ОПШТИНА КРУШЕВО

Посредување при остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

- Барање за пристап до информации од јавен карактер (Образец ПП);

- Увид во бараната информација е бесплатен;

(Одлука за утврдување на надомест за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на инфорамции - Службен весник бр.19-6310/1 од 24 .12.2006 година)

НАДОМЕСТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ВО НОЌЕН БАР, КАБАРЕ, ДИСКОКЛУБ И ДИСКОКЛУБ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

За добивање на лиценцата угостителот е должен да поднесе барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок до Министерството за економија за давање услуги:

кабаре – во денарска противвредност од 2.500 до 5.000 ЕВРА;

ноќен бар – во денарска противвредност од 5.000 до 7.000 ЕВРА и дискоклуб и дискоклуб на отворен простор

– во денарска противвредност од 7.000 до 10.000 ЕВРА.

За добивање на лиценцата угостителот е должен да поднесе барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок до Министерството за економија.

Надоместокот за лиценца се наплатува од угостителот-подносител на барање, при што 50% се уплатува на сметка на општината, а 50% се уплатува во Буџетот на Република Северна Македонија во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата.

НАДОМЕСТ ОД СОПСТВЕНИЦИ НА МОТОРНИ И ЗАПРЕЖНИ ВОЗИЛА

ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА

СПРЕМА ЗАФАТНИНАТА НА МОТОРОТ

Таксата ја наплатува од сопствениците на возила органот надлежен за регистрација на возила и месечно ја уплатува на општината.

Издавање на решение за користење на музика во јавни локали

-Барање до општина Крушево

Административна такса (за барање и решение)

Издавање на решение за користење на плоштади и друг простор во градовите, и други населени места со цел за изложување на предмети, приредување изложби и забавни приредби за вршење на дејност

-Барање до општина Крушево

Административна такса (за барање и решение)

Издавање на уверение за платени даноци и такси

- Барање до општина Крушево

- Лична карта (на увид)

- Административна такса (за барање и решение)

Издавање на решение за комунална такса (фирмарина)

-Барање до општина Крушево

- Решение за регистрирање на фирма или друг деловен субјект издадено од Централен регистар

50 ден- Административна такса (за барање и решение)

Издавање на решение за данок на имот

- Даночна пријава-(образец ДИ)

- Имотен лист(фотокопија, и оригинал на увид)

- Договор за купопродажба (оригинал)

- Договор за подарок (оригинал)

- Лична карта (на увид)

50 ден- Административна такса (за барање и решение)

Издавање на решение за наследство и подарок

- Даночна пријава-(образец ДИ-НП)

- Имотен лист(фотокопија,и оригинал на увид)

- Договор за подарок, Решение од овластен суд, Решение од нотар(оригинал)

- Извод од матична книга на родени,на примателот на поклонот

- Лична карта (на увид)

300 ден- Административна такса (за пријава и решение)

200 ден – Други локални такси на сметка (трошоци во постапката)

Издавање на решение за утврден данок на промет на недвижност

- Даночна пријава- (образец ДИ-ПН)

- Имотен лист (фотокопија,и оригинал на увид)

- Договор за купопродажба (оригинал)

- Лична карта (на увид)

300 ден- Административна такса (за пријава и решение)

200 ден – Други локални такси на сметка (трошоци во постапката)

Издавање на решение за користење на простор пред деловен простор за вршење на дејност

Барање до општина Крушево

Административна такса (за барање и решение)

Проценка на полска штета

Барање до општина Крушево

1.300 ден- трошоци на Комисијата за проценка на полска штета

Утврдување на вредноста на земјоделското земјиште за размена

Барање до општина Крушево

- Имотен лист

- Скица на парцелата

-1200 денари - трошоци на Комисијата за утврдување на пазарната цена на земјоделското земјиште

Утврдување на пазарната цена на земјоделското земјиште за трајна пренамена

Барање до општина Крушево

- Имотен лист

- Скица на парцелата

-1200 денари - трошоци на Комисијата за утврдување на пазарната цена на земјоделското земјиште

Барање за одобрение за користење на простор пред продажен објект

Кон барањето приложувам:

1. Фото копија од регистрацијата

2. Фото копија на доказ за сопственост/ закуп на продавницата/деловниот објект

3. Фото копија на решенијата за исполнување на минимално техничките услови за продавницата/ деловниот објект или Пријава

Барање за употреба на семејни куќи

ДО ОПШТИНА КРУШЕВО

Кон барањето доставувам:

- Одобрание за градба(адаптација и пренамена)

- Основен проект

- Извештај за технички прием од надзорниот инженер

Барање за употреба на објект

ДО ОПШТИНА КРУШЕВО

Кон барањето доставувам :

- Одобрание за градба (адаптација и пренамена)

- Основен проект

- Проект на изведена состојба

- Доказ за исплата на извршените работи на учесниците во изградбата

- Писмен извештај од изведувачот за изведените работи и

- Завршен извештај на надзорниот инженер за извршениот надзор.

Барање потврда за адреса на куќа

ДО ОПШТИНА КРУШЕВО

Барам горенаведениот наслов за потребите на мојата фамилија, да ми издаде ПОТВРДА за адреса на куќата каде што живеам (улица и број).

Предходна адреса:_______________________

Административните такси во износ од __________ денари се прилепени и поништени на образецот.

Барање Извод од Урбанистички план

ДО ОПШТИНА КРУШЕВО

Барам од насловот да ми издаде ИЗВОД од Урбанистички план (Генерален план, Урбанистичка документација или Општ акт) за КПбр.______________ во КО______________________________.

Изводот ми е потребен за :

1 Регулирање имотно правни односи

2 Добивање решение за локацијски услови за градба

ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

ИЗВОД ОД УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

1- барање за добивање Извод (градежна такса 550,00ден.)

Изводот е основа за изработување идеен проект за градба или урбанистички проект потребен за издавање Решение за локациски услови.

РЕШЕНИЕ ЗА ЛОКАЦИСКИ УСЛОВИ

1- барање за добивање Решение за локациски услови градежна такса

□ 800,00ден. за станбени објекти

□ 1.200,00ден. за стопански и административно деловни објекти до 500м2

□ 1.700,00ден. за инфраструктурни објекти од локално значење

2 - доказ за сопственост на градежното земјиште/имотен лист/

3 - елаборат за нумерички податоци за недвижноста

4 - идеен проект или Урбанистички проект (два примероци)

ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА

1- барање за Одобрение за градење градежна такса

□ 1.200,00денари за станбени објекти

□ 1.500,00денари за стопански и административно деловни објекти до 500м2

□ 2.000,00денари за инфраструктурни објекти од локално значење

2- решение за локациски услови со идеен проект

3- комплет основен проект во четири примероци со извршена ревизија.

4- акт за регулациона, градежна и нивелациона линија,

5- признаница за платен надомест за изработка на просторни и урбанистички планови,

6- потврда за платен надоместок за комунално уредување;

Пренамена – барање

ДО ОПШТИНА КРУШЕВО

Кон барањето за добивање на Одобрение за адаптација со пренамена поднесувам:

- Доказ за сопственост на објектот односно станот кој се пренаменува

- Согласност на мнозинството сопственици

- Основен проект за предвидената пренамена на дел од објектот во четири примероци

Барање за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем

ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИЛОЖЕНИ КОН БАРАЊЕТО

- лична карта на увид

- доказ за сопственост на објектот (имотен лист, договор за закуп или друг акт)

- доказ за платена административна такса од 50 денари

Барање за утврдување на минимално-технички услови и категоризација за вршење на угостителска дејност од мал обем

Прилог :

- доказ за сопственост или доказ за право на користење на објектот во кој се врши угостителска дејност

- пријава до Државниот пазарен инспекторат за исполнети минимални технички услови

- доказ за платена административна такса во износ од 50 ден

Барање за престанок на важење на Решението за упис во Регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем

Кон барањето приложувам:

- Решение за упис во Регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем во оригинал;

- доказ за платена административна такса од 50 денари

Барање за заверка на нормативите за храна и пијалоци

Прилог кон барањето:

- Решение за исполнување на минимално-техничките услови за работа

- Податоци за нормативот-пополнет од угостителот

Пријава за исполнување на мининимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност и започнување со работа

Пријавувам дека деловниот простор ги исполнува минимално - техничките услови за вршење на наведената угостителска дејност согласно Правилникот за минимално – технички услови за вршење на угостителската дејност ( ,,Сл. Весник на РМ бр. 16/06) и Ве известувам дека истиот ќе започне со работа од--------------------------------.

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
Избери јазик»
Scroll to Top