ОПШТИНА ЦЕНТАР

КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА ФИРМА, ОДНОСНО НАЗИВ НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА (Надлежна институција – ГРАД СКОПЈЕ)

Издавање на Решение за комунална такса за истакнување на фирма (фирмарина), односно назив на деловна просторија од Градоначалникот на Град Скопје

КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЦИ СО ПАТНИЧКИ, ТОВАРНИ, МОТОРНИ ВОЗИЛА, АВТОБУСИ, СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА И МОТОРЦИКЛИ, ШТО СЕ ПЛАЌА ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА

Комунална такса за користење на улици со патнички, товарни, моторни возила, автобуси, специјални возила и моторцикли, што се плаќа при регистрација на возилата. Обврзник СИТЕ правни и физички лица сопственици на патнички, товарни, моторни возила, автобуси, специјални возила и моторцикли.

КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ ПРЕД ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ

Издавање на Решение за комунална такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност.

Обврзник: Правни лица и физички лица- граѓани и вршители на дејност.

Цена: Одлука за висината на комунални такси во Општина Центар-Скопје, Службен гласник на Град Скопје бр.7/2005, во износ од 15 ден на м2 на ден.

Потребните документи за добивање на Решение наведени се во формуларот.

КОМУНАЛНИ ТАКСИ ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА РЕКЛАМИ, ОБЈАВИ И ОГЛАСИ НА ЈАВНИ МЕСТА

Издавање на Решение за комунални такси за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места од страна на Град Скопје.

Правни лица и физички лица – граѓани и вршители на дејност.

Според законска тарифа за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места се плаќа такса и тоа:

– до седум дена 800

– до 30 дена 1.300

– до една година 1.600

Градоначалникот на Град Скопје донесува Решение за комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места

КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛОШТАДИ И ДРУГ ПРОСТОР ВО ГРАДОВИТЕ И ДРУГИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА, СО ЦЕЛ ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ, ПРИРЕДУВАЊЕ ИЗЛОЖБИ И ЗАБАВНИ ПРИРЕДБИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ

Сектор за урбанизам:

Издавање на Решение за комунална такса за користење на плоштади и друг простор во градовите и другите населени места, со цел изложување на предмети, приредување изложби и забавни приредби за вршење на дејност.

Физичко лице, вршител на дејност тп правно лице и сл.

Комуналните такси се утврдуваат по метар квадратен корисна површина такса за заземена површина од м2 дневно од 7 денари.

Сите потребни документи за добивање на Решение, наведени се во формуларот

КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗА ПАРКИРАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Комунална такса за користење на просторот за паркирање на моторни возила сите што го користат просторот за паркирање се утврдува во процентуален износ од цената на наплатената услуга за користење на просторот за паркирање според законска тарифа се наплаќа комунална такса во висина од 10% до 20% од цената на наплатената услуга за користење на просторот за паркирање.

Според одлука на Центар:

Паркирање на патнички возила на јавни паркиралишта

дневно 30

по час 10

паркирање на товарни моторни возила и автобуси дневно 100

паркирање на приколки дневно 50

Надлежни органи – правни лице на кои им е доверено организирањето и одржувањето на паркинг – плацот:

ГРАДСКИ ПАРКИНГ И ПОЦ

НАДОМЕСТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Барање до Општина Центар, Сектор за урбанизам,Одделение за градежништво ( барањето е електронски и се поднесува во е-дозволи на www.gradezna-dozvola.mk)

Административна такса за барање

Извод од ДУП од Општина (не постар од 6 месеци)

Имотен лист за објект од АКН (не постар од 6 месеци)

Копие од катастарски план од АКН (не постар од 6 месеци)

Основен проект во pdf и dwg со потребни фази (архитектура, статика, електрика, водовод и канализација)

Ревизија на основен проект

Позитивно мислење за механичка отпорност од ИЗИИС-Скопје

Позитивно мислење за минимални барања за енергетска ефикасност

Полномошно за подносител

Геодетски елаборат, Доказ за право на градење согласно член 59-а од Закон за градење, Доколку се повеќе инвеститори се доставува правно дело согласно член 59-д став (2) од законот

АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ КОИ СЕ ПЛАЌААТ ЗА СПИСИТЕ И ДЕЈСТВИЈАТА КАЈ ОРГАНИТЕ НА ОПШТИНАТА

Административни такси кои се плаќаат за списите и дејствијата кај органите на општината

Обврзник физичко/правно лице

Цена во зависност од услугата

Потребни документи во зависност од бараната услуга

Административна такса во зависност од услугата, различни се административните такси

Прием на барањето барањето се поднесува на шалтер во архива, барака 6

2% ОД НАПЛАТЕНИТЕ ПРЕМИИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА (КАСКО) И ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ОД УПОТРЕБА НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА. (Надлежна институција – ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА)

Вид – Име на услугата 2% од наплатените премии за осигурување на моторни возила (каско) и осигурување од одговорност од употреба на моторните возила

Обврзник сите физички и правни лица – сопственици на моторни воизла

Цена 2% од наплатените премии за осигурување – ги наплаќаат осигурителните компании и согласно закон потоа ги уплаќаат на посебна уплатна сметка на општината

Надлежен орган е осигурителната компанија, која ја реализира услугата и согласно закон уплаќа 2% од наплатените премиии на посебна уплатна сметка на општината

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ ИЗГРАДБА

Доколку во текот на градењето се промени изведувачот или правното лице за врешење надзор, односно определениот надзорен инженер, инвеститорот е должен во рок од 7 дена од настанатата промена да ги извести надлежните органи.

Во случај на прекинување на изградбата инвеститорот е должен да превземе мерки за обезбедување на градбата, на соседните објекти и на земјиштето.

ОПШТО БАРАЊЕ

Б А Р А Њ Е до сектор за урбанизам

50 денари административна такса

БАРАЊЕ ЗА ПОВТОРУВАЊЕ НА ПОСТАПКА

Барањето за повторување на постапката го поднесувам во рок од: ______ дена од денот на дознавање на причините за повторување на постапката.

БАРАЊЕ ЗА ОГЛАСУВАЊЕ НА УПРАВЕН АКТ ЗА НИШТОВЕН

Барам да се огласи за Ништовен управниот акт, поради:

ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТОК: Согласно Закон за админ. такси 250 денари + 50 денари.

БАРАЊЕ ЗА ИСПРАВКА НА ТЕХНИЧКА ГРЕШКА ВО УПРАВЕН АКТ

Согласно Законот за општата управна постапка, исправка на техничка грешка може да се врши поради грешка во имиња или броеви, пишување или сметање, како и други очигледни неточности во управниот акт или во неговите заверени преписи.

ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТОК: Согласно Закон за админ. такси 50 денари. (Не се наплаќа дополнителна административна такса за списи и дејства во постапка за исправка на грешка во Решенијата.)

БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ИЗВОД ОД ДУП

ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
Сектор за урбанизам, Одделение за урбанистичко планирање

ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТОК: Согласно Закон за админ. такси:

50 денари + 500 денари за градежни објекти до 500м2,

750 денари за објекти над 500м2.

ИНИЦИЈАТИВА за изработување и донесување или изменување и дополнување на ДУП

Во прилог доставувам(е):

1. Имотен лист за земјиштето на погоре наведената КП не постар од 6 месеци,

2. Графички прилог со опфат на планот,

3. Други документи (по потреба)

БАРАЊЕ за изменување и дополнување на ДУП

ДО ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
Сектор за урбанизам,
Одделение за урбанистичко планирање

БАРАЊЕ ЗА техничка исправка на ДУП

ДО ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
Сектор за урбанизам,
Одделение за урбанистичко планирање

БАРАЊЕ ЗА техничка исправка на ДУП

ДО ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
Сектор за урбанизам,
Одделение за урбанистичко планирање (по потреба во прилог се доставува: извод од ДУП, имотен лист и др.)

Забелешка: Во согласност со Закон, техничка исправка може да се врши само поради техничка грешка на бројки и/или неусогласеност на параметри во графичкиот приказ, текстуалниот дел и нумеричкиот дел на урбанистичкиот план.

ПРЕСМЕТКА за надоместок за запишување во јавните книги на Агенцијата за катастар на недвижности

1. Промена на катастарска култура / Запишување на внатрешна површина на новоизградени згради, надградби, доградби, легализација и други објекти :

За запишување во катастар:

m2 X 10 денари = денари + 250 денари паушален трошок.

Вкупно за наплата: денари.

Такса од 100 ден (по стар елаборат, пред 2015 год.)

Плаќањето да се изврши на образец ПП50. По извршената уплата барателот е должен да достави доказ за извршената уплата во просториите на Општина Центар-Скопје или по електронски пат.

БАРАЊЕ за издавање на одобрение за поставување урбана опрема (за поставување урбана опрема на јавна површина за времетраење дневно – 24 часа и краткотрајно – до 30 дена)

Во прилог на барањето доставувам:

- извод од соодветен регистар каде што е регистриран барателот (не постар од 6 месеци);

- извод од ДУП за предметниот локалитет;

- образложение на барањето;

- фотографии и цртежи со технички опис и димензии на предложената состојба и опрема, елементи на постојна комунална опрема, зеленило и инфраструктура;

- уплатница од 1.000,00 денари на ПП50 образец (тарифен број 93).

БАРАЊЕ за издавање на одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор (за вршење на угостителска, трговска или занаетчиска дејност)

Во прилог на барањето доставувам:  За вршење дејност надвор од деловен простор:

- извод од соодветен регистар каде што е регистриран барателот (не постар од 6 месеци);

- потврда за исполнување на минимално - технички услови за вршење дејност;

- имотен лист со соодветна намена на деловниот простор (не постар од 6 месеци) или договор за закуп;

- копија од катастарски план;

- Писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од станбено деловниот објект, односно од влезот во објектот, кои претставуваат повеќе од половината сопственици на посебните делови на објектот, односно од влезот во објектот пред кој ќе се врши дејноста, заверена на нотар (заверена на нотар);

- Писмена согласност од сопствениците на земјиштето во рамки на градежната парцела согласно ДУП, доколку барањето не е за вршење дејност на јавна површина, заверена на нотар;

 Елаборат/проект1 во кој е дефинирана површината за вршење дејност во четири примерока и на ЦД, со следната содржина:

- назив и седиште на заинтересираниот субјект;

- регистрација на дејност, лиценца и овластување од проектантската куќа и одговорниот проектант;

- технички опис и приказ на урбаната опрема/фотографии и сл.;

- извод од ДУП за предметниот локалитет и микро-локациски услови во размер 1:1000, кои претставуваат извод од Програмата за урбана опрема доколку се бара поставување урбана опрема;

- детални цртежи со опис на постојната состојба и околниот простор со околните објекти и елементи на постојната комунална опрема, зеленило и инфраструктура (ситуација 1:500 и 1:200);

- детални цртежи со опис на предложената состојба и околниот простор со околните објекти и елементи на постојната комунална опрема, зеленило и инфраструктура (ситуација 1:500 и 1:200, основи 1:100 и пресеци 1:100 или 1:50);

Уплатница од 600,00 денари на ПП50 образец (тарифен број 93);

БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ МИКРОЛОКАЦИСКИ УСЛОВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ УРБАНА ОПРЕМА

Барам да ми се издадат микролокациски услови за КП ________________КО Центар _____, (доколку се повеќе, се запишува број на КП која што го зафаќа најголемиот дел од градбата). на Адреса: ____________________________________________________________.

Во прилог: копија од имотен лист или копиja од катастарски план (незадолжително).

Во прилог на ова барање, ви доставувам:

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
Избери јазик»
Scroll to Top