ОПШТИНА ДЕБРЦА

Посредување при остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

- Барање за пристап до информации од јавен карактер (Образец ПП);

(Одлука за утврдување на надомест за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на инфорамции - Службен весник бр.19-6310/1 од 24 .12.2006 година)

Барање за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено на подрачјето на Општина Дебрца

Врз основа на годишна програма за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Дебрца, врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа(„Службен весник на РМ“, бр 5/02 ) и член 21 став 1 точка 40 од Статутот на општина Дебрца (службен гласник на општина Дебрца“, бр.5/2005), го поднесувам ова Барање за доделување еднократна парична помош во износ од 6.000,00 денари за вработени родители односно 10.000 за невработени двајца брачни другари, за новороденче родено на подрачјето на Општина Дебрца.

Во прилог на Барањето ја доставувам следнава документација:

1. Оригинал извод од матичната книга на венчаните (за родителите на новороденчето) на увид;

2. Оригинал извод од матичната книга на родените (за новороденчето) на увид;

3. Важечки лични карти од двајцата родители, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Дебрца на увид;

4. Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош на увид

5.Потврда од Агенцијата за вработување, за невработени членови во семејството.

Барање за еднократна парична помош за склучување граѓански брак

Го молам горенаведниот наслов да ми додели еднократна парична помош за склучување на граѓански брак согласно Годишната програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита („Службен гласник на општина Дебрца“ бр. 13/17 и Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување еднократна парична помош од Буџетот на општина Дебрца („Службен гласник на општина Дебрца“ бр. 02/18).

Во прилог Ви ја доставувам следната документација:

- копија од извод од матичната книга на венчаните;

- потврда за невработеност на еден или двајцата сопружници, издадена од Агенцијата за вработување;

- потврда/уверение за прво склучен брак, издадено од Управата за водење на матичните книги, односно надлежната месна канцеларија;

- трансакциона сметка.

ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

ЗА ДА ДОБИТЕ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ НАЈПРВИН ТРЕБА ДА ГИ ИЗВАДИТЕ СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ:

ИЗВОД ОД УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

ПО ПОТРЕБА УСВОЕН АРХИТЕКТОНСКО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ

I. ИЗВОД ОД УРБАНИСИТЧКО – ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Пополнето Барање за добивање Извод со уплатена градежна такса; * Изводот е основа за изработување основен проект за градба;

II. ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА

За да добиете ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА доставете ги следните документи:

1. Пополнето Барање за Одобрение за градба;
2. Доставете правно дело за уредување на меѓусебните права и обврски склучен помеѓу инвеститорите за изградба на градбата, (доколку станува збор за повеќе инвеститори меѓу кои има и физички лица заверено кај Нотар).

3. Архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект,

4. Основен проект во три примерока,

5. Писмен извештај и согласност за нострификација ( доколку проектот е изработен во странство,

6. Ревизија на основен проект во три примерока ( но не и за градби наменети за индивидуално домување со бруто површина до 300 м2 ),

7. Доказ за право на градење (имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп, или право на службеност на градежно земјиште или договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште или договор за концесија на Владата на РМ со која државен орган, агенција или фонд основачи од Владата на РМ или единица на локална самоуправа се стекнала со право на градење или договор со заедницата на сопственици на делови на објектот или писмена согласност од мнозинството на сопственици на посебните делови од половина од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост или имотен лист со запишано право на сопственост на РМ или конечно рашение за експропријација доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби ),

8. Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште,

9. Решение за трајна измена на режим на сообраќај од надлежен орган доколку се бара одобрение за придружно услужни објекти на општински патишта,

10. Овластување за изградба на градби за производство на електрична и топлинска енергија од надлежен орган доколку се бара одобрение за градби за производство на електрична енергија,

11. Нотификација за пренос на електронски податоци издадена од Агенцијата за електронски комуникации доколку се бара одобрение за електронски и комуникациски мрежи и средства,

12. Решение со кое се одобрува основање на депонија издадено од надлежен орган доколку се бара одобрение за депонии за интерен отпад,

13. Доказ за извршена уплата на административна такса за издавање на одобрение за градење во износ од 3050ден. согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за административни такси.

Данок на имот

Опис и тек на постапката во чекори:

Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок

Изготвените решенија за данок на имот се подигаат

На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;

Данок на имот се плаќа на недвижен имот, освен за оној имот кој е ослободен од плаќање на данок според ЗДИ (Сл. весник на РМ 61/04);

Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценител на општина Дебрца, според Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;

Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на имот;

Решението за утврден данок на имот му се доставува на даночниот обврзник – лично или по пат на пошта.

Потребни документи:

- Даночна пријава за утврдување на данок на имот (законски пропишана форма);

- Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, договор за купопродажба и судска одлука);

- Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.

Данок на наследство и подарок

Потребни документи:

Даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок (законски пропишана форма);

Договор за подарок (број на примероци наведени во договор или нотарски акт);

Наследно (судско) решение во 3 примероци (1 оригинал и 2 фотокопии заверени кај нотар);

Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, поседовен лист или претходно заверен доказ за сопственост);

Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.

Данок на промет на недвижности

Потребни документи:

Даночна пријава за утврдување на данок на промет на недвижности (законски пропишана форма);

Договори за купопродажба( број на примероци наведени во договор или нотарски акт), одлуки на Суд и друг акт на пренесување на сопственост;

Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист);

Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.

Комунална такса за фирма

Опис и тек на постапката во чекори:

Барање за утврдувањe/промена на решение за комунална такса за фирма (линк).

Уплата на административна такса:

на лице место преку пос терминал или со приложување оригинален заверен образец ПП 50 (линк)

Потребни документи:

- Барање за утврдување и наплата на данок на комунална такса за фирма (линк);

- Уплата на административна такса:

на лице место преку пос терминал или со приложување оригинален заверен образец ПП 50 (линк)

- Тековна состојба на правното лице издадена од ЦР РМ

- Решение за извршена промена издадено од ЦР РМ

- Полномошно

Барање за одобрение за користење на простор пред продажен објект

Кон барањето приложувам:

1. Фото копија од регистрацијата

2. Фото копија на доказ за сопственост/ закуп на продавницата/деловниот објект

3. Фото копија на решенијата за исполнување на минимално техничките услови за продавницата/ деловниот објект или Пријава

Барање за употреба на семејни куќи

ДО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Кон барањето доставувам :

- Одобрание за градба(адаптација и пренамена)

- Основен проект

- Извештај за технички прием од надзорниот инженер

Барање за употреба на објект

ДО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Кон барањето доставувам:

- Одобрание за градба(адаптација и пренамена)

- Основен проект

- Проект на изведена состојба

- Доказ за исплата на извршените работи на учесниците во изградбата

- Писмен извештај од изведувачот за изведените работи и

- Завршен извештај на надзорниот инженер за извршениот надзор.

Барање потврда за адреса на куќа

ДО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Барам горенаведениот наслов за потребите на мојата фамилија, да ми издаде ПОТВРДА за адреса на куќата каде што живеам (улица и број).

Барање Извод од Урбанистички план

ДО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Барам од насловот да ми издаде ИЗВОД од Урбанистички план (Генерален план, Урбанистичка документација или Општ акт) за КПбр.______________ во КО______________________________.

Изводот ми е потребен за :

1 Регулирање имотно правни односи

2 Добивање решение за локациски услови за градба

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
Избери јазик»
Scroll to Top