреса на станбен / деловен објект што се наоѓа на КП бр.

Барање со цел да ми се одобри паричен надоместок за новороденче во општина Гевгелија

До Општина Гевгелија - Општинска администрација

БАРАЊЕ за издавање на копија од Потврда за точна адреса на објект (име на улица и/или куќен број)

Го поднесувам ова Барање со цел да ми се издаде копија од Потврда за точна адреса на објект, издадена од Ваша страна на ден:

Барање за прием кај Претседателот на Совет на општина Гевгелија

Секој граѓанин кој бара прием кај Претседателот на Советот на општина Гевгелија лично пополнува формулар.

Барање за упис во Регистарот на Физички лица кои вршат угостителска дејност

Кон барањето приложувам:

- Лична карта на увид ;

- Пријава до Државна пазарна инспекција за исполнување на минимално- технички услови

- Доказ за сопственост на објектот (имотен лист, договор за закуп или друг акт) ;

- Уплата од 250,00 денари на Трезорска сметка , НБРМ 100000000063095 ,
Уплатна сметка 840-115-03182 ,
шифра 722 315 00

Цел на дознака: Административна такса за упис во регистарот на издавачи на соби

Образец: ПП 50

БАРАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА НОРМАТИВИТЕ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Прилог кон барањето:

- Решение за исполнување на минимално-техничките услови за работа

- Податоци за нормативот-пополнет од угостителот

Даночна пријава за утврдување на данок на имот

1. Даночна пријава (образец ДИ – ПН)

2. Имотен лист (фотокопија и оригинал на увид)

3. Договор за купопродажба (оригинал) или пресуда

4. Лична карта (на увид)

5. Уплатница

Издавање на Решение за данок на подарок и наследство (по барање на граѓанин/клиент)

1. Даночна пријава (образец ДИ)

2. Имотен лист (фотокопија и оригинал на увид)

3. Договор за подарок или Решение за наследство (оригинал)

4. Лична карта (на увид)

5. Уплатница

Барање за прием кај Градоначалникот на општина Гевгелија

Секој граѓанин кој бара прием кај Градоначалникот лично пополнува формулар

ПРИЈАВА за исполнување на мининимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност и започнување со работа

До Градоначалник на Општина Гевгелија

ПРИЈАВА ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА МИНИМАЛНО ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ТРГОВИЈА И ЗАПОЧНУВАЊЕ СО РАБОТА НА ПРОДАЖЕН ИЛИ ДРУГ ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ

Пријава од овластено лице:

Пријавувам дека деловниот простор од точка ---- на оваа пријава ги исполнува условите од Правилникот за минимално-техничките услови за деловни простори и простории во кои се врши трговија.

ПРИЈАВА ЗА ЧАСОТ И РАСПОРЕДОТ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ВО ПРОДАЖНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО КОИ СЕ ВРШИ ТРГОВИЈА

ДО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
Одделение за Локален економски развој

ПРИЈАВА за утврдување на часот на отпочнување на работно време и распоред на работно време на угостителски објекти

До Градоначалник на Општина Гевгелија Одделение за локален економски развој

Издавање на Решение за утврден данок на промет на недвижност (по барање на граѓанин/клиент)

1. Даночна пријава (образец ДИ – ПН)

2. Имотен лист (фотокопија и оригинал на увид)

3. Договор за купопродажба (оригинал) или пресуда

4. Лична карта (на увид)

5. Уплатница

УПАТСТВО ЗА УГОСТИТЕЛИ

Со БАРАЊЕТО за упис во РЕГИСТАРОТ на издавачи на легла во прилог да се достават и следните документи:

- Лична карта на увид ;

- Пријава до Државна пазарна инспекција за исполнување на минимално- технички услови

- Доказ за сопственост на објектот (имотен лист, договор за закуп или друг акт);

- Уплата од 250,00 денари.

3.2. Со БАРАЊЕТО за КАТЕГОРИЗАЦИЈА да се достават и следните документи:

- копија од решението за упис во регистарот на издавачи на соби во Општина Гевгелија.

- Уплата од 250 денари.

БАРАЊЕ за издавање на решение за одобрување на елаборат за животна средина

Во прилог на барањето се приложува следнава документација:

- Изготвен и пополнет прилог од правилникот за ЖСЕЗЖС во три (3) оригинални примероци и во електронска форма;

- Уплатница за платени административни такси во износ од 600,оо денари на жиро - сметката на Општина Гевгелија.

БАРАЊЕ за заверка на Изјава од изведувач

Кон барањето ги поднесувам следните документи:

- Доказ за уплатена такса,

- Изјава,

- Решение (правосилно)

БАРАЊЕ за запишување на градежниот објект во јавната книга на недвижности

Кон барањето се доставува:

1. Извештај од надзорен орган за објекти над 300 м2 ( и по член 59-s) или изјава од изведувачот на градбата, нотарски заверена за објекти помали од 300 м2;

2. Геодетски елаборат од извршен премер на објектот;

3. Градежно техничка документација (комплетен заверен основен проект);

4. Одобрение за градење(правосилно) или Решение за легализација (правосилно) и Урбанистчка согласност (за легализација);

5. Потврда за заверка на проектна документација;

6. Ревизија на проектот;

7. Извод од урбанистички план;

8. Надоместок за запишување(внатреш. површ.__________m2 x 10 ден /m2 + 250=_________ ден)

9.Кога барателот е правно лице:

-Потврда за ликвидација од Централен регистар на Р. Македонија – не постара од 30 дена

-Потврда дека не е под стечај од Централен регистар на Р. Македонија-не постара од 30 дена

-Решение за тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија-не постара од 30 дена

БАРАЊЕ за издавање на лиценца за вршење на авто такси превоз на патници во Општина Гевгелија

1.ТЕКОВНАСОСТОЈБА (НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА-копија)

2. ПОРВРДА ЗА СОПСТВЕНОСТ НА ВОЗИЛОТО (сообраќајна дозвола заверени на нотар или копија од договор за лизинг склучен со овластен дистрибутер, заверен на нотар, за моторните возила што ги користи по тој основ-возилото мора да биде регистрирано на фирма), возилото во сообраќајна дозвола да биде со жолта боја и да гласи на фирма

3. ПОТВРДА ЗА ИСПОЛНЕТОСТ НА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОТАЦИОНИ УСЛОВИ (копија)

4. ПОТВРДА ЗА ЕКОЛОШКИТЕ СТАНДАРДИ НА ВОЗИЛОТО ( копија )

5. ДОКАЗ ЗА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА-ВОЗАЧИ ВО ФИРМАТА (копија од образец М1/М2 и потврда-список на вработените обврзници, издадена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за платени придонеси)

6. СЕРТИФИКАТ за аво такси возач

7. РЕШЕНИЕ за регистрација на фискален апарат (копија)

8. СЕРТИФИКАТ за верификација на мерило (копија)

9. СЕРТИФИКАТ за професионална компетентност за управителот - овластеното лице, освен за ТП кој врши авто такси превоз на патници

9. УВЕРЕНИЕ дека не е во сила правосилна пресуда, кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај, НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА (копија)

АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ:

- 250 денари административна такса,

- 3000 денари за лиценца,

- 3400 денари за користење на авто-такси стојалишта

УПЛАТАТА НА СИТЕ ТАКСИ СЕ ВРШИ НА УПЛАТНИЦА ПП50,

Назив на примачот: ТРЕЗОРСКА СМЕТКА
Банка на примач: НБРМ
Трансакциска сметка: 100 0000000630 95
Уплатна сметка: 840 115 03182
Приходна шифра и програма: 722315

БАРАЊЕ за издавање на извод од лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Гевгелија

1.ТЕКОВНА СОСТОЈБА (НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА - копија)

2. ПОТВРДА ЗА СОПСТВЕНОСТ НА ВОЗИЛОТО (сообраќајна дозвола заверени на нотар или копија од договор за лизинг склучен со овластен дистрибутер, заверен на нотар,

3. ПОТВРДА ЗА ИСПОЛНЕТОСТ НА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОТАЦИОНИ УСЛОВИ (копија)

4. ПОТВРДА ЗА ЕКОЛОШКИТЕ СТАНДАРДИ НА ВОЗИЛОТО ( копија )

5. ДОКАЗ ЗА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА-ВОЗАЧИ ВО ФИРМАТА (копија од образец М1/М2 и потврда-список на вработените обврзници , издадена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за платени придонеси )

6. СЕРТИФИКАТ за професионална компетентност за управителот , односно овластеното лице

7. УВЕРЕНИЕ дека не е во сила правосилна пресуда, кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај, НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА (копија)

АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ:

- 250 денари административна такса,

- 6000 денари за извод од лиценца

УПЛАТАТА НА СИТЕ ТАКСИ СЕ ВРШИ НА УПЛАТНИЦА ПП50,

Назив на примачот: ТРЕЗОРСКА СМЕТКА
Банка на примач: НБРМ
Трансакциска сметка: 100 0000000630 95
Уплатна сметка: 840 115 03182
Приходна шифра и програма: 722315

БАРАЊЕ за издавање на извод од урбанистички план од општина Гевгелија

Кон барањето ги поднесувам следните документи:

- Доказ за уплатена такса,

- Извод од катастарски план, не постар од 6 месеци.

БАРАЊЕ за издавање на лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Гевгелија

1.ТЕКОВНА СОСТОЈБА (НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА-копија)

2. ПОТВРДА ЗА СОПСТВЕНОСТ НА ВОЗИЛОТО (сообраќајна дозвола заверени на нотар или копија од договор за лизинг склучен со овластен дистрибутер, заверен на нотар,

3. ПОТВРДА ЗА ИСПОЛНЕТОСТ НА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОТАЦИОНИ УСЛОВИ (копија)

4. ПОТВРДА ЗА ЕКОЛОШКИТЕ СТАНДАРДИ НА ВОЗИЛОТО ( копија )

5. ДОКАЗ ЗА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА-ВОЗАЧИ ВО ФИРМАТА (копија од образец М1/М2 и потврда-список на вработените обврзници , издадена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за платени придонеси )

6. СЕРТИФИКАТ за професионална компетентност за управителот , односно овластеното лице

7. УВЕРЕНИЕ дека не е во сила правосилна пресуда, кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај, НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА (копија)

АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ:

- 250 денари административна такса,

- 6000 денари за лиценца

УПЛАТАТА НА СИТЕ ТАКСИ СЕ ВРШИ НА УПЛАТНИЦА ПП50,

Назив на примачот: ТРЕЗОРСКА СМЕТКА
Банка на примач: НБРМ
Трансакциска сметка: 100 0000000630 95
Уплатна сметка: 840 115 03182
Приходна шифра и програма: 722315

БАРАЊЕ за издавање на извод од програмата за урбана опрема -микролокациски услови-

Кон барањето ги поднесувам следните документи:

- Доказ за уплатена такса,

- Копија од катастарски план

БАРАЊЕ на Одјава на Извод од лиценца

ПОТРЕБНО:

Уплатница ПП50 во износ од 250 денари со назив: АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА
Назив на примачот: ТРЕЗОРСКА СМЕТКА
Банка на примач: НБРМ
Трансакциска сметка: 100 0000000630 95
Уплатна сметка: 840 115 03182
Приходна шифра и програма: 722315

БАРАЊЕ за издавање на одобрение за отстранување на објект

Во прилог на барањето се приложува следнава документација:

- Доказ за сопственост на објектот (имотен лист не постар од 6 месеци);

- Проект за отстранување на објект или негов дел (3 примероци);

- Ревизија на проектот за отстранување на објект;

- Уплатница за платени административни такси во износ од 250,оо денари на жиро - сметката на Општина Гевгелија.

БАРАЊЕ за поднесок на предбележување на градба во Катастар

Со барањето ги поднесувам следните документи:

1. Извод од план;

2. Одобрение за градење – правосилно;

3. Основен проект-фаза ( архитектура);

4. Изјава заверена на нотар за идентичност на поднесената документација;

5. Платен надоместок (внатрешна површина ___________х, 6 ден m = _________ден) + 250 денари паушал

6. Ако одобрението е на правно лице потребна е тековна состојба од ЦР, ликвидација и стечај не постари од 1 месец;

7. Поднесок во Општина Гевгелија можат да поднесат лица што имаат добиено одобрение за градба од 23.02.2011 год, Одобрение пред тој датум се поднесува на шалтер на АКН

8. Административна такса од 50 ден

9. Потврда за заверка на проектна документација

Цела документација се доставува скенирана во PDF формат на CD

БАРАЊЕ за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема

Во прилог на барањето се приложува следнава документација:

- Микролокациски услови за поставување на урбана опрема;

- Проект за поставување на урбана опрема (3 примероци);

- Тековна состојба;

- Договор за закуп;

- Уплатница за платени административни такси во износ од 1.050,оо денари на жиро - сметката на Општина Гевгелија.

БАРАЊЕ за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема-продолжување

Во прилог на барањето се приложува следнава документација:

- Одобрение за поставување на урбана опрема;

- Тековна состојба;

- Договор за закуп;

- Уплатница за платени административни такси во износ од 1.050,оо денари на жиро - сметката на Општина Гевгелија.

БАРАЊЕ за препис од издадена документација

Со барањето поднесувам:

1. Потврда за платени административни такси во вредност од 250,ooденари

БАРАЊЕ за промена на инвеститор

Со барањето поднесувам:

1. Копија од лична карта;

2. Потврда за платени административни такси во вредност од 250,oo ден.

Барање за издавање на Уверение за катастарска парцела

Со барањето поднесувам:

1. Потврда за платени административни такси во вредност од 250,oo ден.

Барање за издавање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Гевгелија и регистрација на возен ред

1. УПЛАТНИЦА ЗА УПЛАТЕНИ 50,00 ДЕНАРИ ЗА ТАКСА

2. УПЛАТНИЦА ОД 600,00 ДЕНАРИ ТАКСА ЗА СЛЕДНОВО:

3. ИЗВОД ОД ЛИЦЕНЦА ЗА ВОЗИЛО (за општински линиски превоз на патници)

4. РЕШЕНИЕ ЗА ДОДЕЛЕНА ЛИНИЈА

5. ВОЗЕН РЕД ИЗРАБОТЕН НА ПРОПИШАН ОБРАЗЕЦ ( ДАДЕН ВО ПРИЛОГ ) ВО 5 ПРИМЕРОЦИ

Назив на примачот: ТРЕЗОРСКА СМЕТКА
Банка на примач: НБРМ
Трансакциска сметка: 100 0000000630 95
Уплатна сметка: 840 115 03182
Приходна шифра и програма: 722 315

УПЛАТАТА СЕ ВРШИ НА УПЛАТНИЦА ПП50,

Барање за издавање на дозвола за вршење на посебен општински линиски превоз на патници во Општина Гевгелија

1. ВРЕМЕНСКИ ТЕРМИНИ ЗА ПОАЃАЊЕ И ВРАЌАЊЕ ВО КОИ ЌЕ СЕ ВРШИ ПРЕВОЗОТ

2. ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ОБРАЗЕЦ М-1, М-2

3. ПОТВРДА од ФПИОМ за вработено лице и СПИСОК НА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА

4. КОПИЈА ОД ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА ВОЗАЧОТ

5. УПЛАТНИЦА ПП50 СО ИЗНОС ОД 650,00 ДЕНАРИ ЗА ПЛАТЕНА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА со назнака:

Дозвола за посебен општински превоз.

6. КОПИЈА ОД ЛИЦЕНЦАТА ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО ВНАТРЕШНИОТ ПАТЕН СООБРАЌАЈ, вид на превоз: слободен превоз на патници и посебен линиски превоз на патници, ЗАВЕРЕНА НА НОТАР

7. ИЗВОД ОД ЛИЦЕНЦА ЗА ВОЗИЛАТА ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПОТРЕБНИОТ БРОЈ НА ВОЗИЛА

8. ТЕКОВНА СОСТОБА ОД ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА Р.М. ( КОПИЈА не постара од 60 дена ).

9. ДОКАЗ ЗА СОПСТВЕНОСТ НА ВОЗИЛО (копија од сообраќајна дозвола или договор за лизинг)

10. ПОТВРДА за исполнување на техничко експлоатациони карактеристики на возилото

11. ПОТВРДА за еколошки стандард на возилото

12. ДОГОВОР СКЛУЧЕН СО ПРАВНО ЛИЦЕ, СО СПИСОК НА ПАТНИЦИТЕ ШТО ЌЕ СЕ ПРЕВЕЗУВААТ
Назив на примачот: ТРЕЗОРСКА СМЕТКА
Банка на примач: НБРМ
Трансакциска сметка: 100 0000000630 95
Уплатна сметка: 840 115 03182
Приходна шифра и програма: 722315

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
Избери јазик»
Scroll to Top