ОПШТИНА НОВО СЕЛО
ПРИЈАВА за утврдување на часот на отпочнување на работно време и распоред на работно време на угостителски објекти
До Градоначалник на Општина Ново Село
Утврдување данок на промет на недвижност
Потребни документи за утврдување данок на промет на недвижност:
Договор за купопродажба;
– Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижност потпишана од даночниот обврзник со платена административна такса на износ од 300,00 денари на
уплатна сметка 840-150-03182,
приходна шифра 722315,
цел на дознака: административна такса, образец ПП-50 и трошоци на постапка на износ од 20000 денари на
уплатна сметка 840-150-03390 и
приходна шифра 722316 на образец ПП-50;
– Договор за купопродажба во 6 (шест) примероци потпишани од договорните страни
– Имотен лист во еден примерок да не е постар од 6 (шест) месеци и да е на име на сопственикот (продавачот)
– Барање со платена такса на износ од 100,00 денари за секоја договорна странка на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50)
Правосилни: судска одлука, стечајно решение или извршно решение
– Даночна пријава со административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315 (образец ПП-50), трошоци на постапка на износ од 200,00 на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316 (образец ПП-50);
– Правосилни: судска одлука, стечајно решение, изврно решение во 3 (три) примерока од кој еден оригинал;
– Имотен лист во еден примерок на име на стечајниот, тужениот или извршниот должник и да не е постар од 6 (шест) месеци
Договор за доживотна издршка
– Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижност потпишана од даночниот обврзник со платена административна такса на износ 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315, цел на дознака: административна такса, образец ПП-50 и трошоци за постапка на износ 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец ПП-50;
– Договор за доживотна издршка во 3 (три) примероци од кои еден во оригинал и две фотокопии, а со кое е запрена оставинската постапка поради постоење договор за доживотна издршка.
Договор за замена
– Две даночни пријави за утврдување на данокот на промет на недвижност потпишани посебно од договорните страни- учесници во размената, со платена административна такса на износ од 300,00 денари за секој учесник во замената на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315, цел на дознака: административна такса, образец ПП-50 и трошоци на постака на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец ПП-50;
– Договор за замена во 6 (шест) примероци потпишани од договорните страни;
– Имотни листови од двете договорни страни и да не се постари од 6 (шест) месеци;
– Барање со платена такса на износ од 100,00 за секоја договорна страна на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50)
Договор за физичка делба
– Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижност потпишана од даночниот обврзник со платена административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315, цел на дознака: административна такса, образец ПП-50 и трошоци на постпака на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец ПП-50;
– Договор за физичка делба во 6 (шест) примероци потпишани од предлагачите;
– Имотен лист да не е постар од 6 (шест) месеци;
– План од овластен геометар за физичка делба;
– Барање со платена такса на износ од 100,00 денари за секоја договорна странка на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50);
Утврдување данок на наследство и подарок
Договор за Дар-Отстапување на имот за време на живот
– Даночна пријава за утврдување данок на наследство и подарок а потпишана од даропримачот/примателот со платена административна такса од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315 за заверка на пријава, образец ПП-50 и трошоци на постапка на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец на ПП-50;
– Договор за дар-отстапување на имот за време на живот во 6 (шест) примероци потпишани од договорните страни;
– Извод на родени-венчани за даропримачот-ите, примателот-ите и да е е постар од 6 (шест) месеци;
– Барање со платена такса на износ 100,00 денари за секоја договорна странка на уплатна сметка 840-150-03390 приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50);
Оставинско (наследство) и тестаментално решение, записник за судско порамнување и записник за извршена судрска и физичка делба
– Пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателите на имот (законските и тестаменталните наследници, порамнувачите и учесниците во физичка делба) со платена административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315 за заверка на пријава (образец ПП-50) и трошоци на постапка на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец ПП-50;
– Правосилно, оставинско решение како и записник (спогодба) за судско порамнување односно физичка делба во 3 (три) примероци од кои 1 (еден) оригинал;
– Имотни листови во еден примерок на име на оставителот, тесторот или на сопствениците и да не е постар од 6 (шест) месеци;
– Барање со платена такса на износ од 100,00 денари за секој учесник во постапката на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50);
Договор за дар и договор за физичка делба – втор и останати наследни редови
– Даночна пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателот на имотот со платена административна такса од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315 за заверка на пријава, трошоци на постапка на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 (образец ПП-50);
– Договор за дар и за физичка делба во 6 (шест) примерока потпишана од договорните страни;
– Имотен лист на име на сопственикот- сопствениците и да не е постар од 6 (шест) месеци;
– Извод на родени за сите договорни страни и да не е постар од 6 (шест) месеци;
– Барање со платена такса на износ од 100,00 денари за секоја договорна страна на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50);
Данок на имот
Потребни документи за данок на имот:
– Даночна пријава за утврдување на данок на имот потпишната од даночниот обврзник;
– Имотен лист на име на сопственикот и да не е постар од 6 (шест) месеци;
– Договор за купопродажба;
– Договор за дар;
– Наследно решение;
– Изјава за поседување на имот заверена кај нотар – дивоградба
Фирмарина
Потребни документи за комунална такса
Фирмарина
– Решение од Централен регистар за оснивање на трговско друштво;
– Решение од Централен регистар за отворање / затворање на деловна единица;
– Решение од Централен регистар за ликвидација / бришење на трговско друштво;
– Решение од Основен суд за отворена / затворена стечајна постапка;
– Известување за извршена промена на седиште на Т.Д. или деловна единица.
Издавање на одобрение за градење
Постапка за издавање на одобрение за градење:
Извод од урбанистичко–планска докумнтација
Барање за добивање извод од урбанистичко-планска документација
Административнатакса
Трансакциска сметка: 1000000000630-95
Банка на примачот: НБ на РМ
Уплатна сметка: 840 150 03182
Приходна шифра: 722315
Цел на дознака: Административна такса
Износ: 550,00 денари / 850,00 денари за парцела над 500м2
Изводот е основа за изработување на основен проект.
Барање за Одобрение за градење со административна такса
Потребни документи за издавање на одобрение за градба:
Барање за Одобрение за градење со административна такса:
850,00 денари реконструкции, доградби и надградби, пренамена;
550,00 денари за станбени објекти;
550,00 денари за стопански и административно деловни објекти до 500м2;
000,00денари за инфраструктурни објекти од локално значење.
Комплет основен проект со сите планирани фази во електронска форма со извршена ревизија (за станбени објекти за индивидуално дмување до 300м2 не е потребна ревизија на основен проект).
Позитивно МИСЛЕЊЕ за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита издадено од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Универзитет “Св. Кирил и Методиј”–Скопје.
Извештај од извршена енергетска контрола на основниот проект.
Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.
Доказ за сопственост на земјиштето( имотен лист ).
Имотни листови
Потребни документи за издавање на имотни листови:
Лична карта
Бр. на катастарска парцела/ бр. на имотен лист
Уплатница за Имотен лист + Административна такса
Трансакциска сметка: 100000000063095
Банка на примачот: НБнаРМ
Сметка на буџетски корисник:
Уплатна сметка: 840 150 03182
Приходна шифра: 722315
Цел на дознака: За имотен лист и административна такса
Износ: 180,00 денари
Барање за градежна, комунална инспекција, инспекција за животна средина и инспекција за патен сообраќај
До Општина Ново Село
СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
