• Архитектонско-урбанистички проект заверен од надлежен орган (доколку со урбанистичкиот план е предвидена изработка на овој проект);
• Основен проект во PDF/DWG формат, во два примерока, потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач; или Идеен проект во PDF/DWG потпишани со валидни дигитални сертификати издаден од овластен издавач, доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење.
• Ревизија на основен проект во PDF формат (освен за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 ), потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач; или Писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата,
• Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежно земјиште;
• Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата (од УКИМ – ИЗИИС);
• Потврда од трговец поединец или од правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола (со која потврдува дека минималните барања за енергетска ефикасност кои се содржани во основниот проект се во согласност со минималните барања за енергетска ефикасност утврдени во Правилникот за енергетски карактеристики на зградите за кои според Закон е предвидено тоа).
• Доказ за право на градење:
Имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
Договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште
Договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство
Одлука на Владата на Република Македонија со која е стекнато правото на градење
Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост
Одлука на Советот на општината доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење
Изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела или
Имотен лист со запишано право на сопственост на Република Македонија, или конечно Решение за експропријација, или Имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
• Доказ за статус на инвеститор (потврдени правни работи, конечни акти на државни органи или правосилно решение од стечаен судија со кои лицето се стекнало со правото на градење).
• Изјава согласно член член 70 став 1 од Законот за градење заверена од овластен нотар за
превземање на правото за градење и правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето (управителот на градбата, правните лица за вршење на работите на проектирање, ревизија, надзор и изведувачот),
како и превземање на правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал како резултат на склучени договори за хипотека и други правни дела за промет на градбата или делови од градбата прибележани во листот за предбележување на градба
ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ПОСЕБЕН ДЕЛ ОД ОБЈЕКТ, СТАН ИЛИ ДЕЛ ОД СТАН
• Извод од урбанистички план или урбанистичко-планска документација со кој се потврдува дека објектот предмет на пренамена е предвиден со планската документација;
• Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, кој е предмет на пренамена;
• Основен проект во PDF/DWG формат потпишан со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач;
• Извештај за ревизија на основниот проект во PDF/DWG формат потпишана со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач;
• Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за објект во етажна сопственост;
Одобрението за поставување на урбана опрема на јавна површина се издава во рок од 3 (три) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за поставување на урбана опрема на јавна површина.
БАРАЊЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПОД ЗАКУП
• потполнето барање/образец
• Договор за засновање на правото на долготраен закуп;
• имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп;
• имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште;
• доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето;
• доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
„Наместо да губам часови чекајќи по шалтери, со платформата СО ЕДЕН КЛИК ДО ДОКУМЕНТ за само неколку минути ја поднесов мојата апликација. Сè беше едноставно и јасно.“
— Ивана С., Битола
„Го препорачувам на сите кои сакаат брза, безбедна и професионална услуга. Конечно решение за македонската администрација!“
— Драган М., Охрид
„Ми требаше итно уверение за работа. Со овој систем го добив истиот ден, без никакви компликации. Вистинска иновација!“
— Горан Т., Скопје
„Најмногу ми се допадна тоа што целата услуга е транспарентна и сигурна. Документите што ги добив беа официјални и веднаш употребливи.“
— Елена П., Штип