ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), од имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

(Правна поука: Барателот не е должен да ги наведе и образложи причините за барањето, но треба да наведе дека станува збор за барање за слободен пристап до информација од јавен карактер)

БАРАЊЕ ЗА ИЗВОД ОД ДУП

Барам од насловот да ми се издади извод од урбанистички план за КП бр._________________________________________ КO__________________________(ул._____________________бр.______).

Изводот ми е потребен за регулирање на имотно правните односи на наведената катастарска парцела и за добивање на потребната документација за градба на објект.

Комунална такса за истакнување на фирма, односно назив на деловна просторија

Главното задолжување го правиме врз основа на податоци од Централен Регистар, а доколку некој сам се пријави за задолжување тогаш е со Барање кој сам го поднесува.

Административна такса Износ: 50 денари Сметка: 100000000063095 Уплатна сметка: 840 132 03182 Приходна шифра: 722315 00 Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Кавадарци Банка на примач: НБРМ Цел: Решение за комунална такса

Комунална такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност

Во прилог на барањето доставувам:

1. Извод од соодветен регистар каде што е регистриран барателот (не постар од 6 месеци);

2. Потврда за исполнување на минимално - технички услови за вршење дејност – комерцијалноугостителска, за улично продавање, за подолг временски период;

3. Елаборат/проект *** за поставување на урбана опрема во четири примерока и на ЦД, со следната содржина:

- назив и седиште на заинтересираниот субјект;
- регистрација на дејност, лиценца и овластување од одговорна проектантска куќа и одговорниот проектант;
- технички опис и приказ на урбаната опрема/фотографии и сл.;
- извод од ДУП за предметниот локалитет или микро-локациски услови во размер 1:1000;
- детални цртежи со опис на постојната состојба и околниот простор со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура (ситуација 1:500 или 1:200);
- детални цртежи со опис на новата состојба и околниот простор со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура (ситуација 1:500 или 1:200, основи 1:200 или 1:100, пресеци 1:100 или 1:50 и детали 1:50 или 1:25) дополнително доставуваат заинтересираните субјекти за поставување на комунална урбана опрема и рекламно-информативна урбана опрема.

4. За поставување монтажно-демонтажни челични конструкции во функција на манифестации, како што се:

- бини, сцени о придружни содржини;
- слободно стоечки натстрешници и сл.;
- монтажно демонтажни етажни паркинзи;

5. Покрај наведената документација од алинеа 3, потребно е да се достави и ревидиран основен проект со предвидените фази. 6. Уплатница од 1.000,00 денари на ПП50 образец

Комунални такси за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места

Правни лица и физички лица – граѓани и вршители на дејност

Цена според законска тарифа за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места се плаќа такса и тоа:

– до седум дена 800 ден.
– до 30 дена 1.300 ден.
– до една година 1.600 ден.

Комунална такса за користење на плоштади и друг простор во градовите и другите населени места, со цел изложување на предмети, приредување изложби и забавни приредби за вршење на дејност

1.Барање до Општина Кавадарци, Одделение за финансиски пршања-готов образец во ОЦУ – кој граѓанинот/клиент го пополнува

2. Уплатница

Административна такса Износ: 300 денари

БАРАЊЕ ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

ИЗЈАВА,
Со оваа изјава, поднесувам барање за дозвола/ревидирана дозвола, во согласност со одредбите од Законот за животна средина (Службен весник бр. 53/05) и прописите донесени за таа цел.

Потврдувам дека информациите наведени во оваа апликација се вистинити, точни и целосни.

Немам никакви коментари за одредбите на Министерството за животна средина и просторно планирање или за локалните власти за копирање на документот или негови делови за потребите на друго лице.

Комунална такса за привремен престој

Туристичката такса се наплатува од страна на давателот на угостителските услуги со пополнување на уплатница со цел на дознака Туристичка такса за привремен престој и сумата која ќе биде уплатена кон страна на општина Кавадарци од страна на физичкото лице кое давател на угостителските услуги

Административна такса се наплатува за поднесување на барање за категоризација на угостителски објекти во вредност од 1000 денари плус 50 денари. По извршената категоризација од страна на комисијата за категоризација и добиеното решение за категоризација, физичкото лице поднесува уште едно барање за упис во регистерот на категоризирани угостителски објекти од мал обем во вредност од 600 дена плус 50 денари. дополнително барање од 250 денари плус 50 денари.

Издавање дозвола за времено прекумерно користење на општински пат и улици

Сообраќајна дозвола за возилото, тековна состојба на правното лице

Административна такса 600 + 50 денари за поединечно возило на уплатна сметка: 84013203182
приходна шифра и
програма: 72231500

Административна такса за поставување на урбана опрема

Заверен елаборат

Административна такса во износ од 1000 + 50 TM на уплатна сметка: 84013203182 приходна шифра и програма: 72231500

Барањето се поднесува до сектор за комунално уредување, урбанизам, сообраќај и заштита на животна срдина во граѓански центар за услуги

Барање за издавање на куќен број

Копија од имотен лист

Административна такса во износ од 50 денари на уплатна сметка: 84013203182 приходна шифра и програма: 72231500

Барањето се поднесува во граѓански центар за услуги или во архива на општина Кавадарци

Барање за издавање уверение за карактер на земјиштето

Копија од имотен лист

Административна такса во износ од 50 денари на уплатна сметка: 84013203182 приходна шифра и програма: 72231500

Барањето се поднесува во граѓански центар за услуги или во архива на општина Кавадарци

Барање за издавање извод од детален урбанистички план

Копија од извод од катастарски план

Административна такса во износ од 550 денари на уплатна сметка: 84013203182 приходна шифра и програма: 72231500 за објекти до 500 м² и административна такса во износ од 750 денари за објекти над 500 м²

Барањето се поднесува во граѓански центар за услуги или во архива на општина

Издавање на извод од генерален урбанистички план

Копија од извод од катастарски план

Административна такса во износ од 750 денари на уплатна сметка: 84013203182 приходна шифра и програма: 72231500

Барањето се поднесува во граѓански центар за услуги или во архива на општина

Барање за одобрување на елаборат за заштита на животната средина

Проектна документација

Административна такса во износ од 600 денари на уплатна сметка: 84013203182 приходна шифра и програма: 72231500

Барањето се поднесува во граѓански центар за услуги или во архива на општина

Барање за одобрение за запирање и паркирање на возила за доставување на стока на подрачје на Општина Кавадарци

Копија од сообраќајна дозвола за возилото за кое е поднесено барањето, копија од договор за соработка со правниот субјект на кој ја доставува стоката

Административна такса во износ од 250+50 денари на уплатна сметка: 84013203182 приходна шифра и програма: 72231500

Општински центар за услуги (ОЦУ)

Барање за финансиска поддршка за новороденче

- Копија од извод на родените на новороденчето,

- Копија од лична карта на родителите на новороденчето,

- Копија од трансакциона сметка на мајката

Општински центар за услуги (ОЦУ)

Издавање на решение за сечење (корнење-кастрење) на дрва, грмушки и жива ограда

Графички приказ на локацијата за растителниот вид, основ за утврдување на неопходноста за сечење/кастрење.

Административна такса во износ од 250+50 денари на уплатна сметка: 84013203182 приходна шифра и програма: 72231500

Прием на барањето: Општински центар за услуги (ОЦУ)

Барање за финансиска поддршка за лекување/егзистенција

Лекување: копии од документи од лекување (извештај од специјалист, отпусно писмо) не постари од 6 месеци и копија од трансакциона сметка и копија од лична карта за егзистенција: документ од Агенција за вработување дека не е во работен однос и решение од Центарот за социјални работи дека е примател на постојана парична помош, копија од лична карта и копија од трансакциона сметка.

Прием на барањето: Општински центар за услуги (ОЦУ)

Пријави до овластени инспекциски надзори (градежен, комунален, животна средина, домување, просветен, сообраќај и патишта)

Административна такса во износ од 50 денари на уплатна сметка: 84013203182 приходна шифра и програма: 72231500

Прием на барањето: Општински центар за услуги (ОЦУ)

Барање за одобрување на финансиски средства за спортски клубови и здруженија

Барање и предлог-програма на здруженијата и спортските клубови

Прием на барањето: Општински центар за услуги или архива (лично или по пошта)

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
Избери јазик»
Scroll to Top