ОПШТИНА БОГОВИЊЕ

Иницијатива за поведување на инспекциска постапка

ДО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Издавање на извод од ДУП

• Барање за издавање на Извод од детален урбанистички план линк до образец

• Фотокопија од имотен лист не постар од 6 (шест) месеци

• Фотокопија од катастарски план

• Доказ за платена административна такса

ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

• Извод од ДУП;

• Архитектонско-урбанистички проект заверен од надлежен орган (доколку со урбанистичкиот план е предвидена изработка на овој проект);

• Основен проект во PDF/DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач; или Идеен проект во PDF/DWG потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач, доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење;

• Ревизија на основен проект во PDF формат (освен за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 ), потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач; или Писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата;

• Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежно земјиште;

• Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата (од УКИМ – ИЗИИС);

• Потврда од трговец поединец или од правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола (со која потврдува дека минималните барања за енергетска ефикасност кои се содржани во основниот проект се во согласност со минималните барања за енергетска ефикасност утврдени во Правилникот за енергетски карактеристики на зградите за кои според Закон е предвидено тоа).

• Доказ за право на градење:

 Имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште

 Договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште

 Договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство

 Одлука на Владата на Република Македонија со која е стекнато правото на градење

 Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост

 Одлука на Советот на општината доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење

 Изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела или

 Имотен лист со запишано право на сопственост на Република Македонија, или конечно Решение за експропријација, или Имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште

Доказ за платена административна такса

ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИНВЕСТИТОР

• Доказ за статус на инвеститор (потврдени правни работи, конечни акти на државни органи или правосилно решение од стечаен судија со кои лицето се стекнало со правото на градење).

• Изјава согласно член член 70 став 1 од Законот за градење заверена од овластен нотар за:

 превземање на правото за градење и правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето (управителот на градбата, правните лица за вршење на работите на проектирање, ревизија, надзор и изведувачот),

 како и превземање на правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал како резултат на склучени договори за хипотека и други правни дела за промет на градбата или делови од градбата прибележани во листот за предбележување на градба

• Одобрение за градење

• Доказ за платена административна такса

ОДОБРЕНИЕ ЗА ИЗМЕНИ ВО ТЕКОТ НА ГРАДЕЊЕТО

• Дополнување на основниот проект во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач

• Извештај за ревизија на дополнувањето на основниот проект во PDF потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач

 За дополнувањето на проектот, согласност дава проектантот на основниот проект.

• Доказ за платена административна такса

ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ

• Писмено Барање за издавање на Одобрение за подготвителни работи

• Проект за подготвителни работи во PDF/DWG формат потпишани со валидни дигитални сертификати издадени од овластен издавач

• Согласности, мислења и докази за регулирани имотно-правни односи за земјиштето на кое ќе бидат поставени градбите за подготвителни работи.

• Доказ за платена административна такса

ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ПОСЕБЕН ДЕЛ ОД ОБЈЕКТ, СТАН ИЛИ ДЕЛ ОД СТАН

• Извод од урбанистички план или урбанистичко-планска документација со кој се потврдува дека објектот предмет на пренамена е предвиден со планската документација;

• Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, кој е предмет на пренамена;

• Основен проект во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач;

• Извештај за ревизија на основниот проект во PDF/DWG формат потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач;

• Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за објект во етажна сопственост;

• Доказ за платена административна такса

ОДОБРЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ИЛИ НЕГОВ ДЕЛ КОЈ НЕ Е ОШТЕТЕН

• Доказ за сопственост на објектот - Имотен лист;

• Проект за отстранување на објект со извршена ревизија.

Одобрение за поставување на урбана опрема

Одобрението за поставување на урбана опрема на јавна површина се издава во рок од 3 (три) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за поставување на урбана опрема на јавна површина.

БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПОД ЗАКУП

• потполнето барање/образец

• Договор за засновање на правото на долготраен закуп;

• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп;

• имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште;

• доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето;

• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и

• Доказ за платена административна такса

Барање за правосилна заверка на издадено одобрение за градење

Барање до Одделение за урбанизам

Барање за потврдување на помошен објект, оранжерија или објект за примарна обработка

До одделение за правни и општи работи

Барање за издавање потврда за катастарска парцела ( опфат на урбанистички план)

Барање до Одделение за урбанизам

Пријава за настаната штета до Комисијата за утврдување на процена на штeта

До одделение за правни и општи работи

Известување за завршен објект

Барање до Одделение за урбанизам

ДОЗВОЛА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА НАТПИСИ И РЕКЛАМНИ ТАБЛИ ВО ЗАШТИТНИОТ ПОЈАС НА ОПШТИНСКИТЕ ПАТИШТА ВО НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Барање до Одделение за комунални дејности

ОДОБРЕНИЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРИСТАПЕН ПАТ ДО ОПШТИНСКИ ПАТ

Барање до Одделение за комунални дејности

Барање за издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Барање до Одделение за животна средина

Барање за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина

Барање до Одделение за животна средина

Барање за издавање на Потврда за усогласеност со Стратегија за ЛЕР на Општина Боговиње

Барање до ЛЕР на Општина Боговиње

Барање за утврдување на минимално-технички услови и категоризација за вршење на угостителска дејност од мал обем

Барање до ЛЕР наОпштина Боговиње

Решение за данок на имот

Барање до Одделение за финансии

Решение за данок на наследство и подарок

Барање до Одделение за финансии

Решение за данок на промет на недвижности

Барање до Одделение за финансии

Решение за враќање на повеќе или погрешно уплатен долг

Барање до Одделение за финансии

Решение за комунална такса за назив на фирма

Барање до Одделение за финансии

Комунална такса за користење на музика, истакнување на реклами, објави

Барање до Одделение за финансии

Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер

Барање до Одделение за правни и општи работи

Барање за издавање потврда за точна адреса, промена на ул. И број

Барање до Одделение за правни и општи работи

Барање за остварување на право на еднократна парична помош

Барање до Одделение за јавни дејности

Барање за промена на правосилно Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект

Барање до Одделение за правни и општи работи

ДОЗВОЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНО ПРОМЕТНИ ПОВРШИНИ

Барање до Одделение за комунални дејности

Дозвола за поставување телефонски, телеграфски и други кабловски водови.

Барање до Одделение за урбанизам

СВЕДОШТВА НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“ — Елена П., Штип
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“ — Горан Т., Скопје
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“ — Драган М., Охрид
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“ — Ивана С., Битола
Избери јазик»
Scroll to Top